- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.816
- Поени од реакции
- 1.088
Во Баскија втор инцидент за два дена
Неколку непознати и маскирани лица ноќта помеѓу саботата и неделата запалиле градски автобус во месноста Дуранго во Баскија.
Насилниците за кој се верува дека се симпатизери на политичкиот огранок Батасуна околу четири часот наутро вооружени со безбол палки и метални шипки влегле во автобусот во кој се превезувале дваесетина патници. Откако ги ослободиле, почнале да го демолираат автобусот по што го запалиле.
Локалното министерство за внатрешни работи го потврдило инцидентот, но преку соопштение информирале дека нема повредени.
Инцидентот се случил откако во саботата неколку илјади луѓе се собраа во Сан Себастијан, во знак на протест поради апсењето на девет членови на политичкиот огранок Батасуна, инаку близок до сепаратистичката организација ЕТА.
Ова е втор инцидент за два дена откако во петокот во Билбао исто така изгоре автобус.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=115128