Физички се многу силни со Ибрахимович и двата, зборот ми е дека против послабите екипи ќе газат. Земајќи ги во предвид опциите со често повредениот Пато и Одуаманди како единствена опција од клупа во нападот, не гледам зошто да не се врати Бориело. Со повредата на Инзаги ќе биди добро да се има класичен напаѓач во тимот, за недај боже ситуации кога ќе мора да се игра многу офанзивно.
Нема да се врати, со него е расчистено веќе, он ја одбра Рома пред Јувентус баш дека му ветија траен трансфер, место Јуве кои го бараат на заем. Не е и он будала да трчка цел живот по Милан куров. А ли како и да е не ми се свиѓа и претпоставката за да се врати. Нападот ваков ко шо е си е добро концепиран, имаме фин микс од секој профил на напаѓач по еден, ако се знае дека Ибра е сидраш, а и Бориело има слични карактеристики(не квалитет) никако не ни треба. Единствен кој за мене е замена за Пипо во Италија е Пацини, неизводливо е да се земе, ама онака хипотетички он е најблиску до него со бонус подобра игра со топка.
Матри исто така избијте си го од глава, и тој филм нема да го гледаме, ем нема да го дадат пошто очајно им треба, ем и да го дадат проценет му е на многу(преценет т.е), ем не е Галијани од тие што би платил пари за нешто што ги имал без пари.
Најреално ми е ако се донесе некој да биде тоа Бјанки или некој таков нископрофилен играч шо ќе може да дреме на клупа, да не галами и кога ќе затреба да одигра ако даде Господ.
Јас не исклучувам Лео да му се приклучи на Интер со цел да му докаже на Берлускони дека го критикуваше минатата сезона без потреба, а и на крај Берлу беше тој што го отстрани Лео од Милан. Така што од оваа гледна точка, можно е.
Нема шанси. Нема да ги одбие можда ради лојалност некоја или шо ти ја знам, туку чисто дека да го превземеш Интер ваков у оваа ситуација на бунило ти е самоубиство чисто, а на Лео, после Милан второ не му треба. Таму треба авторитетен тренер што знае под притисок, а Лео тоа не е. Лео е само супер лик со романтична замисла за фудбал.