U
UniqueGirl
Гостин
Види..Толеранција нема ни во Холандија. И самата амбасадорка на Холандија го кажа тоа. Нема да ја има ни овде. Ако успех е тоа што Кочо парадираше на плоштад со бајрак... не знам што да речам.
Уште еднаш се докажа дека хомосексуалците ги нема во земјава, и поради тоа, не вреди никој сериозно да ги свати (освен титовите млади сили, помеѓу 2 партии шах во жена парк).
Да резимираме...
- законот против дискриминација ќе се донесе. Мора, поради жените, младите, старите, албанците, хендикепираните, ромите, турците, бошњаците, голубарите, и пристапот до разните сточни фондови. Значи тој закон поради една, втора или трета причина, ќе се донесе. Да беше поради хомосексуалците, никогаш немаше да биде донесен. Некој ќе праша зошто... Затоашто глупо би било да донесеме закон против вонземјани кога ги има само 3 во земјава. Хомосексуалци само 1. Закони за еден или тројца не се менуваат/носат.
- Дискриминација по основ на сексуална определба не постои во земјава. Во Холандија да, тука не. Кочо здрав и жив парадирал 100 пати на плоштад, денес му е сто и први. Никој го нема закачано никогаш. Едноставно не вреди, башка што животот ни го прави поинтересен.
- И трето (воедно и најважно), доколку ги користиме примерите од странските земји, оние кадешто "нема дискриминација према хомосексуалците", можам да заклучам дека без разлика на сите закони, тие пак ќе бидат тепани, отпуштани од работа затоашто гледале порно страници на работниот компјутер, и такви некои причини.
Патем, многу ми е мило што никој не излезе да тепа амбасадори и претставници на други земји. Паметно дечки.
Во нашево шлајм општество постои дискриминација. И те каква.
Денес ќе плукаш по хомосексуалците, (и секако во склоп на можностите избегавајте го терминот педер, невкусно е :smir поради некои си правила кои се зацртани во нашево ни бљакано окружение.
Утре некој ќе плука по тебе, поради твојата националност.
Се се врти во круг, знаеш.
Затоа земете еднаш, престанете да го гледате вашиот лик во матно огледало. :nenene:
Не бидете егоцентрични, дозволете им и на другите да го искажат својот став.
Па мајко му стара, тапкате у место ..
Лупате со глава у sид.:zid:
Едноставно..
“Живејте и оставете ги другите да живеат.”