- Член од
- 5 јуни 2007
- Мислења
- 890
- Поени од реакции
- 9
- Возраст
- 46
Politikata veke ja nema.. a ednostavno neznaev kade bi ja otvoril ovaa tema na ostanative oblasti.. ako smetate deka treba da se izbrise izbrisete ja.Na nekolkupati utvrdivme deka politikata ima seriozni implikacii vo nasava ekonomija a od druga strana politickiot menagjment vo sustina i osnova nema drasticni razliki so drugite menagjmenti mozebi tuka e najsoodvetno
.
Poentata mi bese deka ova e vtorpat vo mojov zivot sto citam kolumna i recisi od zbor do zbor potpolno se slozuvam i sto e najinteresno od istiot avtor!
Povelete:
Ова требаше да биде „жестока политичка есен“ нели? Така барем најавуваше опозицијата. Сцената се подготвуваше уште од претседателските и локалните избори, за кои беа свесни дека ќе ги изгубат. Недостигот од сериозна политичка понуда, како и верувањето во краткото паметење на луѓето, сето комбинирано со лоша кадровска политика, го дадоа изборниот резултат кој не беше тешко да се предвиди.
Но, тоа не е последниот лапсуз. Погрешната анализа за поразот нужно води и до погрешна политичка стратегија. По лажните анализи за изолација на државата (наводно како Србија во времето на Милошевиќ) по смешните предвидувања за девалвацијата на валутата, по отвореното посакување на меѓуетнички конфликт, на ред требаше да дојде „есенското сценарио“. Во суштина, повторно станува збор за кревање паника во стилот „леле луѓе отиде државата“...со таа разлика што политиканството овој пат би се камуфлирало со селектирани изјави на авторитети од меѓународната заедница. „Експертите“ на Сорос се покажаа како неупотребливо орудие со кое не може да се добие ниедна политичка битка. Не помогнаа ниту политички обоените дописнички од Брисел, поврзани истовремено и по роднинска линија. Трчаа јадните од прес на прес со цел да изнудат осуда од ЕУ-политичарите за што повеќе појави во Македонија. Индивидуално прераскажуваа изјави на политичките авторитети од ЕУ, па понекогаш и лажеа како и нивните политички истомисленици. Врвот на нивната Сизифова работа беше реакцијата на Оли Рен, кој директно им се обрати со зборовите „бидете малку оптимисти за сопствената земја“.
Есенското сценарио требаше да дојде како замена за целата оваа палета на големи промашувања. Погрешната анализа во СДСМ околу причините за високиот политички рејтинг на нивните опоненти, понатаму ги води во погрешно решение на проблемот кој го имаат веќе половина деценија. Свесни се дека без длабоки кадровски и идеолошки промени не може да очекуваат повеќе политички поени, па политичката борба ја водат пробувајќи да го намалат противничкиот рејтинг. Нормално, таквиот потег би подразбирал комплетно девалвирање на сите македонски успеси, како и се' поотворено посакување на негативни оценки за Македонија како држава.
За нивна голема несреќа, беа пресечени токму од меѓународниот фактор. Најнапред на 9 септември беше објавен извештајот на Светска Банка, според кој Македонија е најреформска земја во регионот, мерено од мај 2008 до јуни 2009.
По еден месец дојде и позитивниот извештај на ЕК во кој се препорачува почнување преговори за членство. Сево ова, заедно со визната либерализација покажа дека и есенското сценарио ќе остане ќор-фишек подготвен само за кревање врева (и по некој политички поен).
Ги гледам деновиве по нивните медиуми како очајнички се надеваат на грчка блокада на преговорите. Кутрите, како душа да ги боли што Караманлис ги изгуби изборите во Грција.
Последниве ден или два се обидуваат да направат конфузија околу поимите „демаркација“ и „размена на територии“. Паничните реакции се повторно во игра, и тоа овој пат во врска со обележувањето на границата со Косово. Сугестиите на многу домашни експерти (оние од научните катедри, а не НВО-гребаторите) јасно укажаа дека таквите реакции се непотребни. Демаркацијата е поздравена од сите релевантни меѓународни фактори, почнувајќи од САД и ЕУ, што не е случај и со идеите за размена на територии. Сетете се само на каква меѓународна осуда наиде мапата на МАНУ од 2001 со која се предлагаше размена на територија на Македонија со Косово и со Албанија. Ништо помалку жестоки не се ни реакциите за поделба на Косово и на Босна по која било основа и со каква било компензација. Не би одел понатаму во длабока расправа околу овој проблем, бидејки знам дека паниката ќе се смири на ист начин како и паниката во врска со девалвацијата.
Последната лага (исто проследена со голема медиумска паника), која повторена стопати стана македонска вистина, е дека влезот во НАТО е услов за зачленување во Европската Унија. Европската Унија и НАТО се сосема различни и одделни сојузи. И покрај спротивните убедувања од страна на политичките елити во Македонија, членството во една од овие организации воопшто не е услов за членување во другата. Па така: САД, Канада, Исланд, Норвешка, Турција се членки на НАТО, но не и на ЕУ.., додека пак Шведска, Финска, Австрија, Ирска, Малта, Кипар се членки на ЕУ, но не и на НАТО. Членувањето во ЕУ и во НАТО воопшто не е политички пакет. Ова треба посебно да се има на ум кога на опозиционите медиуми ќе видите расправи на тема „ЕУ интеграции“.
Не е прв пат Македонија да биде жртва на борба за политички поени по секоја цена. Она што во иднина би и' преостанало на јавноста е јасно распознавање на таквиот популизам и негова недвосмислена осуда.
Виктор Трифуновски

Паниката не е политичка борба
Свесни се во СДСМ дека без длабоки кадровски и идеолошки промени не може да очекуваат повеќе политички поени, па политичката борба ја водат пробувајќи да го намалат противничкиот рејтинг. Нормално, таквиот потег би подразбирал комплетно девалвирање на сите македонски успеси, како и се' поотворено посакување негативни оценки за Македонија како држава