Ајде да почнеме отпочеток:
Ланските бројки на Туркоглу: 24 плејоф натпревари: Поени 15,8 Скокови 4,5 Асистенции 4,8 42,7% шут од игра
Ланската сезона против Филаделфија: 6 натпревари: Поени 11,8 Скокови 4,7 Асистенции 3,3 36,5% шут од игра
Ланската сезона против Бостон: 7 натпревари: Поени 16,3 Скокови 2,9 Асистенции 5,3 46,1% шут од игра
Ланската сезона против Кливленд: 6 натпревари: Поени 17,2 Скокови 6,3 Асистенции 6,7 39,0% шут од игра
Ланската сезона против Лејкерс: 5 натпревари: Поени 18,0 Скокови 4,6 Асистенции 3,8 49,2% шут од игра
Како што можеш да забележиш Туркоглу играл секоја наредна серија се подобро и подобро, во скоро сите сегменти на неговата игра... што ни е показател дека успевал да ја подигне играта за секој потежок противник. Тоа пак е најдобар податок за еден квалитетен плејоф играч кој треба да ја игра втората виолина во тимот.
Туркоглу беше играч кој покрај шут од дистанца знаеше да влезе на двочекор, знаеше да биде опасен при пик енд рол со Хауард и Луис... нешто што Картер неможе да го постигне после цела сезона играње во овој тим.
Се сложувам со тоа што Орландо својата игра ја базира на шутот за 3, кој против Бостон и те како е проблем... но каде е планот Б? Планот Б во првиот натпревар беше да се форсира Хауард на центарска игра што се покажа катастрофално, во вториот натпревар пак исто (додуша овојпат Хауард беше феноменален) но и тоа не беше доволно за победа... Само толку? Ако не оди шутот дај му ја на Хауард? Зошто побогу дебелкото Ван Ганди зема плата? Третата опција обично е најкобна... дај му ја на Картер и тој после макотрпно дриблање ќе шутне нерезонски од преку 5 метри... аххххх!
Немој да ме сватиш погрешно,
Не велам дека на Орландо им фали баш Туркоглу... поентата ми е дека нив им фали таков тип на играч (кој знае да игра all-around баскет, кој е задоволителен во одбрана, кој не троши многу топки и кој знае да игра на вакви тешки плејоф натпревари)... Картер е роден поентер, ако му тргне може да брои до 30+, но кога тоа нема да биде така (а овие две средби со Бостон се најдобар пример за тоа) претставува проблем за тимот губејќи мал милион непотребни напади (три загубени топки на двата меча) и форсирајќи шут од дистанца кој патем не му е неговото најсилно оружје.
Факт е дека Луис скроз ја загубил играта, и дека Редик можеби не е најдоброто решение за ниско крило... но затоа сезонава го имаат `здравиот` Нелсон па сепак изгледаат изгубено во серијава!
Формулата е едноставна: Картер (анти-плејоф играч) + Луис (камен каменосан во овој плејоф) + Ван Ганди (кој покажува дека не е тренер од висок калибар)= неуспех против голем тим!!!
Навистина искрено посакувам Орландо да се врати во серијата, за да ја направи поинтересна... ама разумот, по овие два натпревари вели ТЕШКО... за жал.
П.С. Откако испаднаа Маверикс (чиј фан сум) ги подржував Орландо. Значи немам ништо против нив и баш ми се мила екипа... ама ако бидеме реални серијава со Бостон покажа дека тука има многу дупки за крпење и многу работа за спортските директори во пост-сезоната.
--- надополнето ---
немаше потреба од ваква статија, бидејќи тоа на што јас ти реплицирав ти сега го призна... зборот ми беше дека ако Туркоблу играше на овие два натпревара наместо Картер Орландо повторно ќе изгубеа...