Филип го моли Исуса да им го покаже Отецот. Исус му одговара: Кој ме видел мене, го видел Отецот. Јас и Отецот сме едно. Исус е Бог.
Аwе многу си брз.
Јован 10:
30 Јас и Татко Ми едно сме.”
31 Јудејците пак донесоа камења, за да Го убијат со камења.
32 Исус им одговори: „Ви покажав многу добри дела од Мојот Татко; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?”
33 Јудејците Му одговорија: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство - зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.”
34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’ (Псалм 82:6)
35 Ако ги наречува богови оние, на кои им беше упатено Божјото Слово - а Писмото не може да биде нарушено -
36 зошто вие Му велите дека хули на Бога Оној, Кого Таткото Го посвети и Го испрати во светот, - зашто реков: ‘Јас Сум Божји Син?’
37 Ако не ги правам делата на Мојот Татко, не верувајте Ми.
38 А ако ги вршам, верувајте им на делата, ако Мене не Ми верувате, за да сознаете и познаете дека Таткото е во Мене и Јас во Него!”
Ја сфаќаш ли сега смислата на таа реченица?
Ја воочуваш ли разликата помеѓу Бог и Божји Син?
Јован 17:20-23
20 Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене,
21 за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати.
22 И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно;
23 Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно, за да знае светот дека Ти си Ме испратил, и дека ги љубеше нив, како што Ме љубеше Мене.
Од ова логичен заклучок би било дека Таткото и Синот не се едно, туку се толку сложни што можат да се наречат дека се „едно“. Всушност, тоа е и целта на Исус со овие зборови, да докаже дека е Божји претставник и дека ја врши волјата на неговиот Татко.
И плус тоа размисли вака, како е можно семоќен Бог без почеток и крај, апсолутен владетел на се и сешто, да се спушти на ниво на креација и да биде каменуван, исмејуван, плукан, па и убиен? Unacceptable.
Ама џабе објаснувам јас, тебе ти е поважна традицијата отколку вистината.