Грнчаров не е повикан,бидејќи неговиот клуб го замолил селекторот да ги пропушти овие средби,поради натпреварите кои се играат во Кипар, денеска и утре.Така е со сите репрезентативци кои доаѓаат од таму.
Васоски беше повторно повреден,имаше пауза од околу месец дена,викендов се врати во тимот на Ајнтрахт,мислам оти по барање на тимот не е повикан.Инаку Васоски беше повикан со Катар,ама поради повредата го откажа настапот.
Така да,`мрсулот`од селектор нема апсолутно никаква вина што некој е повреден или пак,поради објективни причини откажал настап,ама ок е,Вие големите познавачи на состојбите во мак. фудбалот,секогаш мора и да искритикувате,макар тоа било и неосновано.
Што се однесува до денешниот меч,повторно мал милион неискористени шанси,и повторување на веќе за нас стандардниот пад на играта во второ полувреме.Среќа што канаѓаните не ги искористија пеналите,инаку исходот ќе беше сосема поинаков.Шумуликоски покажа дека е најдобро физички подготвен од сите играчи,не престана да трча во текот на сите 90 минути,беше еден од најдобрите на овој меч.Исто и Попов,а и Новески,стандардно добри.Добро е и што Пандев,кој поради нефудбалски причини не игра за Лацио,добива шанса во националниот дрес,барем да не ја загуби својата форма.Неспорно е дека се работи за голем талент,а се надевам на позитивен исход за него во следниот преоден рок.