NBA сезона 2009/2010

Член од
23 август 2009
Мислења
111
Поени од реакции
6
Милвоки игра без Ред цела серија или грешка сум? Очекував дека Атланта ќе помине во полуфинале, ама очигледно Милвоки ги изненади сите.
речиси цела сезона играат без Ред а и кога се повреди сега од тогаш им тргна :) ај без Ред ама и без Богут играат.
 
Член од
19 април 2010
Мислења
763
Поени од реакции
28
decki koga ke ima pak kosarka na 1 a hehe top bese togas hehe :)
pozdrav od golem fan na sietle hehe :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
Vo Sabota ne ceka nova EPSKA serija na ISTOK,CAVSI-BOSTON,ma nema slabo KLANICA,segde

SAN ANTONIO - DALLAS-serija cto ke odi vo Istrijata na NBA,epska serija fizicka
so skrsen nos na MANU,se namerni fauli,se se samo da se pomine RESPEKT za
dvata tima,ja pocna DALLAS utakmicata katastrofa 8 poena vo 1 cetvrtina,
zaostatok od 22 poena,se vratija nekako na poluvreme so 13 poena otide SPURS
se vratija DALLAS vo vodstvo vo 3 cetvrtina od 57-56,prvo i edinstveno kako pocnaa taka zavrsija nonstop brkaa,BIG 3 na sampionsko nivo,MANU 26 poena,DUNCAN 17 poena,ali koj sutevi gi pogodi GEORGE HILL 21 poen i ako ne MVP na serijata so MANU zaedno,samo 2 godina vo NBA,DIRK 33 poena 13-21 sut,Butler 25 poena,
od klupa iznenaduvanje za BEAUBOUS 16 poena,cto im vredi na MAVSI cto
zavrsija 2 na Zapad,i ima 55 pobedi,koga pocinja playoffot site pocinjaat od
0:0,domasen teren ne iskoristija,FAKT cist poslednite 4 sezoni DALLAS imaat nad
50 W,od koj od tie 4 gubat 3 sezoni vo playoffs vo 1 kolo,a tim sto bil 2 i tim
kako SAN ANTONIO cto bil 7 i da otpadne se slucuva za prvpat vo Istorijata na
NBA,kako i da e MARK CUBAN ke menjava nesto prvo sto mislam deka ke leta
RICK CARLISLE,a koj od igracite ke letaat i ako otidat ostanuva da vidime.
Kako i da e SAN ANTONIO-DALLAS kraj na serijata vo 6 utakmici ili 4-2,
SPURS ceka od SUNS i PORTLAND od taa serija pobednikot im davam so vakva
igra FINALE na ZAPAD,a mozno e SAMPIONI da bidat,strasen e vakov SPURS.
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Епа дечки нека е наздравје! Спарси поминаа!!! Кубан.!. мислам дека е редно да направам едно резиме на серијава.

Со исклучок на петтиот натпревар ги изгледав сите и мислам дека Сан Антонио и повеќе од заслужено оди понатаму. Уште кога видов дека на последниот натпревар од регуларниот дел (исто така против Далас) Попович изваде втор тим, знаев дека се спремаат за дуел со Далас (доколку победеше Сан Антонио на тој натпревар, подоцна во плејофот ќе играше против Феникс) а штом "намерно" губиш за да играш против некој (во случајов Далас) знаев дека имаме големи шанси за победа.
Што се однесува до првиот дуел комбинација на одлична или подобро перфектна партија на Новицки и лош ден на Паркер (прв натпревар после повредата), Хил исто така имаше прв натпревар после свиткувањето на зглобот, просечен Данкан и Ману не можеше ништо сам. Заслужена победа на Далас.
На прашањето што сменил толку Попович за да има таква разлика помеѓу првиот и вториот натпревар тој одговорил, апсолутно ништо, некогаш момците играат подобро. Клучен натпревар за цела серија. Сан Антонио блескаше или Далас беа очајни сеуште не можам да заклучам, веројатно по малку и од двете. Новицки катастрофален, ништо не можеше да погоди, од друга страна Ману со голема помош во клучните моменти од Данкан (и на моменти Џеферсон) се изборија за најважната победа.
Потоа две релативно тесни победи (додуша првата и не беша така тесна, но беше густо во поголемиот дел од натпреварот) на домашен терен, но сепак мора да се знае дека Спарси имаа контрола на резултатот во поголемиот дел од средбите. Важно е да се издвојат одличните партии на Паркер и на Хил кој во третиот дуел ја превзедел лидерската позиција во тимот од Ману (кој како што знаете се здоби со болна и незгодна повреда), наредниот натпревар блескаше Паркер но имаше голема поддршка од сите останати.
Петтиот го пропуштив но по она што го ѕирнав не ни дале да дишиме од прва до последна секунда.
И конечно денешниот натпревар. После одличниот старт (првачетвртина примивме само 8 коша) на почетокот на второто полувреме се упропастија (дури и за момент Далас поведе) и мораше се од почеток. Но тука на сцена стапи Хил со две тројки и изненадувањето МекДајс со два одлични коша од страна и Спарс пак се одлепија, до крај рутинирано главно преку Ману и Паркер се задржа предноста.

Се на се Далас се покажаа според мене изненадувачки слабо. Не видовме ништо од кандидатот за најдобар шести играч Тери, двата центри исто така потфрлија, Нахара ужас, Бареа со одвреме на време по некој добар потег. Дури во пследниов натпревар го видовме тоа малото брзо плејмејкерче од Гвадалупе кое создаде многу проблеми за Хил и беше носител на пресвртот (не знам зошто не играл на претходните натпревари). Единствени светли точки Батлер и Новицки. Според мене Батлер можеше многу повеќе, но сепак се знае кој е лидер во тимот и кој има најголема слобода во играта па веројатно и затоа не доби шанса да се доискаже. Новицки со исклучок на вториот натпревар и последниот беше одличен.

Кај нас пофалби за сите. Блер никако да му тргне на првите два натпревари, ама затоа во четвртиот заблеска (дури и Данкан остана подолго време на клупа, заради одличните скокови на Блер). Битно ја доби потребната самодоверба и мислам дека како за руки одигра одлично, а и ветува за наредните натпревари. Џеферсон е единственаа утка кај Спарс, играч кој зема 14 милиони и да игра онака, па тоа е грев. Од 6 натпревари само 2 како што треба, ама и на тие 2 далеку е од деновите кога настапуваше за Нетс. Хил после повредата, на првите два натпревари имаше минутажа но слаба реализација веројатно сеуште немаше влезено во натпреварувачки ритам. И според коментаторите и според она што јас го видов идна голема ѕвезда во НБА. Паркер слично на Хил во играта, натпреврите ги почнува од клупа (изјави дека не му пречи се додека игра во завршницата на натпреварите) но сепак кога нема кој (особено во последниот натпревар) тој превзема одговорност. Изненадување според мене е Антонио МекДајс, одличен шут, солиден скокач и клучен во сопирањето на Новицки, повеќе од одлично си ја заврши работата во сопирањето на Новицки посебно во натпреварите на домашен терен. И најдобрите за крај. Ману е ѕвериште и со скршен нос лидер на тимот кога е потребно знае да украде топка, да изигра добра одбрана, да асистира, да погоди тројка, да направи влез или со еден збор неверојатен! Данкан се гледа дека полека го стигнуваат годините, не е веќе оној стариот, ја нема брзината, сепак знае да одигра одлична одбрана и да погоди во најтешките ситуации за тимот, да направи скок. Да не ги заборавиме и останатите: Боганс (требаше да биде замена за Боувен) не може да се избори за место како и Мејсон кој е еден подобро платените споредни играчи во тимот, па веројатно ќе побара да си оди со оглед на тоа колкава минутажа добива. Бонер е добар, знае да изненади со по некое тројче и некој офанзивен скок, како за човек од клупа е одчичен.
Доста долг пост се надевам не и досаден. Посебно не за фановите на Спарси :)

п.с. Заборавив да напишам дека Баркли предвиде победа на Спарси во оние разговори на полувреме, иако сите му се смееја. А изјави дека можно е и да ги елиминираат Лејкерси.
п.п.с. Хил после натпреварот го прашаа кого посакува и ѕверов изјави дека нема врска спремни се за било кој. Според мене во најмала рака очекувам конференциско финале, само лошо е тоа што немаме предност на домашен терен против никој речиси.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Убаво си анализирал, се измачив ама успеав да дочитам до крај:)

Спарси заслужено одат во полуфиналето. Беа подобри од Далас за кој лично очекував дека играчите ќе пружат далеку поголем отпор. Сепак после водството од 3-1 веќе се наѕираше патникот во следната фаза. Џинобили повторно одличен со 26 поени, Хил 21. Ману слабо ја почна сезонава но очигледно ја темпирал формата бидејќи и не е така млад за да може да го издржи товарот кој го носи НБА.

Во полуфиналето одиме на Феникс. Не би сакал да звучам арогантно но мислам дека не би требало да имаме големи проблеми за влез во финалето. Најважно е да се добие првиот натпревар во Феникс.
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Хах Баркли гледам си го спомнал, Баркли само дава некој прогнози да ги изнервира гледачите или Ерни и Кени.

Феникс - Спарс? Искуство, одбранбен тим, Попович, Данкан, Ману во животна форма, Хил и Тони на супер ниво. Спарс во 6.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Браво за Спарси,сега гледам снимка...
Полуфинале изгледа со Феникс,имаат предност на домашен терен ама се надевам дека ќе тепаме некоја на гости :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
VECER milina publika OKLAHOMA-LAKERS,pas cekam i UTAH-DENVER,odlicna vecer!!!

BARKLEY vikase deka se ke ostavel site pari,koli,se sto imal deka CAVSI ke go
zbrisat BOSTON,bas cekam Utre da pocne serijata a pa KENNY deka nema da
pominat CAVSI,kako i da e lugeto se CVEROVI,dali ke finisira prva runda playoffs
vecer ke vidime,fantasticno 1 kolo NBA playoffs kosarka,me interesira koj e odgovorot na Popovic za AMAR'E toa od NEDELA SPURS-SUNS GOOO SUNS.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Муабетот за време на тајм-аут на Сан Антонио по прокоцканата предност од 22 поени:pos2:

In the moments of truth, there was such a calm over these Spurs. They lost a 22-point lead in the game, lost their touch at the free-throw line and Popovich finally blurted in the huddle: Next guy to miss a free throw owes me a car. On the way back to the court, Duncan, the worst of them all with six misses in seven tries, stared back blankly at his coach and asked, “What color do you want?”

Спарс се изнапромаршија слободни фрлања а Данкан беше 1 од 7 од линијата за слободни.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
By Man!!!

Муабетот за време на тајм-аут на Сан Антонио по прокоцканата предност од 22 поени:pos2:

In the moments of truth, there was such a calm over these Spurs. They lost a 22-point lead in the game, lost their touch at the free-throw line and Popovich finally blurted in the huddle: Next guy to miss a free throw owes me a car. On the way back to the court, Duncan, the worst of them all with six misses in seven tries, stared back blankly at his coach and asked, “What color do you want?”

Спарс се изнапромаршија слободни фрлања а Данкан беше 1 од 7 од линијата за слободни.
Im vikase Popovic da gi pogoduvaat site slobodni oti bea izlezini od bonusot
MAVSI na celi 9 minuti vo 2 cetvrtina,vie se ubija od promasuvanje 53% na
poluvreme,ubavo ti teknalo :pos2::pos2::pos2::pos2:
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Може една тема у Мистерии да се отвори за која утакмица вечер ќе ја има на МТВ?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
Sega se e OFICIJALNO potrvrdeno bas kako sto gi napisav.

KOJA SEZONA SEKOJ DEN NBA vo LIVE,propustiv samo vecerta za Nova Godina,
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! 500 IZGLEDANI NBA UTAKMICI 500 LIVE!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Eve gi site pobednici sezonava vo NBA 2009-10:
1.DEFENSIVE PLAYER OF THE YEAR - DWIGHT HOWARD (ORLANDO MAGIC).
2.MOST IMPROVED PLAYER - AaRON BROOKS (HOUSTON ROCKETS).
3.6TH MAN OF THE YEAR - JAMAL CRAWFORD (ATLANTA HAWKS).
4. NBA SPORTSMANSHIP AWARD - GRANT HILL (PHOENIX SUNS).
5. NBA COACH OF THE YEAR - SCOTT BROOKS (OKLAHOMA CITY THUNDER).
6.MOST VALUABLE PLAYER - LeBRON JAMES (CLEVELAND CAVALIERS).
7.ROOKIE OF THE YEAR - TYREKE EVANS (SACRAMENTO KINGS).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom