- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
Утрово во Битола од Турција пристигна тажната вест, дека синоќа во Измир, во семејниот дом, на 83-годишна возраст, почина Ајри Демировски, творецот на најопеаната и најпозната битолска песна „Битола мој роден крај“.
Демировски пред две години беше прогласен за прв почесен граѓанин на Битола, а хроничарите го нарекоа најголем битолски гениј, кој со своето творештво во областа на новосоздадената изворна македонска народна музика, родниот град го направи познат во целиот свет.
„Како што кажуваше во своите стихови и во своите песни, секогаш и со срцето и со душата беше со Битола. Иако толку години беше далеку во Турција, секогаш живееше и дишеше со сите нас“, рече Владимир Талески, градоначалник на Битола.
За Ајри Демировски, продукциската куќа И-Ес-Ер од Истанбул, подолго време подготвуваше документарен филм, кој во финалната фаза се снима и во Битола, а екипата денеска беше затекната од тажната вест.
„Утрово дознавме за тажната вест и сега немаме зборови за нашата тага, зашто при снимањето на документарниот филм, целосно се внесовме во неговата убава приказна, но и потресна судбина“, рече Јасин Али Туркери, продуцент на ESR од Истанбул.
Ајри Демировски во Битола го учеше берберскиот занает, а со своите песни што за прв пат ги испеа на брановите на Радио Битола, стана познат во целиот свет.
На младост замина во Турција, но последниве години, иако со нарушено здравје, често доаѓаше во родниот град, срдечно пречекан од пријателите и другите сограѓани.