Toecutter
Biafran Baby
Aммм викаш држење до своите ставови.А не можеш да бидеш пријатен,реален и скромен и да држиш до своите ставови во исто време??
Не мислам дека е така.
Понекогаш е страв а понекогаш е и навика.Некои луѓе едноставно не знаат за поинаку, задоени се со такво однесување и такво мислење.
Воспитувањето и средината влијаат многу во градењето на тој став.И кога викам став мислам на арогантно однесување постојано а не повремени испади или при запознавање на нова личност.
Апсолутно...има многу примери на врвни луѓе кои не се или не биле арогантни.ганди ми текнува како јасен пример.
Не мора и страв. Може да биде и начин за да се пробиеш во општеството како влијателен човек зашто најчесто тие што немаат самодоверба кога ке се сретна со арогантен човек просто се покоруваат на него зашто мислат дека е нешто повеќе од нив. Просто арогантноста знае да пали како маска за висока интелегенција и затоа и луѓето ја користат. Стравот може да е само споредна работа на тоа. Како страв од неуспех но сепак тоа е само попратно кон освојување на позиција во општеството.
Самодовербата и ароганцијата не се синоними...напротив...
Во основа е страв...ако ти си сигурен кој си и што си и што сакаш и си свој човек што потреба имаш од некаква си ароганција на пример?
Да и докажеш на некоја продавачка на пазар дека си позначаен од неа? Во тој случај потсвесно се плашиш дека си побезначаен од неа и ти се активира механизмот за демонтрација на егото...
(Sorry што те наведувам како пример,таков ми е начинот на пишување:smir


