Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
Капело ја гурал работава за Џо Кол да дојде во Милан. Пред некој Џо Кол кажа дека единствено фактор за клубот што би го избрал е позицијата на која би играл. т.е кој ќе му обеќа да игра офанзивно напред за него би потпишал.
Мене Џо ми е еден од омилените играчи и одговара на профил на тоа што сакам да видам во Милан. Ќе освежи добро и ќе добиеме многу на брзина, на оваква статична средина (а и цела екипа) има да ни легне ненормлано добро .

Кеирсон пред да отиде во Барса памтам го бркавме и ние, ама ништо не испадна, ако даде Барса фер цена за него и за ова давам бел бумбар. Остана недоискажан во Фиорентина, даде неколку гола ама не се наметна не знам зошто, како и да е со права околина и добар тренер може да искочи добар играч oд него.

За Касерес неам некое мислење , иако беше еден од ретките што функционираше во Јуве лани и даде добри утакмци, знам многу подобри играчи на негова позиција шо нудат повеќе, али шо кур нека дојде и он, бетер од Одо не може да е и да сака.. :P

и на крај Галијани порачал на сите фанови да не се секираат, дека ќе склопел убава екипа за сезонава..... :|
 
Џо Кол за без пари би бил одлична зделка,само платата да се среди. Цасерес ќе биде одлично ако дојде,ем ако шитнеме некој од Каладзе и Јанку ќе може и лев бек да се купи а не да се испробуваат варијанти со Антонини/Абате десно.

Инаку се поверојатно е дека русите доаѓаат во зима(нормално,во кое друго годишно време би дошле)и ќе откупеле 30-40% од акциите во Милан,после планираат изградба на нов стадион а да се надеваме ќе донесат и некоја ѕвезда,пошто НАЛИ затоа и требаше да дојдат летово ин да фрст плејс.
 
абе момци се засиливте со некој играч или ??? пошо две нед не бев дома и незнам шо се дешава на трансфер пазаров? знам дека масимилиано алегри е нов тренер на милан за др незнам дали имате земено
 
абе момци се засиливте со некој играч или ??? пошо две нед не бев дома и незнам шо се дешава на трансфер пазаров? знам дека масимилиано алегри е нов тренер на милан за др незнам дали имате земено
Сега за сега само Јепес и Амелија ми се чини,али се работи и на други засилувања,пролистај малце поназад и на оваа страна имаш нешто.
 
калаѕе нејкел да си иде зашто сакал идната сезона да се пензионира како играч на милан и да влезе во политика во грузија.
Идиот голем бил овој ,уствари зашто и да си иде кога има доста големи примања за играч што седи на клупа.
Иначе ние на Џо Кол сме му понудиле 60 илјади евра плата и сеа се мислел дали да дојде кај нас или да иде во арсенал.
И трета вест Галијани најверојатно им понудил 8 мил.евра на барса за Касерес
овие гол.ком не се ама баш ич за верување ама што ја знаеш може нешто ќе трефнат
 
Де бе шо се запусти темава толку ? :)

Шо мислите за Касерес еве гледам Милан понудил 8 милиони на Барселона па највероватно ќе прифатат така да според мене ќе биде одлично засилување.Исто така по негодувањата на Курва Суд заради трансфер политиката на тимот Галијани изјавил дека имало време и ќе пристигнат добри засилувања и ќе се борат за титулата.
 
Според некои весници Галијани е во Монако,на ручек со лидерите на Монако и главни теми им се Pierre Aubameyang и камерунецот Nkoulou кој игра во одбраната и неговата цена била 10 милиони,но Галијани планира да ги понуди Јанкуловки,Одо и Каладзе на Монако,според мене доста добро би било да ги исфрлиме овие тројца оддеднаш и да го добиеме камерунецов кој има 20 години,плус мислам дека на управата на Монако ова им се видело како интересна опција и би требало да прифатат.
Milan will have to Nkoulou Oddo and Jankulovski
Meeting market between Milan and Monaco

Милан веќе има спремено понуда од над 10 милиони за 3 сезони за Џо Кол,се вели дека Милан сака што побрзо да ги отфрли конкурентите од трката за Кол и да го прибере во своите редови.
AC Milan ready to offer Joe Cole
Исто така во битка сме со Фиорентина за потписот на бразилецот Рамирес кој настапува во Бенфика,се шушка дека Милан планира да го отстапи Хунтелар а за возврат да го добие токму Рамирес но тука има еден проблем,тоа што Хунтелар не сака да си замине од Италија и сака да се докаже тука.
Fiorentina-AC Milan head to head for Ramires?
Агентот на Фабијано изјавил дека или Фабијано ке се пресели во Милан оваа сезона,или после завршување на договорот како free-transfer,дал и ултиматум до Севиља поради преголемата желба на Фабијано да заигра за Милан.


Исто така Барселона го поканила Милан да учесвува на Gamper Trophy на Ноу Камп на 25 Август,но тука има и еден проблем затоа што за неполни 48 часа,Милан ја започнува новата битка во Сериа А и најверојатно ке се одбие и понудата.
Gamper Trophy, Barça Milan calls but there is a problem

Сега уште се чека одговорот на Барса за понудата што ја има испратено Милан за Касерес која е вредна 8 милиони евра,се надевам дека ке добиеме позитивен одговор бидејќи Касерес би ни дошол многу добро,ем може да игра и како централен.
Инаку и деновиве излегуваат полно изјави на Берлускони и Галијани,како не требале да се грижат фановите,тие ке направеле повторно добар тим итн итн....се надевам дека има барем малце искреност во ова што го зборат.
 
Фабијано со ултиматум до Севиља

Бразилскиот репрезентативец и фудбалер на Севиља Луис Фабијано на својот клуб му испратил ултиматум со барање да му одобри трансфер во Милан. Во спротивно, тој ќе остане во клубот до истек на договорот, а потоа ќе си замине без надомест.

Лиус Фабијано има договор кој го обврзува да одработи уште една сезона за Севиља. Но, Фабијано преку неговиот агент и испратил ултиматум на Севиља.

"Или ќе си замине во Милан или ќе остане уште една сезона во Севиља", наводно на управата на Севиља и пренел агентот Хозе Луис Фуентес, пренесуваат светските медиуми.
 
Инаку Дида вчера кажа збогум на Милан и истакнал дека цел живот ќе се осеќа како Росоњер и поминал убави моменти со клубот.Јас ќе го памтам највеќе по оваа дешавка :)
 
„После десет прекрасни години, денес е првиот ден во кој веќе не сум играч на Милан. Почекав да ми истече договорот за да ја објавам оваа вест. Сакам да им се заблагодарам на фановите на клубот за целата нивна поддршка во времето додека бев тука“.

„Со нив имавме многу поводи за радост и тага и во исто време успеавме да освоиме се’ голема благодарност и за председателот Силвио Берлускони и за вице-председателот Адриано Галиано и на спортскиот директор ариедо Брајда, со кои имавме прекрасни односи како од спортска така и од човечка гледна точка“.

„Сакам да им се заблагодарам на уште многу луѓе: На моите колеги, на тренерите со кои работев, на целиот персонал во клубот и во базата Миланело. Не можам да не го споменам името на Карло Анчелоти кој ме донесе во овој фантастичен тим“.

„Исто така специјална благодарност упатувам кон Вилијам Веки и Валентино Фиори. Искрено им благодарам на сите... и ФОРЦА МИЛАН!“
,
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom