Драга
Топло е знам, дури и климава не спасува понекогаш. Наспиена, во добро расположение, прстиве сами ми лизгаат по тастатурава..
Сончево време Драга, горештини поточно, плус и светско, дополнителен поттик за луѓево да мрднат од пред компијутер и да се социјализираат. Зарем им требаше повод за тоа ?
Деновиве шетајќи низ град, видов многу насмеани лица. Видов и луѓе што одамна ги немав видено. Скопје живна конечно, луѓето и во текот на исполнување на своите обврски, сакаат да украдат малце од сонцето, да искористат прилика и да фатат боја. Старо младо, извадило бело мевце, со или без атрибути, премногу вулгарни или симпатично облечени, запотени или миризливи, а има и такви кои што се кријат од сонцето, како крадци нешто налик мене. Навечер, секој ден од неделата има журки, се залева алкохол, луѓево пари нели немаат, ама затоа вечерно време кафичите се полни, редови пред дискотекиве, припреми за одмор итн итн.... Ехх што прават банкиве со ова кредитниве картички
За неколку дена добар провод, ќе заглавиш наредна година во камати и исплаќање рати, ама на одмор си бил, тоа е важното, ќе закачиш фотки на фб и ќе видат другите што можеш "да си дозволиш". Туку да се вратам, друг ми беше муабетот.
Летните вечери Драга, оние кои се особено пријатни за одлична журка и зачинети со алкохол, ги будат оние делови од анатомијата на човекот, и го водат како полуден турист, го влечат и го носат на места кои ни на сон немал намера да ги посети. Откако ќе спласне тоа расположение, излегуваат навистина интересни и пикатни приказни, кои остануваат ако ништо друго во сеќавање. Добро или лошо, индивидуално е.
Пред некој ден начекав таква приказна од мој познаник. При таквото лудување, човек се опушта до оној степен да прави лудости и да налетува на ситуации, кои што на трезно не би му паднале на памет. После моето ислушување и размислување дојдов до заклучок дека денес оралниот секс се нуди како мастика или се бара индиректно за се и сешто.
За разлика од порано, кога оралниот секс бил главна награда - се добивал само која девојката (а тогаш девојките беа девојки, не 13-14 годишни девојчиња), ќе решела дека ти си тој со кого сака да го помине остатокот од животот или барем наредните неколку месеци. Некогаш кога мажот имал орален секс, чувствувал дека тоа бил среќен ден. Веќе не е така. Денес оралниот секс личи на измама, на некаква утешна награда. Оралниот секс се дели наслепо, додека вистинскиот секс, пенетративниот секс, вагиналниот секс, како сакаш наречи го, се скратува, станал морков на крајот од патот, светиот грал. (познат муабет, немав секс, ама му го испушив
).
Со последнава сочна приказна што ја слушнав, сфатив дека кога си млад оралниот секс личи на подарок, кога си во подоцнежните години личи на чин на милосрдие. Што се сменило ?
- Денес оралниот секс стана монета за пазарење, начин на мажот да му се отежни заминувањето и жената да се здобие со привремена моќ. ( кое машко заборава добра оралка? ) ...
....Но се двоумам искрено, ако жената е подготвена да го стори тоа, зошто мажот би ја оставил ?