O
Out Boy
Гостин
Да.
Дното е допрено.
Искомплексирани идиоти во костуми што себе си се сметаат за фаци и влијателни, кои преку ден глумат посветени сопрузи и родители, кога ќе падне мракот, заради моќта што ја поседуваат, си даваат за право дека можат да сквернават тело на некој кој целиот свој живот, без ниту една дамка од морален аспект, ја градел својата кариера, давајќи и душа и разум, и срце, за да постигне нешто во својот живот.
Јас сум нерелигиозен.
Сепак заради таквите ѓубриња во костуми, ме држи вербата, дека ако постои бог, кој е праведен, ќе му суди секому според делата.
И не. Не ми е криво што постојат луѓе кои си ја продаваат душата, своето јас, својот морал, своите професионални деонтолошки вредности. Тие и така одамна душата ја трампале со злото. Криво ми е што јавноста, полека но сигурно се претвора во аморфна, скоро мртва маса од месо и коски, која не реагира на злото околу себе. А кога народот ќе го изгуби гласот, кога поединецот ќе се претопи во масата, тука е крајот на хуманизмот и цивилизацијата.
“Зошто да не легнам еднаш-два пати со шефот, ако тоа ми обезбеди унапредување во кариерата, или пак е предуслов за вработување“?
На овој беден аргумент се вадат тие што ја фрлиле сета своја гордост, сето свое ЈАС, сета своја душа, под скапите чевли на костумосаните ѓубриња кои мислат дека можат да поседуваат се’.
Како прво, би ги замолил админите, темава да не ја преместуваат во подфорумот за љубов, оти е толку валкана, што мислев да ја отворам во Канта, ама ете, не можело.
Второ, Ве молам за искрен став по темава.
Сакам да знам колку длабоко сме потонале со душите...