Каде бил Исус по „смртта, а пред да воскресне“?

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
O

Omer el Faruk

Гостин
Каде бил Исус по „смртта, а пред да воскресне“?

Еден мој брат ми спомна дека еднаш една негова колешка од факултетот која што вршела презентација за христијанството и јудаизмот рекла дека:

Исус бил во пеколот.

А знаете зошто?

За да ги избави сите пророци од Адам, преку Ное, Авраам, Мојсеј до пред Исус.

Се прашувам, има ли ова смисла? :toe:
 
Различни луѓе, различни филозофи, различни теолози, секој различно би кажал! ЗАтоа што тоа е нешто што никаде не го пишува и никој не го знае, и секој може само да дава свои толкувања и претпоставки!
 
Каде бил Исус по „смртта, а пред да воскресне“?

Еден мој брат ми спомна дека еднаш една негова колешка од факултетот која што вршела презентација за христијанството и јудаизмот рекла дека:

Исус бил во пеколот.

А знаете зошто?

За да ги избави сите пророци од Адам, преку Ное, Авраам, Мојсеј до пред Исус.

Се прашувам, има ли ова смисла? :toe:
Прво прашањето ти е копирано со се наслов од темата на форумот на исламскиот центар..:ne:...што е искрено колку и покер натпревар во Вегас

Втор еве го цитатот кој се однесува на темата...

1Петрово 3:19,20
Тој отиде тогаш, и објави на духовите во Подземјето; 20 кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само малку од нив, односно осум души, се спасија преку водата.
Инаку јас овде не гледам дека пишува пекол..зборот од грчки е.. "tartarus" што означува баш тоа подземје(регион во пониските слоеви)..Пекол на грчки би било..."hades"...плус зборува за духови не за души...
Проповедањето на Исус не било ништо повеќе од објавување победа над Сотоната..
Такa да Исус не отишол да избави никакви пророци...ниту пак прстојувал буквално во Пеколот...додека беше во гробот 3 дена..
Цитатов го вели спротивното...ако ти се познати зборовите на крстот..
А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.
Има уште објаснувања за ова..ама ..:tv:
 
Прво прашањето ти е копирано со се наслов од темата на форумот на исламскиот центар..:ne:...што е искрено колку и покер натпревар во Вегас

Втор еве го цитатот кој се однесува на темата...

1Петрово 3:19,20
Инаку јас овде не гледам дека пишува пекол..зборот од грчки е.. "tartarus" што означува баш тоа подземје(регион во пониските слоеви)..Пекол на грчки би било..."hades"...плус зборува за духови не за души...
Проповедањето на Исус не било ништо повеќе од објавување победа над Сотоната..
Такa да Исус не отишол да избави никакви пророци...ниту пак прстојувал буквално во Пеколот...додека беше во гробот 3 дена..
Цитатов го вели спротивното...ако ти се познати зборовите на крстот..
Има уште објаснувања за ова..ама ..:tv:

Добро е што го следиш Исламски Центар, но лошо е што немаш храброст таму да пишуваш. :tv: А сосема е излишно да го спомнуваш сето тоа кога убаво знаеш дека таму никој досега нема дадено релевантен одговор, па затоа и темата е префрлена ваму каде што има повеќе активни христијански диксутанти.

Сепак, ти благодарам на одговорот и ќе почекаме другите што ќе кажат. :)
 
Не е до храброста туку до времето(едвај овде пишувам)...баш ме интересира мислењето на мики1
 
Каде бил Исус по „смртта, а пред да воскресне“?

Еден мој брат ми спомна дека еднаш една негова колешка од факултетот која што вршела презентација за христијанството и јудаизмот рекла дека:

Исус бил во пеколот.

А знаете зошто?

За да ги избави сите пророци од Адам, преку Ное, Авраам, Мојсеј до пред Исус.

Се прашувам, има ли ова смисла? :toe:

Има смисла, и тоа дебела....

Убо ти пренел брат ти, само некако ова изразов „..избави...„ е троа неточен. Навистина, Христос со Својот дух бил во пеколот во денот саботен, и навистина на душите од праведниците од лоното Авраамово, Он им ја проповедал добрата вест-евангелието. Во тоа крило/лоно Авраамово, навистина биле сместени душите на сите богоугодници, од Адама до Јована Крстителот „и на даље„. Така, Христос не ги избавил душите од праведниците од пеколот, туку ги растурил „портите„ од пеколот а воедно им ја пренел и добрата вест-веста за Цартвото Небесно Исусово.

Од денот саботен (Велика Сабота) сигурни сме дека силата од пеколот а воедно, и силата од злото (од лукавиот и неговите...) се подоста ослабнати и веќе ја немаат моќта како пред тој ден. Па затоа, нели, Он му вети на разбојникот дека „..уште денес (петок!) заедно со Мене ќе бидеш во Рајот...„. Така, разбојникот е првиот грешник кој влегол во Рајот, во петочен ден, оти душите од праведнците (Светиите) влегуваат во Рајот во денот саботен!

Прво прашањето ти е копирано со се наслов од темата на форумот на исламскиот центар..:ne:...што е искрено колку и покер натпревар во Вегас

Втор еве го цитатот кој се однесува на темата...

1Петрово 3:19,20
Инаку јас овде не гледам дека пишува пекол..зборот од грчки е.. "tartarus" што означува баш тоа подземје(регион во пониските слоеви)..Пекол на грчки би било..."hades"...плус зборува за духови не за души...
Проповедањето на Исус не било ништо повеќе од објавување победа над Сотоната..
Такa да Исус не отишол да избави никакви пророци...ниту пак прстојувал буквално во Пеколот...додека беше во гробот 3 дена..
Цитатов го вели спротивното...ако ти се познати зборовите на крстот..
Има уште објаснувања за ова..ама ..:tv:

Нема разлика помеѓу поимот „подземје„ и „пекол„. Светиите го лоцираат пеколот во Земјниното подземје, споредувајќи ги пеколните огнови со состојбата во земјината утроба (течна состојба на материјата-лава, со висока температура).
 
Има смисла, и тоа дебела....

Убо ти пренел брат ти, само некако ова изразов „..избави...„ е троа неточен. Навистина, Христос со Својот дух бил во пеколот во денот саботен, и навистина на душите од праведниците од лоното Авраамово, Он им ја проповедал добрата вест-евангелието. Во тоа крило/лоно Авраамово, навистина биле сместени душите на сите богоугодници, од Адама до Јована Крстителот „и на даље„. Така, Христос не ги избавил душите од праведниците од пеколот, туку ги растурил „портите„ од пеколот а воедно им ја пренел и добрата вест-веста за Цартвото Небесно Исусово.

Од денот саботен (Велика Сабота) сигурни сме дека силата од пеколот а воедно, и силата од злото (од лукавиот и неговите...) се подоста ослабнати и веќе ја немаат моќта како пред тој ден. Па затоа, нели, Он му вети на разбојникот дека „..уште денес (петок!) заедно со Мене ќе бидеш во Рајот...„. Така, разбојникот е првиот грешник кој влегол во Рајот, во петочен ден, оти душите од праведнците (Светиите) влегуваат во Рајот во денот саботен!

Нема разлика помеѓу поимот „подземје„ и „пекол„. Светиите го лоцираат пеколот во Земјниното подземје, споредувајќи ги пеколните огнови со состојбата во земјината утроба (течна состојба на материјата-лава, со висока температура).
Мики1 рабирам дека Исус им го проповедал Евангелието на оние од предпотопниот свет и ја објавил својата победа на Сотоната..тоа ми е скрос јасно..само...што правиме со цитат кој го спомнав погоре..или со овој од Ефесјаните..каде зборува за заробени...
Затоа се вели: „Издигајќи се на височина, поведе робје; им даде дарови на луѓето.” А „се издигна” - што значи друго, туку дека слегол во долните места на земјата?
Тоа ми е чудно посебно што описот за Пеколот не ист со оној кој ти го даваш дека се наоѓа во утробата на Земјата..
 
„Долните места на Земјата„ се токму тоа кое веќе го напишав-лоцирање на „местото„ од пеколот. Тоа “место„ е пред се, состојба во која се наоѓаат душите на неправедниците, кои ги трпат адските маки, предизвикани од пеколниот оган, кој (оган) Светите со споредуваат со огнот/високите температури на земјината утроба, заради кои материјата се наоѓа во течна состојба.

Аналогно на пеколот, Рајот е лоциран „горе„, на Небеста, т.е. во духовниот свет, што не значи дека Рајот е „горе„, надвор од видливата Вселена, туку дека Рајот е, спротивно на пеколот, место/состојба во која се наоѓаат душите од праведниците.

За да биде јасно што е Рајот а што е пеколот и каде се тие две категории точно лоцирани, треба да се “посетат„ лично.
 
Ми се бендисува како Мики1 го објасни ова, затоа што, и сотоната бил паднат ангел, тој за да падне требало да биде на некое повисоко место, нели во спротивно би скокнал.

И на многу други места имаме такви описи од кои следува дека Рајот е сепак некаде горе, а пеколот би бил

“И кога би тргнал по долината на сенките...“-значи пеколот гон споиредува со долина а не нагорнина.

Апостолот Павле во видение бил “качен“ до третото небо...

Кога Исус се вознесол, убаво си пишува-се вознесол нагоре за да седне од десната страна на Бог-отецот, значи nагоре, ascend...

Во параболите на Исус (за праведниот Лазар) даден е приказ и за тоа како овие два духовни света кои за сега неможеме да ги видиме (немаме такви својства се додека сме во овие тела) на извесен начин се поврзани и постои јасна граница меѓу нив која е демаркирана, мислам, не може туку така некој да пребега...

Но како што рече Мики, за да стане појасно, локациите треба да се посетат, а такво туристичко патување за сега-немет. Инаку го замислувам како едно качување-спуштање со жичара.:pipi:
 
“И кога би тргнал по долината на сенките...“-значи пеколот гон споиредува со долина а не нагорнина.
Долината на сенките е вистинско место кое постоело во Израел(можеби и сеуште постои)..не е метафора
 
Маркус, Псалмот поточно гласи “и кога би тргнал по долината на смртна сенка, нема да се исплашам“.

Јас ова го сфаќам како пекол, сепак вели долината на смртна сенка.

А кое е тоа место во Израел? Првпат слушам.
 
Добрo можеш така да го разбереш така..
Иако ги претставува стравовите во животот низ кои проаѓаш и низ кои те штити Бог..
Сепак тоа е вистинско место ..нешто како кањон кој бил токлу висок што сонцето не допирало во подножјето..Давид кој во тоа време бил овчар..како и сите други со страв минувал низ овде...
 
Значи дојдовме до две мислења:

1. Дека Исус не бил во Пеколот

2. Дека Исус бил во Пеколот.

Пошто се работи за две спротивни мислења, прашање од оние неупатените:

-Кое мислење да го прифатиме?

Благодарам! :)
 
Второто.

Молам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom