Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
Значи денеска падна договор околу печатењето на маичките...
Станува збор за овој модел на маички:
40296_140976009274754_112951102077245_211963_5494666_n.jpg

Опомена : Задниот дел на маичката ќе нема да биде испишан со тој фонт
Постои дилема за годината која треба да се напише на задниот дел од маичката па затоа утре ќе има гласање на фан групата на фејсбук дали да стои 2010 или 1899.

Главен дел :)
Цената на маичите изнесува 350 денари.
Рокот за нарачка е до Четврток. Не е оставен подолг период од причина што првиот натпревар од Сериа А е во погоден момент (15.00 29.08-Недела) со што се планира собиранка каде што воедно ќе се делат маичите а и е добар терминот за доаѓање на фанови од другите градови.
Ќе се извршува испорака во градовите надвор од Скопје само ако се најде соодветна личност што ќе може да дојде на собирот или ден-два после натпреварот, во Скопје и да ги подели маичките на фановите од својот град.

Се планира деновиве да се регистрира фан клубот во централен регистар а потоа може да се случи уште есенва да се официјализира во Милано поради тоа што некои членови ќе идат во на натпревар во Милано па да се искористи можноста.

Начинот на плаќање ќе биде преку жиро сметка а за нејзе ќе бидете известени во следниве 2 дена.

Воглавно тоа е се ако имате некои прашања и за нарачување обратете се во фан групата!
 
Супер се маиците, од назад мислам дека би требало да пише 1899.
 
повиканите за Берлускони купот

Голмани: Abbiati, Amelia, Roma.
Одбрана: Antonini, Bonera, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes.
Средина: Abate, Ambrosini, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf, Strasser.
Напад: Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Oduamadi, Ronaldinho.
 
А кај е боатенг!? зашто он е игра
и јас сакам маица,казете коа ке се знае се па да си купиме по една :pos2:
 
А кај е боатенг!? зашто он е игра
и јас сакам маица,казете коа ке се знае се па да си купиме по една :pos2:

Веќе скоро се е познато,само треба да се договори кога ке се собираат парите.
 
И јас сакам маичка, не е лоша, одназад подобро да стои 1899, кажете за собирање пари кога, како.....
 
Вчера ја гледав Баерн-Волфсбург и искрено да ви кажам мнооогу се заебавме за Џеко...макар и 40 милиончиња би истргнале за него,иако неколку пати кажав дека не вреди толку..I take back my words..
А овој боатенг, супер ни дојде, бидејќи е брз,технички поткован и има добар шут... само проблемот е што ни треба некој креативец, роналдињо не го бива, само сексот му е у глава, не е ни чудо што му е миленик на берлускони...
Според мене, Боатенг е последниот трансфер ова лето..
А овие газдиве спремале 86 милиони за наредна сезона, па преку таквото кога ќе бидеме иста прича како јувентус онаа година. Нема да имаме некоја основа, башка и оваа сезона ако ја укењаме, уште толку ќе ни падне стандардот и финансиите.
Очекувам некои од младите да направи БУМ оваа година, единствено на тоа може да се надеваме... Поздрав и Forza Milan..
п.с маиците некако по пошта да ги пратите,може? :)
 
Во тек е гласањето на фан групата за која година треба да стои позади на маичката
2010 наводно кога сме формирани ама пак тоа најубаво да стои на тоа официјален фан клуб а не на наимакот на Милан. Едноставно на Милан (Россонеро) не му стои 2010.
повелете гласајте!
 
А нема подобро да биде само да стои она на латиница, Fan Club Ac Milan, Macedonia ? Без s-то кај фан ...
Или во план ви е и за тоа да бирате па двете сте ги ставиле ?
 
+1 за ова баш и мене чудно ми се виде иначе штотуку нарачав блуза само треба да ми кажат каде да платам и кога да си ја земам порачување имате преку мејл на
mkm1899@hotmail.com или на fansclub.milan@yahoo.com
 
повиканите за Берлускони купот

Голмани: Abbiati, Amelia, Roma.
Одбрана: Antonini, Bonera, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes.
Средина: Abate, Ambrosini, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf, Strasser.
Напад: Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Oduamadi, Ronaldinho.
А Меркел? Повреден е и тој? :O
 
Јас сум од охрид ....а не сум во можност да бидам присутен на собирот во скопје... е сега како можам да дојдам до маичка??
 
Јас сум од охрид ....а не сум во можност да бидам присутен на собирот во скопје... е сега како можам да дојдам до маичка??

Најубаво ке ти биде да се обратиш на е-маил адресите погоре,одговорните за тие адреси знаат дали има некој заинтересиран од охрид и како ке се врши достава во други градови.

--- надополнето ---

Ибра не е повикан за средбата со Севиља,немаат спомнато некаква повреда,чудно.
 
Најубаво ке ти биде да се обратиш на е-маил адресите погоре,одговорните за тие адреси знаат дали има некој заинтересиран од охрид и како ке се врши достава во други градови.

--- надополнето ---

Ибра не е повикан за средбата со Севиља,немаат спомнато некаква повреда,чудно.

ок...фала :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom