Закон на атракција!

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Закон за бош пумпа атракција:pos2:
Дајте објаснување,без тоа ова е квазипсихологија,или ванаби сакцес:toe:

Како ако мислиш позитивно,тоа ќе има исход на Х ивент кој треба да се случи во Y време???

Јас мислам ако размислуваш рационално,аналитички и смирено шансите се далеку поголеми за саканиот исход-во случајов позитивен.

А не само викај си ќе биде...ќе биде...ДА добро е...

Всушност добивам впечаток дека нашиве политичари бааѓи долго време го применуваат "законов"...и им успева:)

Законов на изразен математички е Think positive+act negative=succes.

Секој гледа евтино да помине:pos2:
Си го применил некогаш?
умм:
 
S

smart ass

Гостин
Како ќе примениш нешто неприменливио???

Нешто кое нема основа-затоа побарав објаснување

Дајте објаснување,без тоа ова е квазипсихологија,или ванаби сакцес
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Како ќе примениш нешто неприменливио???

Нешто кое нема основа-затоа побарав објаснување
Како може да тврдиш дека нешто е неприменливо без воопшто да се обидеш да го направиш?!

Ја ти кажувам од линчно искуство дека функционира многу добро и баш онака ко шо е во Д Сикрет ако си го глеал.

Не знам какво објаснение бараш, шо конкретно треба да ти објаснам?
Посакуваш нешто и го добиваш врз основа на тоа што веруваш дека тоа е реалност.
Се додека си скептик нема да го добиеш зашто сам несвесно си поставуваш препреки.
 
Х

Ханзо

Гостин
Посакуваш нешто и веруваш дека си го добил врз основа на тоа што веруваш дека добиеното е реалност. А дали стварно си го добил...ех. За видливи, опипливи добивки, како финансии, методов не функционира, па се се сведува на фантазија. Што сум сакал, што сум мислел дека сакам, што сум добил, што мислам дека сум добил. Законов за атракција е закон за залажување на себе и има чисто внатрешно дејство. Коељо трчи-лажги како вселенски заговори за тебе да ти се истера кејфот, во фенси филмови. Силно посакувам една работа минативе две години, и нема ни најмал знак дека ќе се исполни, ниту едно трејлерче на јутуб. Така е заради тоа што јас не сум ја посакувал таа работа доволно силно за вселената да си го мрдне заговарачкиот гз, или заради мојата неспособност и останатите надворешни фактори?
Тоа што прави позитивците да успеат е нивната тврдоглава претенциозност, никакви хокус-покуси.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не знам какво објаснение бараш, шо конкретно треба да ти објаснам?
Посакуваш нешто и го добиваш врз основа на тоа што веруваш дека тоа е реалност.
Се додека си скептик нема да го добиеш зашто сам несвесно си поставуваш препреки.
Исто така како во книгата таа што посака маж мхххххххм сакам маж сакам маж, арно ама не оди работава па и се сетила дека нема направено место во креветот за маж. И :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:извини сериозно, и направила место во креветот нејзин за маж и го замислувала и визуелилизирала покрај себе, па универзумот и наместил маж.
 
S

smart ass

Гостин
.

Се додека си скептик нема да го добиеш зашто сам несвесно си поставуваш препреки.
Зошто скептик...погоре напишав
Јас мислам ако размислуваш рационално,аналитички и смирено шансите се далеку поголеми за саканиот исход-во случајов позитивен.

Како може да тврдиш дека нешто е неприменливо без воопшто да се обидеш да го направиш?!
Образложив-па ајде де,еве учиме одредена наука,и таа има методи постапки ако,или...

Не знам какво објаснение бараш, шо конкретно треба да ти објаснам?
Посакуваш нешто и го добиваш врз основа на тоа што веруваш дека тоа е реалност.
еве каде има критикал еррор...

Овде немаш основа бидејќи мислењето(позитивно) не мора да значи позитивен исход односно нема механизам кој гарантира...кој објаснува како "одат работите"-па оттука доаѓам до заклучок-НЕПРИМЕНЛИВО.

Значи квазипсихологија:toe:

Исто така како во книгата таа што посака маж мхххххххм сакам маж сакам маж, арно ама не оди работава па и се сетила дека нема направено место во креветот за маж. И :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:извини сериозно, и направила место во креветот нејзин за маж и го замислувала и визуелилизирала покрај себе, па универзумот и наместил маж.
ФЕНОМЕН!!!!!:vozbud:

Суштината на дсикрет-вели вака,играм шах со дедо...не се концентрирам на потезите,и не планирам 4-7 потега однапред(зависи од околности)

Туку си мислам ќе победам и наеднаш
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Колку и да ви звучи надежно, ентузијастички и пријатно овој закон за атракција, сепак не е нешто на кое што треба да се потпираме и да се надеваме. Точно е дека е полесно да се надеваме на некоја "виша" сила, дека ќе ни помогне ако мислиме позитивно, но не е точно и дека е така. Демек, се е до нашите позитивни мисли кои испраќаат сигнали до универзумот. И вие кои ја поддржувате оваа теорија, сакате и останатите да веруваме во неа??? Во нелогички работи??? Па, не знам дали некој од оние кои што ги познавам мисли попозитивно и секогаш ја гледа поубавата страна на работите од мене, ама сепак ако не си го испотиш газето, џабе фантазираш и си замислуваш вештачки илузии. Но, ако ви е полесно животот да си го поминете во заблуда, зошто да не.

Сепак, мислам дека на крајот таа кула од позитивни мисли ќе се распадне.
 
Член од
17 февруари 2007
Мислења
48
Поени од реакции
2

Баунти хантер види вака... The Law of attraction си е тој без разлика дали ти веруваш во него или не едноставно тој постои е сеа разликата е со некој луѓе го користат бенефитот од ова а некој не. :wink:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
За да работи законот онака како што ние сакаме, треба да имаме мотив. Вистински мотив. Како на пример сакана личност за која се би направиле. Инаку зошто би посакувале било што? А ако немаме мотив, можеме и без него да светиме наоколу, од љубов. :) Бидејќи таа е што не прави кул. Љубовта е кул. :icon_cool И привлекува, верувајте. Јас кога бев заљубен во една, привлекував други, бидејќи светев :) Сега гледам дека може да се свети и без неа. Секако не е тоа истото, но ако условено светиш, условено и ќе згаснеш. Сакај се прво себеси. Ако правилно го направиш тоа резултатот ќе биде светење наоколу, не нарцизам. :smir: Ај да бегам.
 
Член од
31 октомври 2008
Мислења
42
Поени од реакции
1
Љубовта е кул. :icon_cool И привлекува, верувајте. Јас кога бев заљубен во една, привлекував други, бидејќи светев :) Сега гледам дека може да се свети и без неа.
So true :aplauz:
И јас мислам така, кога си заљубен зрачиш со некоја енергија и сите те посакуваат - искусено :wink:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ај една ваква тема...:smir:
Принципот на законот за атракција нагласува дека мислите и чувствата на луѓето привлекуваат реални настани во нивните животи и имаат директно влијание врз нивните физички, емоционални и професионални врски.Се зборува дека оние што се славни и богати добро ја знаат и ја практикуваат оваа тајна.

Според мене, ваше е да верувате во ова, но во глобала, животот се одвива добро само кога си позитивен. Убаво е човек да има, во нешто да си верува, да му служи како мотив и да го движи напред.
Проблемот со законот за атракција е што не бира помеѓу лоши и добри мисли. Затоа треба да се контролираат мислите. Иако звучи глупо, тоа е можно со елиминирање на лошите работи што не опкружуваат.

Jaс на пример пробав да ги контролирам мислите, и да ги одстранам лошите работи од мојот живот. Донекаде ми успева. Реално...нормално у животот има позитивни и негативни нешта. Со радост ги прифаќам позитивните нешта. сакам да се дружам со позитивни луѓе...одбегнувам негативни луѓе коишто шират таква енергија...и придонесува јас да се чувствувам така! Имало и некое филмче за оваа тематика....ама не знам као се вика...ако некој знае...го замолувам да пише.
Шо мислите вие форумџии за оваа тема?
Let it be....Shmek :smir:
Јас верувам дека оптимизмот игра улога во многу работи. Влијае врз твојот однос со другите луѓе, а тоа влече и многу други работи. Ама не верувам дека тоа е единствено нешто што ти е потребно за да имаш нешто. Тешко дека да имаш сон за нешто, дека само преку сонување ќе ти падне од небо. Кога сонот ќе го претвориш во цел, веќе е друго нешто, имаш избор, имаш шанси, можности да придонесеш да го оствариш. Во филмот имаше примери во стил, тип уште како мал имал слика од тоа како сакал куќата у иднина да му изглеа. И коа пораснал чепкал по старите работи, ја нашол сликата и не можел да се изначуди како сега живее во таа куќа, што е на сликата. Не само куќата, туку и многу други работи што му биле сон. Он верувал, ама типов и превземал иницијалтива да дојде до тоа. Не бил паразит што само седел, се хранел и спиел туку се активирал со цел сонот да си го оствари. И си успеал. Сите го можеме ова, не е некоја голема филозофија. Едноставно е, најди цел, дефинирај ја убаво, активирај се, напни малце и ќе успееш.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Привлечноста не е логична работа,тоа не е избор и доаѓа во нашата потсвест.Тоа е чекор по чекор што се гради но може и да се случи во моментот.Се зависи до тебе и до твојот начин на размислување.Размислуваш позитивно,добиваш позитивно,иако не е секогаш така,треба секогаш да продолжиш напред и да заборавиш на минатото.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Привлечноста не е логична работа,тоа не е избор и доаѓа во нашата потсвест.Тоа е чекор по чекор што се гради но може и да се случи во моментот.Се зависи до тебе и до твојот начин на размислување.Размислуваш позитивно,добиваш позитивно,иако не е секогаш така,треба секогаш да продолжиш напред и да заборавиш на минатото.
Што правиме со тоа што 95% oд умот е несвесен.
Човек што знае да плива троши 1% да речеме од силата
што ја има и не се дави.
Давеникот троши 100% од силата и пак тоне.
--- надополнето: Nov 6, 2011 9:58 PM ---
За да работи законот онака како што ние сакаме, треба да имаме мотив. Вистински мотив. Како на пример сакана личност за која се би направиле. Инаку зошто би посакувале било што? А ако немаме мотив, можеме и без него да светиме наоколу, од љубов. :) Бидејќи таа е што не прави кул. Љубовта е кул. :icon_cool И привлекува, верувајте. Јас кога бев заљубен во една, привлекував други, бидејќи светев :) Сега гледам дека може да се свети и без неа. Секако не е тоа истото, но ако условено светиш, условено и ќе згаснеш. Сакај се прво себеси. Ако правилно го направиш тоа резултатот ќе биде светење наоколу, не нарцизам. :smir: Ај да бегам.
Услов No 1 е да си се сакаш :)
После се друго.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Што правиме со тоа што 95% oд умот е несвесен.
Човек што знае да плива троши 1% да речеме од силата
што ја има и не се дави.
Давеникот троши 100% од силата и пак тоне.
Епа прост пример вчера се поднапив и изгубив контрола врз себе.Станав лошото момче и зезав девојки на несвесен начин привлекував внимание.Иако не сум таков по природа и се што верувам е љубов таа фиктивна работа што не постои,али ја чувстувам.Иако после таа ароганција и препотентност моја изгубив голем дел од тоа впечатокот што го оставив,не велам дека не може да се врати.Сега се зависи до мене дали сакам,но искрено за првпат почустував магнетна привлечност и се чувстував прекрасно,од почеток малку нервозно и се гледаше по мене.Но како и да е неможам да го контролирам кога некоја девојка ми е привлечна и имаме исти интереси,правам се и сешто да види со своите очи дека сум нешто што досега не го искусила.
 
T

theTinule

Гостин
Ќе ме убие еден член за ставов.

Живи глупости. Не можам да помислам на нешто поглупаво.
„Тајната“ е добра за да те поттикне да размислуваш позитивно, да. Топ е. Прекрасно ти објаснува као да имаш мир и бла бла.

Книгата нема да ти донесе успех на било какво ниво дали чекови да ти стигаат по пошта, дали да си купиш некоја скапа кола итн. Упорноста е тоа што не носи до успех, а не мислата.
Нема да ослабиш ако си повторуваш секој ден „Јас сум слаба и сум прекрасна“ и не идеш у теретана него само си го замислуваш тоа и си визуелизираш како се глеаш на огледало и си слаба, а уствари лежиш на тросед со канта крем у раце.
Истото е тоа со парите.
Ако мислите дека немате доволно, ќе создадете околности во кои нема да имате пари. Мора да се концентрирате на изобилство за да го привлечете. Треба да мислите дека имате повеќе од доволно и со своите мисли треба да испраќате нов сигнал. Навистина, на помош треба да ја повкате дантазијата у да поверувате дека веќе ги имате праите што ги посакувате, а тоа е навистина забавно! Додека така размислувате и додека си замислувате дека имате цело богатство, ќе зазбележите дека веднаш сте почнале подобро да се чувствувате во поглед на пари, а кога ќе почнете подобро да се чувствувате, ќе почнат да се слеваат пари во вашиот живот
Пак се насмеав (( :
Забавно е стварно!
Не функционира -.-
Функционира само психолошки, да, навистина се чувствувам подобро коа си замислувам дека иам повеќе пари од доволно, ама ко ќе ги отворам очите, reality is in tha hood and it's hurting my feelings, I don't have tha moneeh.
Упорноста е тоа шо не праи асални луѓе, а не замислувањето дека сме асални.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom