Goran Bt
локал патриот
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 9.326
- Поени од реакции
- 8.342
http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=114570
Екс претседателот на актуелниот фудбалски првак Македонија ЃП, Благоја Николовски, ја објави својата кандидатура за претседателското место во ФФМ.
На денешниот прес тој ја изнесе својата стратегија што ќе го постави македонскиот фудбал на позициите што ги заслужува.
Првата програма досега спротивставена на Харалампие Хаџиристески, прв пат без отровни стрели кон конкурентот, е базирана врз четири постулати. Нова визија за организација на федерацијата,формирање на здружение на прволигаши и второлигаши,независна и авторитетна судиска организација и развој на младинскиот фудбал.
„Најважна е транспарентноста на фудбалската федерација. Според мене фудбалската федерација мора минимум еднаш месечно да има прес конференција каде што ќе одговара на новинарски прашања, ќе ги презентира плановите на фудбалската федерација и на тој начин целата јавност ќе биде запознаена. Нејасно е зошто. Сите знаеме дека УЕФА и ФИФА имаат фондови за развој на фудбалот. Не ми е јасно зошто тоа транспарентно не се каже“ изјави Благоја Николовски
Покрај транспарентноста и чесноста во работењето, според Николовски фудбалската игра ќе се заштити од разни притисоци, скандали, корупции и со независна и авторитетна судиска организација, но посебно место во програмата на засега единствениот противкандидат на хаџиристески, завзема и развојот на младинскиот фудбал и создавање на вистински услови за негов развој.
„Ние мораме базата да ја ставиме кај младите, младите категории секаде во светот тренд е да се купуваат готови играчи со огромни пари, а другото е свртено како бизнис во младите категории. Ние ако имаме 19-години репрезентација која ќе учествува на некое Европско првенство, ние сме направиле многу“ додаде Николовски за младинскиот фудбал.
Регуларноста на натпреварувањето, ТВ права и комплетната организација на првенствата треба да профункционира на вистински начин преку здруженијата на прволигашите и второлигашите како посебни правни лица.
„Федерацијата е едно, клубовите во здруженијата ќе си направат критериум, а федерацијата е таа која што треба да врши контрола. Дали е усогласено со статутот на федерацијата и нормално со статутот на УЕФА“ Николовски изјави за здружението.
Благоја Николовски летоска се повлече од функцијата претседател на ФК Македонија ЃП со која ја освои историската прва шампионска титула а во трката со Хаџиристески, според најавите, треба да влезе кон крајот на годината на собранието на ФФМ
Е сега едно прашање до сите навивачи и гледачи на макфудбалот дали овај е подобар од хари или да биде некој трет .
по мое мислење не го знам многу ќовекот ама не ми е баш некој добар избор уште како прво штом се фатил во велија сумлив ми е од старт и толку на сила да го туркаат за прецедател плус тоа во уефа како што рекоа дека има истрага за македонија ѓорче петров за утакмици кога тој беше прецедател на клубот дека е под истрага како со ова презамње да сака да се амнестира или задскрие позади функцијата ако ја добие и тоа што ги стафил 4 точки за младите нормално секој ќе ја стави таа точка не ништо по опширно не кажаа како мисли да го направи напредокот на младите школи друго за прволигашите и второлигашите да направат повторно свои здружениеа е стара работа која не баш функционираше и тогаш сеамо се поделија клубовите на блокови и си даваа подршка едни со други сепак сум да ги има здруженијата ама не е измислена топла вода туку само ќе се обноват старите работи друго за судиите како мисли да биди афторитена со свој бужет од федерацијата сами да се бираат или еден да ги бира кој судии да судат како што сега ми се гледа тој попчев ќе сакаат да го местат стално е на тв многу не јасни работи и кратко објаснето што и како мисли да направи со мак фубалот и што е најтрагично уште не преземена функцијата се оградува од успеси демек ќе требало време и години да се средат работите за да има резултати предвреме ескивира мнгу ми е сумлив па и немал делгати така се кандидирал море мајката е ај јас да се кандидирав без никој и зад мене а чудно
ps.барам подетално навивачите од ѓорче да се искажат за овај човек мислам секој што го знае не дека ние ќе решиме кој ќе биде само да знеме на што сме и како сме дали ќе биде подобар или исти или полош од хари :smir:или пак трет :helou: