concrete
alte Esel
Токму овде е совршенството на власта.Наметна игра која ретко кој ја разбира.Секој ден некој да ти труби дека е добро,ќе помислиш дека е навистина добро или дека си луд што мислиш дека не е.Навистина совршена стратегија,симнувам капа.Најинтересниот момент е во економијата,тука позитивен исчекор напред немаме.Макар ги извадила и сите можни податоци и економски показатели,никој не сака да прочита.Стратегијата „префрли ја топката“ очигледно носи поени,народот со оваа поздравува секој усмен потег,а не гледа дека ништо во пракса не мрда.Но најмногу ме погодува моменталната ситуација,кога фискалната ја клевети монетарната за каматните стапки и условите (тешки и невозможни) за кредит.Сите економски експерти се сложни дека простор за олабавување на монетарната политика има,но и поставува прашање,дали фискалната дозволува олабавување?Одговорт е не!Неможе трета година експанзивна фискална да дозволи релаксирана монетарна.Тие политики мора да бидат синхронизирани.А што се случува кај нас?Бара владата намалување на каматни стапки,а од друга страна ги цица ликвидните средства од банките преку своите проклети записи.И крив им е Гошев,нормално дека им е крив кога 95% од населението не разбира што значи домашно задолжување со записи и како оди пренесување на ликвидноста од реален во државен сектор во услови на криза (како инструмент е совршен начин за покривање со пари).Затоа викам и ќе продолжам да викам дека ова е гол популизам на власта.А опозицијата нека не не повторува како папагал,кога беа бетер од ова популистиве,сега им текна кој е херој на економската политика во земјата.
Доволно е да се спомене колку се ефикасни во справувањето со кризата,со кредитната линија од светска банка.Нека дојдат тие кој не рангираа да видат како земените пари за стопанството лежат заглавени во фиоки од јуни месец.Што треба да помине кризата па да ги дадат и да се пофалат?Се е исто толку години,дури смачено ми е да ги слушам и да ги гледам,го утепаа народот,инспектори фрчат на сите страни казни се лепат за минимален пропуст така ќе собирале пари.Дури изјавија дека 10 милиони собрале од казни.Баш со Струмикс разговаравме дали ќе покријат дупка овие крвопијци од народот.Во духот на „чесноста“,најдебелиот крај го влече народот.Ете им ги записите од 9% камата,ете кој ја плаќа каматата за 17 000 евра патни трошоци.
Најболно од се е што рејтингот расте (да можев со инка да им пренесам дека не сме мрднати во економијата),а трета опција нема.Уште поболно е што критичката маса е прогласена за комуњарска,велепредавници,негативци,песимисти.
хе,хе ..овде има неколку млади умови кои ми ја враќаат онаа мала искричка надеж дека може би Господ Бог после 2000 и кусур години пак ќе прозбори МАКЕДОНСКИ....
........