NBA сезона 2009/2010

G

grande-juve

Гостин

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.923
Поени од реакции
8.801
неколку дена ја запоставив НБА лигата и пропуштив дерби како Кливлен-Орландо каде што маѓичните победија 98-92:tapp:
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
NBA Play-Оff 2009/2010

Ок Плејофот наскоро започнува. МРТВ ќе го пренесува од 15 Април, не се знае колку натпревари неделно. Секако ќе има и линкови за другите утакмици тука, ако дозволат модераторите/админите.

Сигурен пар засега е Лејкерс - Оклахома. Ајде малку околу тоа.

Прво Оклахома да беше во Источната конференција ќе беше на 5-то место, но поради жешката битка на Западот завршија на 8-мото место.

Оклахома се најпријатното изненадување во оваа сезона.

Кевин Дурант е прв по постигнати поени оваа сезона (30.1). Секоја одбрана ја пробил, скоро секоја битка ја добил. Феномен. Неговите долги раце му го донесоја прекарот - Дурантула.

Расел Вестбрук е кандидат за најподобрен играч оваа сезона. Овој плејмејкер е еден од најдобрите дефанзифци на неговата позиција, исто и неговиот напад и визија се за зачудување. Скоро 5 скока по натрпевар, 16.2 поени и 8 асистенции. Во кратки црти - ќе го изгори Фишер.

Крстич и Ибака се исто многу добри пост играчи.

Сефалоша и рукито Харден од клупа му ја носат потребната енергија од клупа.

Во кратки црти - млад, талентиран, атлетски, брз , дисциплиниран тим кој е уживање за гледање.


Лејкерс од друга страна ја обезбедија првата позиција на Западот, но ќе завршат трети вкупо (Кливленд први, Орландо втори).

Шампионите не изгледаат шампионски. Премногу повреди, неизградена хемија, незаинтересираност за регуларната сезона, премногу примадони во тимот го носат Лејкерс во една чудна ситуација.

Како прво и најважно, Коби е повреден. Скршен прст, шинат глужд, и болно колено, го прават Коби да изгледа како 41 а не 31 година.

Бајнам пропшути над 16 утакмици оваа сезона, и сеуште е надвор. Рече дека ќе се врати во плејофот но што ако се врати без никаков ритам, и биде 6 поени 6 скокови и 6 фаули во 6 минути играч, нема фајде. Останува да видиме со Бајнам секогаш има мистерија.

Фишер е еден од најлошите плејмејкери во НБА. Ги гледав сите натпревари на Лејкерс оваа сезона, и можам да кажам дека Фишер е очаен. Очекувајте секој противнички плејмејкер да има фантастични бројки против Лејкерс или поточно Фишер. Секој.

Одом исто така мака мачи со неговото рамено, исто така скоро цела сезона повреден, плус неговата некостантност и нефокусираност го прават X-факторот на Лејкерс. А кога игра добро нема кој да го запре. Но не се знае кој Одом ќе се појави. Џекил и Хајд.

Рон Артест е министерот за одбрана во Лејкерс. На дефанзивниот крај секогаш, на секоја топка дава 100 %. Во нападот е критичен. Понекогаш знае да промаши 8 отворени тројки а на другиот натпревар да има од 5-5. Го изгуби тој скок што го имаше, па положувањата му одат тешко, исто и пробивот кон постот изгледа средно-жалосно. Во кратки црти - Не се снајде баш најдобро во комплексниот triange напад Фил Џексон и Текс Винтер.

Гасол е добар, константен, иако имал моменти кога изгледал мек и бил туркан како пинг понг топче по теренот. Сепак најконстаниот играч на Лејкерс цела сезона.

Од сите кандидати за прстен во NBA , Лејкерс има најслаба клупа. Од кај да почнам :

Вујачич пред една недела се скара со Брајан Шо ( помошникот тренер ) па доби казна од Џексон и не го играше се до вчера. Уште не може да погоди за три и уште прави наивни, глупи фаули.

Фармар е анти играч за Џексон. Премногу его, премногу форсира, не ја подава топката кога треба. Никако не сака да го прифати нападот на Џексон.

Шенон Браун е играч во кој многу се крстевме но сето тоа џабе. Оваа сезона Браун е играч кој прави два три дриблинзи и упатува шутеви од неизградена позиција без врска. Исто ретко ја подава топката во постот.

Мбенга има добри дефанзивни моменти, но толку од него. Едноставно нема визија или баскет IQ.

Пауел и Морисон не ги спомнувам затоа што според мене не ни заслужуваат да се во NBA а камоли на шампионска клупа.

Ако се е во најдобар ред Лејкерс треба да ги победат Оклахома во 5 утакмици.

Но:

1. Повредите на Коби нема туку така да си заминат.

2. Не се знае како е Бајнам, дали е оздравен, дали е спремен за игра.

3. Ламар и неговото рамено.

4. Одбраната на плејмејкерската позиција. Ужас.

Ова ќе биде одлична шанса Рон Артест да ја покаже својата одбрана на Дурант. Голем клуч за оваа серија.


Кливленд е одличен цела сезона. Најверојатно ќе играат со Чикаго, но може и Торонто. Со кој и да играат очекуваjте метла или најмногу 5 утакмици.

Орландо е исто така феноменален. Малку по малку Картер фаќа чекор со тимот, и исто така ја имаат најдобрата клупа во НБА. Двајт дефанзивец на годината. Шек vs Двајт во Истолното финале. Сочно, сочно. Тие по се изгледа ќе играат со Шарлот кој се одличен дефанзивен тим, плус сега со Стивен Џексон имаат легитимен стрелец секоја вечер.

Денвер без Џорџ Карл, и Кенион Мартин не изгледаат толку страшно. Но сепак се повеќе од солиден тим. Taj Лосон е топ руки.

Далас се втори на Запад. Со Хејвуд и Батлер изгледаат екстра. Но сепак тој минус во постот ме двоуми околу нив.

Тоа е тоа народе. Let the game begin...!!!
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Ајде давајте од 15 плејоф да погледам малеце добра кошарка преку добра слика.......:vozbud:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
76 ers-MIAMI,MILWAUKEE-ATLANTA,L.A.CLIPPERS-DALLAS,se utakmici zapodobra pozicija!!!

LAKERS-PORTLAND kako go cuvaa KOBE satrasno kako se menjavaa BATUM i
WEBSTER bukvalno mu disea vo vrat,i go nateraa da ima sut 8-23,na 86-81,
uste mi e vi glava podatokot za 18 sekundi 6 poena,do vodstvo,promasuvaa
sloboni kako ludi KOBE i FIS,WEBSTER 3 slobodni gi pogodi i do klucna"W".
TORONTO-CHICAGO me razocara utakmicava tolku ocekuvav,od pocetok do
kraj samo gostite igraa,gi ubija,tuka e krajot na sezonava za TORONTO,cto propustija
bea duri i 6 na ISTOK,sega doma,DERRICK ROSE gi ubi 26 poena,NOAH 18 poena
i 19 skoka,JAY TRIANO kloci za tebe nisto drugo,nemoze cela sezona da cekas
se na BOSH,del od sportot se povredite,site utakmici gi izgubija bes nego,nemoze
timov da mrdne,kako zagubeni so site ne samo vaa utakmica,za toa ke pocekas za playoff drugata sezona,ili ajde ima sansi uste 2 utakmici,a oni da gubat,mislam na BULLS.
NEW YORK-MIAMI uzivanje od strana na WADE ili WADE show vo GARDEN,potezi
cto im pravese za dusa e covekot CVER,32 poena i klucna pobeda za HEAT.
GOLDEN STATE-OKLAHOMA koja DRAMA pocnaa OKLAHOMA dobro so dominacija i
vodstvo vodea i 20 razlika,se do sredinata na 2 cetvrtina,zastana tuka,3 cetvrtina bese show na 3-ki na GOLDEN,povedoa po 3-2 otprven GOLDEN,
za 2 pat,na 3 razlika za niv DON NELSON,so taktika da im pravat fauli,mnogu
slobodni pogodeni site od dvata tima za na 8 sekundi na 120-117 ,DURANT
da promasi 3-ka za prodolzenie,moj tim so strasna publika za derilum,koja
utakmica,7 utakmici ne igrase se vrati,MONTA ELLIS 27 poena,STEPHEN CURRY go postavi rooki rekordot za 3-ki postignati,strasen talent od dete,
postigna 25 poena i 7 asistencii,DURANT 40 poena kolku tezok poraz za niv.
PHOENIX-HOUSTON koja utakmica i vaa pravo ludilo se drzea i igra so zelba
gostite 48 minuti,edna perfekcija utakmica,102-100 gubea SUNS na nekoj 3
minuti,i po red derilium 4 trojki po red ili 12-0,i do klucna klucna pobeda za
niv od 116-106,i cela serija im ja zema SUNS na ROCKETS od 4-0,
NASH 23 poena i 11 asistencii strasna partija,a AMAR'E 35 poena koj zabivanja
kakov tandem so NASH,nejkum ni da zamislam cto ke bide vo playoff.

PHILADELPHIA-MIAMI koj drug ako ne WADE povtorno brilijanten fantasticen,
za uzivanje klucnite poeni za pobeda se na negovo konto ili 30 poena,na
105-105,WADE asistencija do UDONIS HASLEM sam ostana i sut za pobeda
105-107,JASON KAPONO kaj domakinite strasen sut,najmnogu sezonava 24po.
MILWAUKEE-ATLANTA interesna kosrka i po se izgleda prvo kolo playoff,ke
go igraat,JOE JOHNSON 31 poen vo napad gi ubi ili kolektivno site izigraa,na
nivo,vo odbrana CVEROT JOSH SMITH so 6 strasni bloka,milina blokovi.
L.A.CLIPPERS-DALLAS cista metla od prvata minuta pa do kraj gazenjeee,
DIRK so 25 poena i 77 pogodeni slobodni po red,a DALLAS 2 na ZAPAD.
VECER mnogu klucni utakmici posebno za CHICAGO so BOSTON i vtorata ke
bide uzivanje playoff koarka fenomenalna kolku bitna PHOENIX-DENVER,VrV.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
27 OKTOMVRI DO 14 APRIL SE LIVE,SAMO NA 31 NE GLEDAV,2 VO VECER 17 NEDELNO 6 MESECA.

Фишер е еден од најлошите плејмејкери во НБА. Ги гледав сите натпревари на Лејкерс оваа сезона, и можам да кажам дека Фишер е очаен. Очекувајте секој противнички плејмејкер да има фантастични бројки против Лејкерс или поточно Фишер. Секој.
Ne trebalo da go napravis arno si bese NBA sezona sto samo temi se otvaraat,da se znae edna za sekogas a ne voa pocna playoff otvori tema,
ke pocne druga sezona nova tema,ne e toa toa,na FORUM Srpski koj e
otvoren vo 2005 se se pisuva tamu mnogu dobro izgleda,cat pat go citam
ne sum ni zaslenet ne ni sakam,poveketo im je za cto davaat na TV postiraat TV koj davaat...
za toa,muabetot mi e toa sto sme komentirale sega da stoi tuka na forumov
koga ke ti treba nesto da se potsetis...drugata sezona koga ke pocne se odi
voa vo OUT,ili sezonava e so vaa tema vo OUT,ili edna za sekogas samo NBA.
Nemoj da me svatis pogresno,mnogu e poarno edna za sekogas da stoi.
GI GLEDASE 82 UTAKMICI NA LAKERS,bes vie 2 VECER i UTRE cista metla
za L.A. ja nekoj 50 tina ama samo na TV,nisto drugo,BRAVO L.A.
OD 27 OKTOMVRI do APRIL 14,VECER i UTRE,SE KE GLEDAM FALA BOGU,
EDINSTVENATA VECER KOGA NE GLEDAV E ZA NOVA GODINA TIE UTAKMICI
MI SE CINI 3 BEA STO PROPUSTIV SAMO,SEKOJA DEN SE VO LIVE,LIVE,
LIVE,GOMILA UTAKMICI IZGLEDAV PROSEK 2 VO VECER ZA VIKEND PO 10
INA,NEDELNO PROSEK NEKA BIDE PO 17 UTAKMICI,VOA E GINIS FALA MU NA GOSPOD,DA SUM SONUVAL NEMALO DA VERUVAM,6 CELI MESECA ILI
NEKOJ 500 UTAKMICI,I BASKA KOGA KE STANAM SEKOJ DEN NA NBA TV
HAILLAJCITE NA DRUGOTO CTO NE SUM GLEDAL I TOP 5,GINISS WOW.
IMASE NEDELI I MNOGU NAD 20 UTAKMICI,MARTIN LUTER KING TAA NEDELA 24 REKORD,PLAYOFFOT E UZIVANJE ZA SRCE,SO SE TIE CUDOOO.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Одлично што си ја отворил темава, супер вовед во истата и се надевам што подобар баскет во овие 2 месеци:wink:
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
еве некој сличина, да не е „сува„ темава од овогодишната утакмица помеѓу Boston Celtics и Portland Trail Blazers во ТД Гарден Бостон...јака атмосфера ама Бостон одвај ја извлече победата.

Прва утакмица на Кевин Гарнет и на теренот и за паузите е тензичен...пред утакмицата ја чукаше главата во сунѓерот под кошот...ама даде и некој атрактивни кошој.

Паул Пирс не ме импресионира ама Рондо и Ален.




 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
на мтв ќе даваат во петок и недела како што разбрав:toe:
а оклахома лејкерс ќе биде:vozbud::vozbud::vozbud:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
на мтв ќе даваат во петок и недела како што разбрав:toe:
а оклахома лејкерс ќе биде:vozbud::vozbud::vozbud:
Да така пишува сега на МТВ, петок и недела. Кога ќе дојдат финалињата на конференциите очекувам да има и по 3 дуели.
 
Член од
6 јануари 2009
Мислења
509
Поени од реакции
72
фала богу мтв браво за ова ке гледаме добра кошарка ајдеее
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
53
Поени од реакции
0
и покрај големото задоволство ја би сакал малце од друга страна да ѕирнеме на оваа ствар. Момци све тоа е добро што ке има арно ама стварно мислам дека е премалце 2 преноса посебно во овој дел почеток на плејоф кога има многу двојки и се играат многу утакмици. плус тоа кикс на мтв уште на стартот...плејофот почнува у сабота а они пренесуваат петок и недела:uvo: уште првата недела имаме дури и еден пренос минус... пример јас имам купено тоа што е nba league pass и имам пристап до сите утакмици ама не е тоа финтата...финтата е што сакам да изгледам добар број на квалитетни преноси на нашиве тв со некој добар и стварно стручен коментатор од таа област а не all around типци што коментираат од све по малку уствари добри у ниеден спорт не се.... не може некој да коментира формула 1 и нба и да очекуваме да е посебно поткован за плејофот пример. Гледам на америчкиве тв со league pass-от да ти е мерак да ги слушаш коментаторите со статистики јаки со речник со познавање, ама тоа е тоа што го зборам они се посветени на нба и тоа дебело посветени. затоа легендарниот Љубомир Николовски беше толку добар и сите го бараме сеа. Тоа е тоа сепак е за поздравување обидот на мтв али ај ке видиме низ текот на плејофот што како. Слободно мавнете некој риплај да поприкажеме :tv:
 
Член од
29 мај 2009
Мислења
748
Поени од реакции
47
CHICAGO - BOSTON 101-93, Rose 39, Hinrich 30, kako igra Rose me potseka na Jordan na vremeto, kakvo zabivanje imase, definitivno ke bide jak igrac, na utakmica sme od play-off se nadevam deka ke vlezat.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
и покрај големото задоволство ја би сакал малце од друга страна да ѕирнеме на оваа ствар. Момци све тоа е добро што ке има арно ама стварно мислам дека е премалце 2 преноса посебно во овој дел почеток на плејоф кога има многу двојки и се играат многу утакмици. плус тоа кикс на мтв уште на стартот...плејофот почнува у сабота а они пренесуваат петок и недела:uvo: уште првата недела имаме дури и еден пренос минус... пример јас имам купено тоа што е nba league pass и имам пристап до сите утакмици ама не е тоа финтата...финтата е што сакам да изгледам добар број на квалитетни преноси на нашиве тв со некој добар и стварно стручен коментатор од таа област а не all around типци што коментираат од све по малку уствари добри у ниеден спорт не се.... не може некој да коментира формула 1 и нба и да очекуваме да е посебно поткован за плејофот пример. Гледам на америчкиве тв со league pass-от да ти е мерак да ги слушаш коментаторите со статистики јаки со речник со познавање, ама тоа е тоа што го зборам они се посветени на нба и тоа дебело посветени. затоа легендарниот Љубомир Николовски беше толку добар и сите го бараме сеа. Тоа е тоа сепак е за поздравување обидот на мтв али ај ке видиме низ текот на плејофот што како. Слободно мавнете некој риплај да поприкажеме :tv:


Абе све ти убаво си пишал и не верувам дека има некој тука на којшто ова не му е јасно.. Ама МТВ немаат леб да јадат така да ова што го откупија плејофот е премија макар и со 2 утакмици неделно.
Прво провери колку чини плејофот,па види колку чинат 2 утакмици,колку 3 ,колку секој ден,.а колку чини утакмица по избор на телевизијата :helou:.
Сите ние сакаме по 2 утакмици на ден.. ама тоа легално во МКД и без Љубомир Николовски мн тешко во овој момент :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom