Сега сме во сојуз со САД, Турција, Индија, Јапонија, Израел. На Балканот треба да поработиме на оската Романија-Македонија-Турција. Истовремено треба и да поработиме на односите со Црна Гора (посебно со црквата) и со Хрватска.
Ако сака Србија и со неа. Но (засега) Србија е врзана со Грција, сходно секој нека си го гледа интересот и нема лутиш.
Ако се запрашате зошто да се приближиме на Романија, одговорот е: без разлика на Букурешкиот договор и улогата на Романија во минатото, вистинските непријатели на Романија се Бугарите и Грците, и тие тоа ќе останат без разлика на ЕУ, НАТО и сите други формални членства.
Запрашајте се, чии други непријатели се овие две нации?
Турција е битна брате Славјански бидејќи нас не признава без задршки (за разлика од Бугарија на пример), не помага во секој поглед, а истовремено ни се поклопуваат интересите. Тоа не е малку туку во нашиот случај е премногу.
Уште нешто што изгледа секогаш мора да се спомнува: реалната сила. Турција е сила со која нема играње, таа може да совлада една слинава Бугарија за 3 до 5 дена максимум, има 30 пати повеќе воена техника и 20 пати побројна армија, со најстрога армиска дисциплина на светот.
Секоја чест за Русија, ама таа има сосема друга сметка која над 100 години не се поклопува со нашата. Ако се поклопи - пеки, прв ќе признам и сам ќе се адаптирам на ситуацијата. Но сега не е таква работата, а јас не очекувам да биде ни во иднина. Добри односи со Русија, но знаеме досега, а и сега, преку кого играле и на чија сметка.