Избори за нов студентски лидер

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Ок, денес т.е веќе вчера имаше студентски избори...

И? Што ако имаше?

80 посто не ни знаеја дека има студентски избори, кандидатите кои ќе треба да го претставуваат студентското тело ниту претставија некоја конкретна програма, ниту пак ги изложија своите залагања, имаше само по некој плакат и толку.

Што да се превземе во врска со тоа? Студентскиот “парламент“ одамна е само закржлавена инстуција од која ниеден студент не видел никаков аир, ниту можат да се пожалат, ниту да се обединат.

Тргам на страна политика, би ве замолила и вас исто да тргнете политика, ова е сериозен проблем со кој се соочуваат студентите, кои често се соочуваат со големи проблеми, а немаат кому да се обратат.

И денес имаше избори. И? Што ако имаше? Кога никој од нас појма немаше ни кон што целат кандидатите, а голем дел од студетското тело, прв пат денес на вести виде кои се кандидатите кои ќе треба да ги претставуваат наредниот мандат.

Кое е чарето?
 
Хех. Па ако не целат кон ништо и не ви се претставиле, не ги гласајте.
Има некое правило колку % од студентите треба да излезат за да бидат успешни изборите?
 
Хех. Па ако не целат кон ништо и не ви се претставиле, не ги гласајте.
Има некое правило колку % од студентите треба да излезат за да бидат успешни изборите?

За процент не сум сигурна, мислам дека не е битно колку ќе излезат, се гласа оној кој ќе има 51 посто од вкупно излезените. А многу беше мал бројот на излезени, барем на Економски, па и на Правен луѓето со кои правев муабет не ни беа запознаети дека има избори.

И да, еве ни јас не бев на гласање, едноставно од таа причина што не целат кон ништо, ниту пак бев запознаета со нивните платформи, ама тоа е трагичното, што дали 1 посто од студентите се задоволни од начинот на кој функционира тој Студентски парламент, а еве сега повторно без разлика дали сакаме или не ќе се избере лидер, кој во 2 години само ќе си ужива во бенефиции и нема да се замара за студентските проблеми кои навистина постојат. :jaj:
 
Па процентот на излезеност и не е битен,од причина што ќе се намести изборот.Факт кој е присутен долги години наназад.
Чаре според мене се масовни протести на кој ќе излезат сите студенти!Јас не памтам студентски протест кој бил со многу присутни.Јасно е дека имало,има и ќе има и натаму притисоци,меѓутоа тоа е единствен начин.
Народски кажано:Ако не побараш,нема ни да добиеш!
 
Па процентот на излезеност и не е битен,од причина што ќе се намести изборот.Факт кој е присутен долги години наназад.
Чаре според мене се масовни протести на кој ќе излезат сите студенти!Јас не памтам студентски протест кој бил со многу присутни.Јасно е дека имало,има и ќе има и натаму притисоци,меѓутоа тоа е единствен начин.
Народски кажано:Ако не побараш,нема ни да добиеш!

Точно, наместени ќе бидат во секој случај, долги години е така... но, забележувам и инертност кај поголем дел од студентското тело, не се запрашуваат, чекај ало, кој мене ќе ме претставува, кој ќе одлучува, кој ќе ме брани? Едноставно велат - а бе не се замарам.

И тоа е можеби и најголемиот проблем, пасивноста на студентите. Сите се жалат дека не им е ок со ваквата структура на студентскиот парламент, но никој де факто не се потрудил да го дигне својот глас.

Можеби и кандидатите се најдобри и најчесни, ама како да го знаеме ние тоа, кога никој воопшто не ги известил студентите за тоа за што ќе се залага, што ќе им биде целта?

Зошто само се жали и се збори? Знам дека е полесно да се збори, отколку да се земе да се направи нешто, во случајов да се спротистави. Студентите мораат ако сакаат напредок на самата свест кај нив да се спротистават на ваквиот режим на слепило, неинформираност и заспаност.

Студентарија = хибернизација.

Мислам дека имаме право да знаеме што се плановите на студентскиот лидер, да знаеме која му е целта, како ќе ги брани нашите права, на кој начин ќе се залага за подобрување на условите и заштита на студентите.

Нормално дека еден човек сам не може да ги реши сите проблеми на студентите, но би било пожелно да видиме дека некој навистина се залага.
 
Целиот Македонски народ најверојатно од петвековното турско ропство се валдее по максимата-наведната глава сабја не ја сече. Како и целиот народ и студетните се исти, мирни, кротки, нит глас да пуштат нити ништо. Кубурот незнам за што го чуваат? Најверојатно во петвековното ропство лицата кои биле револуционерно и бунтовно настроени се погубени сите до еден, останале само мирните и пасивните, со што гените понатаму си го сториле своето.

Во оваа земја и на овој народ незнам што треба да му направиш за да крене глас?! Го истераа од работа, ништо. Му сменија устав пак ништо. Му направија војна, ништо. Знаме му сменија, пак ништо. Име ќе му сменат, дупло ништо. Нормално овде мислам на демократски начин да покаже дека некоја одлука на неговата Влада не му е по ќеф, со мирни цивилизирани протести.

Има еден виц: Си бил работодавецот и одејќи низ неговиот производствен погон го видел работникот и му рекол: Митре ајде до ѕид, симињај гаќи и трти се. Митре не чекал ни да докаже газдата го нагузил голиот газ. Газдата почнал лека полека да го е*е Митрета од позади. Така натртен Митре од еднаш се врти и му вика на газдата: Шефе, шефе извини што ти вртам грб!
 
Точно, наместени ќе бидат во секој случај, долги години е така... но, забележувам и инертност кај поголем дел од студентското тело, не се запрашуваат, чекај ало, кој мене ќе ме претставува, кој ќе одлучува, кој ќе ме брани? Едноставно велат - а бе не се замарам.

И тоа е можеби и најголемиот проблем, пасивноста на студентите. Сите се жалат дека не им е ок со ваквата структура на студентскиот парламент, но никој де факто не се потрудил да го дигне својот глас.

Можеби и кандидатите се најдобри и најчесни, ама како да го знаеме ние тоа, кога никој воопшто не ги известил студентите за тоа за што ќе се залага, што ќе им биде целта?

Зошто само се жали и се збори? Знам дека е полесно да се збори, отколку да се земе да се направи нешто, во случајов да се спротистави. Студентите мораат ако сакаат напредок на самата свест кај нив да се спротистават на ваквиот режим на слепило, неинформираност и заспаност.

Студентарија = хибернизација.

Мислам дека имаме право да знаеме што се плановите на студентскиот лидер, да знаеме која му е целта, како ќе ги брани нашите права, на кој начин ќе се залага за подобрување на условите и заштита на студентите.

Нормално дека еден човек сам не може да ги реши сите проблеми на студентите, но би било пожелно да видиме дека некој навистина се залага.


Не знам која е вистинската причина,ама една од побитните е што тие се заплашуваат!Се заплашуваат студентите по студентските домови,професорите и асистентите блиски до актуелната,во даден момент,власт ги убедуваат студентите дека ситуацијата е розова и сл. притисоци.Јас сум бил во ситуација да дискутирам со асистентка за тоа дека високото образование се уништува,дека се оди на квантитет а не на квалитет,а таа мене ме убедува дека е тоа политика на власта за секој да има пристап до високото образование,што во секој случај не држи.Ајде сега сите да бидеме магистри,ќе платиме и оп титула магистер!Срамота! Голем дел од студентите не размислуваат со своја глава,немаат свој став,гледање на нештата.Ми се чини дека им е полесно некој друг да мисли за нив,како мали деца се!
Сето ова доведува до една ситуација на тотална незаинтересираност на студентите за нивните студентски права.Политиката е влезена во секоја пора на општественото живеење.Секаде ги има политичарите кои се "експерти",секаде ги има партиските војничиња.Тоа е широко распространета мрежа која тешко ќе се исчисти.Дај боже велам студентите еднаш да сватат дека и тие можат многу,дека ние сме движечка сила во општеството,да мислиме со своја глава за она што ни следува и да излеземе да си го побараме.

редно е веќе!
 
Е па тоа е она што мене најмногу ме револтира. Политиката е толку многу навлезена во сите пори во општеството, жалосно е што е навлезена и во оној сегмент кој треба да биде најчист и најискрен! Студентите треба да бидат млади луѓе полни со жар и страст за да направат некој напредок, некоја промена, макар тоа била и најмалата промена.
Не знам дали е од страв, не знам дали е од заспаност, но оваа ситуација во која се наоѓаме долго време, па и предолго е критична и мора да се менува. Постојат толку млади луѓе кои имаат енергија, кои го имаат се она што е потребно за да се изборат за она што го сакаат, а тоа не го насочуваат кон она што е најбитно.
Факт е дека мора да има организација како Студентски Сојуз на нивно на целиот универзитет, како би можеле полесно да комуницираме меѓу себе и да ги споделуваме и обелоденуваме нашите проблеми и тоа е првата и основна критична точка. Тоа што тој Студенски Сојуз е закржлавен, што нема идеја, нема прогресивност никаква. Креативност исто. Или не се дозволува.

Свесни се студентите дека немаат основни студентски права (под ова подразбирам основни услови за студирање, квалитетно образование, коректен однос со професори, условите во студентските домови, како и квалитетен Студентски парламент), но не превземаат ништо во врска со тоа. Колку поплаки лично имам слушано од студенти во врска со малтретирање од страна на професори, но ете, страв им е сами со име и презиме да се обратат до деканат. Друго е кога ќе имаме здраво студентско движење и организација, па секоја поплака да се зима во предвид, да бидат известувани медиуми. Затоа е и од витално значење тоа кој ќе биде наш претставник. Знам дека има и други начини на организирање, но жално е што таква организација постои, а е во таква ситуација. Затоа велам дека мора да се подигне нашиот глас, да се слушнат нашите желби, затоа велам ДЕКА ИМАМЕ ПРАВО ДА БИДЕМЕ ИНФОРМИРАНИ, ИМАМЕ ПРАВО ДА ЗНАЕМЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ НАШ ПРЕТСТАВНИК!

Да не почнувам од тоа колкава штета е што немаме ни сопствени гласила како весници, радио, кои нема да бидат опструирани.

Ние треба да бидеме основна ДВИЖЕЧКА сила на Македонија, која ќе го помага и создава нејзиниот прогрес. А што имаме моментално? Младина без воља, која дури не е заинтересирана да знае за што ќе се залага нејзиниот иден лидер (кој и да биде).

Жалосно е. Навистина е жалосно!

Чаре? Како да се продрма македонската студентарија? Како да се отргне студентското движење од политика? Зошто студентите да служат за меѓупартиски превирања и караници?
 
Не знам искрено,не се чувствувам доволно паметен за да дадам некој корисен предлог.Ми се чини дека секоја власт во Р.М. има една слаба точка,а тоа е меѓународниот фактор кој е присутен преку свои претставници внатре во државава.Кога овај фактор ќе притисне,нашата власт веднаш попушта.Не знам дали претерувам,ама се ми се чини дека една независна студентска организација би можела да побара прием,на пр. кај Фуере,и да се пожали на ароганцијата на власта во однос на непочитувањето на студентските права!Кога можат бисексуалците да парадираат на чело со Фуере,би можеле и ние студентите да протестираме,мирно,на чело со истиот овај странски дипломат.Сигурен сум дека овај фактор ќе има слух за нашите проблеми и ќе ни излезе во пресрет.Значи непартиска поддршка во името на силен меѓународен фактор!
 
Ги видов плакатите на факултет ама искрено врска немав дека баш денес се изборите. Дури и да имав сигурно за тоа немаше да одам до факултет.

Никој не кажа ни што ќе направи ако го изберат така да сеедно е кој ќе победи.

Проблемот е што или се партиски војничиња или се некои што се плашат дека ќе си имаат проблем со професори и слично па ќе ќутат откако ќе ги изберат.

Ако веќе сакаат да бидат претседатели нека бидат спремни да кренат глас против разните глупости што се случуваат и навистина да ги бранат правата на студентите.

Треба еднаш да се направи еден масовен собир и да се дигнат на клоци сите што се во тоа Студентски парламент со се претседател и се. Ние ги финансираме за да се заебаваат таму.
 
Завршив на правен и по автоматизам не би требало веќе да ме тангираат студентските изборите како појава, од едноставна причина што веќе мене лично (како дипломиран) не може нитуеден од кандидатите да ме претставува односно да ги претставува моите интереси. Е сега од друга страна сепак чувствувам потреба да кажам нешто ОФ ТОПИК во поглед на кандидатите за студентски лидер. Постојат ли некои критериуми кои кандидатот треба да ги исполнува? Или треба да си син на Р.Ж. професорка на правен за да успееш да се кандидираш? Е сеа за да не испаднам пристрасен кон другиот момак од Економски ке ви приложам видео од нивните изјави денес снимено, во кои кристално јасно без многу анализи може да се види дека " кандидатите" имаат проблем во составување на просто проширена реченица и во соодветно употребување на терминилогија: http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=1095

Патем, шо му е филмот на овој акрепов Малчевски?
И сакав да напоменам дека функционирањето на демократијата и постоењето на демократски вредности во Македонија на државно ниво е приказна за мали деца, додека говорењето за демократски вредности и демократија на студентско ниво е тотално неосновано, или да отидам во крајност овие две работи може да се рече дека не постојат.

П.с НЕпоздрав до "кандидатите".
 
Изборите поминаа и после се отвори темата. Значи стварно се заспани студентите(не само во уким)!!!
 
Кое е чарето?

Чаре - само да се бојкотираат изборите, никој да не излезе да гласа.Јас дојдов до тоа местото кај што беше поставена гласачката кутија и сакав да гласам.И само што сакав да пријдам сфатив дека не знам за кого да гласам пошто не знам ни кој е кандидиран(само знам дека се викаат Иван двајцата:toe:). Можда ќе треснам глупост сеа, ама нели може да се одржуваат некакви митинзи(или нешто слично) пред изборите.Или некакви материјали да се делат од кај што ќе видам кој што планира (да не излаже дека ќе исполни:pos2:). Затоа чаре - само бојкот.На овие избори излегоа само познаници на двајцата кандидати, оти од тоа што слушнав до сеа кој гласал(од колеги) гласале само оние што се другари, другарки на некој кандидиран.

Изборите поминаа и после се отвори темата. Значи стварно се заспани студентите(не само во уким)!!!

Не е дека сме заспани него стварно никој нит виде нит осети дека се избори. Вчера сите дознаа оти или слушнале на вести или ги виделе кутиите кај нив на факултет. Дур да се свестиш дека има избори, тие поминале:tapp:
 
Јас кога студирав имаше едни единствени големи протести (когаа Филипче и компанија штрајкуваа со глад и си ќарија после убаво) и толку.

Нити меѓународен фактор ке помогне (не е нивен проблем а и ги заболе за Македонските студенти) ниту мирни демонстрации (ке се вика, вика и ке се умори и по дома како и сите други протести).

Едонствено насилни демонстрации со демолирање на собрание, влада, министерство за образование и можеби и линч на неколку професори може да смени нешто. Секако ако ова се случи веројатно ке има и мртви студенти но секоја револуција си бара жртви.

Али реално вакво нешто нема да се случи никогаш затоа што нашиот народ (вклучувајки ги и студентите) си е пасивен и си трпи. Кога ке помислам дека во Иран каде на власт се ајатоласите и каде без проблем ги убиваа демонстрантите се правеа огромни демонстрации ден по ден, ми се гади од нас.

Јеботе сега ми текна нешто, ние се караме со Грците и со пола свет за историјата наша а на Факултетот по Историја немаше учебници за сите предмети во 2000 година. Се учеше од скрипти и копирани Српски, Бугарски или Англиски учебници. Еееееј скоро десет години независни, учебници не напишале и испечатиле по историја за која толку се лупаме во гради а за другите работи да не зборам како студентските домови кои се најлоши во бивша Југа, а за пошироко да не ни помислуваме.

И после криви ни се ЕУ, НАТО, Албанците, Грците, Марсовците и така натака. Само ние не сме криви.
 
Проблемот е во нас во никој друг :toe: кога се прави протест ако заврне сите бегаат по кафичи,излагаат само за да губат нешто и после фитиљ на ул Македонија :tapp: па после политичарите не се будали викаат кој протест кога сте 50 души а ве има 5000-6000 илјади...е се додека е така ќе не е.е кој ќе стигне :toe: и последниов протест...па ве молам прашањето за студентски домови беше последно,бил ли некој во Медицинар да види дека луѓето живеат како во логор :tapp: и не се поставуваат 10 барања колку да се постават,може 2 ама да стооиме позади нив до конечно исполнување,не јас морам да предавања ќе добијам минус :tapp: се додека сме безкичмењаци ова ќе се случува....и бојкот на секој избор...
...кај е спасот...во парламент,по 5 души од секој факс и да се формира тело кое ќе комуницира со министер медиуми и слично,вака протестов како да беше само за Скопјани со домовиве!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom