Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ајде полека. Шо мора одма да се накострешувате?

Исус исцелуваше во саботен ден (многу гооолема работа за евреите како шо си читал), а камоли да се придржува до еврејските правила за женење и чекање на внуци.
Исцелувањето кое исус го направи беше работа према требе???
Еврејскиот закон забранува да ја вршиш твојата работа во Сабота, но не и да му служиш на бога или славиш бога.
Сега кажи дали исцелувањето кое исус го направил во Сабота било негова работа или беше за слава и во име на Бога (онака како и стариот завет бара да биди Саботата - ден посветен на Бога)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Доообро, ти си знаеш. Ама чисто информативно: не се што е ставено на хартија е веродостојно и точно. (ко шо викат нашиве: се шо лета, не се јаде).
Ама чисто информативно: не се што е ставено на хартија и на интернет е веродостојно и точно.

Ова за твоите линкови:helou:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Во ниту една библија не постои зборот БОГОЧОВЕК , за ова можеш слободно да ја отвориш секоја библија коа ќе ти дојде в раце, дали печатена или во електонска форма и да ја пребараш целата Библија, и ке се увериш (а одама си веќе уверен) дека во ниту една од нив не постои зборот БОГОЧОВЕК, ниту некогаш Исус се нарекол себеси БОГОЧОВЕК . Ти слободно прелистај ја секоја библија која ќе ја добиеш, па кога ке го најдеш тој збор јави се тука.
Она што е најблиску до тоа, можеме да најдеме , во Јован 1:18.

Зачудувачки е фактот што во ниту еден превод не стои СИНБОГ, освен во Македонскиот и тоа во поновите изданиа, инаку во постарите не стои.

За да не речеш дека не е така ке ти дадам пример колку за споредба :

Имајки предвид дека Новиот Завет е напишан на Грчки јазик и тоа не на било кој Грчки туку на старо Грчки јазик познат под називот КОИН кој што се употребувал во раното Христијанство, прво ке погледнеме како е даден таму овој стих.

Κοινη (ГРЦ)
ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1550 Stephanus New Testament)
18. θεον ουδεις εωρακεν πωποτε ο μονογενης υιος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο
( на англиски е преведено " begotten Son " или на македонски едино родениот или самородениот, но исто така и на другите јазици е преведено како единородениот или самородениот син но нигде нема да најдете СИНБОГ, а тоа ке го видите и сами во понатамошноте излагања на истиот стих на различни јазици).

ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1881 Westcott-Hort New Testament)
18. θεον ουδεις εωρακεν πωποτε μονογενης θεος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο ( преводот е ист како и погоре но не е СИНБОГ ).

ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1894 Scrivener New Testament)
18θεον ουδεις εωρακεν πωποτε ο μονογενης υιος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο
[/b]
Да видиме како е преведена во другите библии.
јоан 1 (1940 Булгариан Библе)
18. Никој, кога да е, не е видјал Бога; Единороднијат Син, којто е в лоното на Отца, Тој Го изјави.

John 1 (Douay-Rheims 1899 American Edition.)
18. No man hath seen God at any time: the only begotten Son who is in the bosom of the Father, he hath declared him.

John 1 (King James Version)
18No man hath seen God at any time, the only begotten Son, which is in the bosom of the Father, he hath declared him.

John 1 (Holman Christian Standard Bible)
18 No one has ever seen God. The One and Only Son the One who is at the Father's side He has revealed Him.

Овие преводи како и многу други се базирани и преведени od (A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus

Но кога ќе анализираме малку подетално и ке ги разгледаме аргументите ќе увидиме дека не е во секоја Библија преводот ист.

Пример:
John 1 (New International Version)
18. No one has ever seen God, but God the One and Only,who is at the Father's side, has made him known.

John 1 (New International Version - UK)
18 No-one has ever seen God, but God the One and Only, who is at the Father's side, has made him known.

Како тоа да еден ист стих се преведе на различни начини и со различни значања ?!!!
Многу едноставно, причината за овие разлики е во тоа што последните две библии не се наклониле на (A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus каде што стои ЕДИНОРОДЕНИОТ СИН , туку поголемиот дел од нивниот превод се преведувал од (S)=Codex Sinaiticus, (B)=Codex Vaticanus,(C)=Codex Ephraemi, Единородениот Бог, што само по себе е парадокс.
...................................................................................................................

Стихот при преводот е превземен од изворите (A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus, но на него е додаден зборот Бог кој што е превземен од изворите (S)=Codex Sinaiticus, (B)=Codex Vaticanus,(C)=Codex Ephraemi, се со цел да се создадат некакви си Аргументи, наводно дека Исус е Бог.

Јас сум длабоко убеден дека измените кои се правеле и се прават сега, ќе продолжат и во иднина.

Како и да е јас сепак тебе Барабанџија те повикувам , нам да ни покажеш, и ни донесеш аргументи од било која Библија на било кој јазик и од било кое време да ни покажеш каде тоа во Библијата стои зборот БОГОЧОВЕК.

Но да погледнеме накратко која е пораката од овој стих:

18. Бога никогаш никој не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он го објави.

Што сакаш појасно од ова Барабанџијо ?!!!
Бог никој никогаш не го видел, самите овие зборови се доказ дека Исус не е Бог. Имајки предвид дека тој престојувал меѓу луѓето, живеел меѓу нас. Туку како што продолжува стихот Бога го објавил, го најавил Исус, за верата , и начинот на кој што треба да се верува, за неговото постоење.

Исус не бил ништо повеке, туку Пратеник како и сите останати Пратеници кои биле пратени да ни го објават вистинскиот пат и начинот на кој треба да веруваме и да се молиме.
Вие го нарекувате Отец во библијата оној кој што Исус го објавува.
Зарем Исус не вели Отецот е поголем од мене ?

Јован: 14:28 :„Чувте дека Јас ви реков: “Одам од вас и пак ќе дојдам при вас.”Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам при Мојот Отец; зашто Мојот Отец е Поголем од Мене.
Јован: 10:29 Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.

Примери во самата Библија дека Отецот е Поголем од Исус има многу, но за секој разумен човек и овие аргументи кои ги наведов тука се повеке од доволно за да ја свати вистината, за да свати какви валкани игри се прават од вашите свештени лица, какви манипулации се прават со таканаречените свети книги ( Библијата ).

Не заборавај, дека јас не треба да ти докажам дека Библијата не е веродостојна, туку ти која веруваш и ја браниш треба да докажеш за веродостојноста на библијата , за кое јас сум цврсто убедена дека за такво нешто никој нема капацитет и знаење за да може да докаже, од проста причина , што аргументите кои ја деградираат библијата се премногу, а вие немате контра аргументи.

Јас сепак нема да ти кажам да се откажеш од твоето верување, слободно настојувај да веруваш во тоа што ти веруваш, но она што јас барам и очекувам од тебе е , да ти во најмала рака сам си земеш и ги анализираш приложените Аргументи и тоа непристрасно кон ниту една религија, туку сето тоа да се анализира од неутрална перспектива.

Те читам дека се удираш в гради, те како ние сме немале аргументи, или не сме биле во можност да сватиме затоа што не го разбираме светото тројство, небаре ти ни достави некаков аргумент, се што постираше на оваа тема е твојот филозофски пост.

Ти Барабанџијо , ако си искрен демантирај ги дадените аргументи со издржливи докази.
Со радост ќе почекам да ги прочитам твоите контра аргументи , само се надевам дека нема пак да се (избациш) со некакви си филозофски текстови.
Многу текст, но и многу лоши (однапред поставени) заклучоци.

Ај да ти одговорам:

1.Си вадел цитати, си логицирал, си преведувал, си анализирал и ништо не си докажал. Како да те побивам со контра аргументи овде кога ништо особено не си изнел, нема шо да побивам, никаква интелигентна конструкција. Некаде велиш дека Исус бил обичен човек некаде велиш дека бил божји пратеник. Знам дека многу едноставно за сите да видат и да се уверат сакаш да докажеш дека Исус не бил Бог, но мошне пристрасно размислуваш, со фанатички антихристијански тенденции, и површно. Знај дека така лесно преку вакви постулации тоа не си го докажал, од проста причина што вака тоа е невозможно. Ти го презираш христијанството и сакаш да го напаѓаш, да го исмеваш, да го понижуваш, а јас само го бранам и не го отфрлам. Јас не го напаѓам исламот, (и најискрено го почитувам како духовна религија, иако малку знам за прикаската со Мухамед и другото (не сум ја читал вашата света книга)), а ти упорно се трудиш на погрешно место и на погрешен начин да најдеш некаков доказ против Христос на христијаните, ете читаш библија, умуваш, бараш реченици; залудно контрираш. Зошто??? Во ред, ти не си христијанин, но јас (за жал) не сум христијански фанатик.

[FONT=&quot]2.Ти велиш:[/FONT]

18. Бога никогаш никој не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он го објави.

Што сакаш појасно од ова Барабанџијо ?!!!
Бог никој никогаш не го видел, самите овие зборови се доказ дека Исус не е Бог. Имајки предвид дека тој престојувал меѓу луѓето, живеел меѓу нас. Туку како што продолжува стихот Бога го објавил, го најавил Исус, за верата , и начинот на кој што треба да се верува, за неговото постоење.
Бога никогаш никој не Го видел (точно). Единородниот Син (единствениот син кој Бог го родил, неспоредливиот). Кој е во крилото на Отецот (едното лице од Светото Тројство, две крила, еден Бог). Он го објави (Он го претстави). При последново можеш да читаш и дека Христос го објави Господа и дека Господ го објави Христа, што е суштински сосем исто и не отстапува од христијанската доктрина.

Мислам дека вистинските христијани со чувство за филологија ова вака го разбираат, а ако не, би сакал некој да ме поправи и да ми укаже на друго, бидејќи поинаку ова јас не би можел да го толкувам.

3.Со твоите текстови некаде ти сакаш да кажеш дека ете убаво си пиши во Библијата и авторите знаеле што пишуваат, вистина пишувале но поповите ни го вртат умот, а сепак некаде велиш дека Библијата лаже и тоа за сосем истото нешто за што кажува вистина, што е твој погрешен заклучок. Значи ти сакаш да кажеш дека и во самата Библија го пишува она што исламот го вели, дека Исус не е син на Бог ами е божји пратеник. Но Библијата не вели така. И тебе можи да ти се чини дека си нашол капак на секој фрагмент од Библиски текст, но сепак вака нема да ме разубедиш. Ќе мораш да ја објасниш целината то ест Бога, а не да гледам само демонстрација на твоите антихристијански пориви.[FONT=&quot]
[/FONT]
[FONT=&quot] И сега како да те демантирам поинаку кога си така убеден во спротивното? Бидејќи ти ми цитираш текстови каде не пишува дословно дека Исус е Син Божји, мене не ми останува друго освен да ти испратам текст каде Библијата дословно вели дека Исус тоа е, Христос, Син Господов. Еве нешто, мислам дека за сега е доволно:[/FONT]

1 Она, што беше од почетокот, што го чувме, што го видовме со своите очи, што го набљудувавме и што го опипаа нашите раце, за Словото на Животот - 2 и животот се јави, и ние Го видовме и сведочиме и ви навестуваме вечен живот, Кој беше со Таткото, и ни се јави нам -
3 она, што го видовме и чувме, тоа ви го навестуваме и вам, за да имате и вие заедништво со нас. А нашето заедништво е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос.
4 Ние ви го пишуваме ова, за да биде вашата радост полна.
5 И ова е веста што ја чувме од Него и што ви ја јавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина.
6 Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината.
7 Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нè очистува од секој грев.
8 Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас.
9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.
10 Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас.

1 Јованово 1

Секој вистински татко е поголем од својот син, уште повеќе ако таткото е Господ, величието на вселената во цел свој сјај. А Христос, според христијанското учење се изедначил со Бога и застанал од десната страна на Отецот после неговото воскресение. Затоа славиме Велигден.

[FONT=&quot]Поздрав[/FONT]
 
S

smart ass

Гостин
Ама чисто информативно: не се што е ставено на хартија и на интернет е веродостојно и точно.

Ова за твоите линкови:helou:
Да и оние видеата..за металите.

Ако малце познавате интернет-треба да ви биде јасно дека-има доза на субјективност.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Пошто Христос и Самиот рече дека не е дојден ад го укине Законот и пророците, туку да ги исполни, така, според Законот, но и според римското световно право, никој не можел да се нарече „возрасен/дораснат„ пред својата 30-та година. Така, Христос, почитувајќи за и староаветната јудејска традиција но и световните закони, се до својата 30-та година, не се експонирал јавно, се до Неговото крштевање од Јована, откогс и почнува Неговото јавно проповедање на добрата вест.
Нема врска Римското право. Се работи за Мојсеевиот закон. Според него човек мора да има повеќе од 30, а помалку од 50 години за да може да влезе во одредот за вршење служба во Храмот.
А мора да го земеме предвид и Божјото време "Времето се исполни..." (Марко 1:15), за кое што може да се зборува на долго и широко.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Според мене од низа книги кои сум ги прочитала Исус е освестен човек кој ЗНАЕ дека е дел од БОГ, ЗНАЕ ЗОШТО Е ДОЈДЕН НА ЗЕМЈАТА, и се обидел да ни каже како треба да се живее животот. Неговата цел не била да умре во мака за да не спаси нас туку да ни покаже како да живееме-исправно, за да сами се спасиме од повторните раѓања. Пеколот е на земјата Со свесните грешки што ги правиме во животот ја заработуваме лошата карма која треба да се обработи во овој или некој следен живот.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Според мене од низа книги кои сум ги прочитала Исус е освестен човек кој ЗНАЕ дека е дел од БОГ, ЗНАЕ ЗОШТО Е ДОЈДЕН НА ЗЕМЈАТА, и се обидел да ни каже како треба да се живее животот. Неговата цел не била да умре во мака за да не спаси нас туку да ни покаже како да живееме-исправно, за да сами се спасиме од повторните раѓања. Пеколот е на земјата Со свесните грешки што ги правиме во животот ја заработуваме лошата карма која треба да се обработи во овој или некој следен живот.
И јас вака мислам.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131

Грешка мислиш...цитатов вели поинаку..
Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина.”
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ајде полека. Шо мора одма да се накострешувате?

Исус исцелуваше во саботен ден (многу гооолема работа за евреите како шо си читал), а камоли да се придржува до еврејските правила за женење и чекање на внуци.
Исцелувањето кое исус го направи беше работа према требе???
Еврејскиот закон забранува да ја вршиш твојата работа во Сабота, но не и да му служиш на бога или славиш бога.
Сега кажи дали исцелувањето кое исус го направил во Сабота било негова работа или беше за слава и во име на Бога (онака како и стариот завет бара да биди Саботата - ден посветен на Бога)
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Исцелувањето кое исус го направи беше работа према требе???
Еврејскиот закон забранува да ја вршиш твојата работа во Сабота, но не и да му служиш на бога или славиш бога.
Сега кажи дали исцелувањето кое исус го направил во Сабота било негова работа или беше за слава и во име на Бога (онака како и стариот завет бара да биди Саботата - ден посветен на Бога)
Па ти цело време цитираш еден та ист стих..дека Исус не дошио да промеи ниту јота ..како тогаш лекувал во Сабота..спротивно од законите?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Па ти цело време цитираш еден та ист стих..дека Исус не дошио да промеи ниту јота ..како тогаш лекувал во Сабота..спротивно од законите?
На Исус му било РАБОТА да лекува или тоа го правел ЗА и ВО име на бога.
Исус бил исцелител со работно време?? наплаќал за тоа?
Библијата вели да не ја ВРШИШ ТВОЈАТА РАБОТА во ден саботен туку денот да му го посведиш на славата и сеќавањето на Бога.
Инаку има работи кои се дозволени да се прават во Сабота, смееш да му помогнеш на некој во невоља (како парализирана жена, слеп човек, болен) смееш да му дадеш вода на животните, смееш и да направиш нешто за Бог.

Спрема тебе испаѓа дека Исус РАБОТЕЛ во сабота? Дали лекувањето, чудата и проповедите биле РАБОТА на Исус?
Тој тоа го Работел како работа или го чинбел за слава и во име на Бог?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
На Исус му било РАБОТА да лекува или тоа го правел ЗА и ВО име на бога.
Исус бил исцелител со работно време?? наплаќал за тоа?
Библијата вели да не ја ВРШИШ ТВОЈАТА РАБОТА во ден саботен туку денот да му го посведиш на славата и сеќавањето на Бога.
Инаку има работи кои се дозволени да се прават во Сабота, смееш да му помогнеш на некој во невоља (како парализирана жена, слеп човек, болен) смееш да му дадеш вода на животните, смееш и да направиш нешто за Бог.

Спрема тебе испаѓа дека Исус РАБОТЕЛ во сабота?
Не според мене.. според Библијата..
А книжниците и фарисеите Го набљудуваа - дали ќе лекува во сабота - за да можат да Го обвинат.
И како влезе во Божјиот Дом, ги зеде поставените лебови и јаде, им даде и на оние, кои беа со него, што никому не е дозволено да ги јадат, а само свештеници
им рече: „Човечкиот Син е Господар и на саботата.”
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Јас точно напишав од многу книги кои сум ги прочитала, значи не ја цитирав Библијата која според мене е добро исчистена од страна на црквата и тргнати сите делови за кои се мислело дека „ке штетат на човекот“. Вистинската Библија претпоставувам дека ја има негде во архивите на Ватикан. Се трудам да живеам како што сакал да ни покаже Исус, а верувам во Еден единствен Бог од кого сите души на овој свет настанале.
 
Вистинскта Библија..во Ватикан..аман бе луѓе ко да се работи за коцката од Трансформерс...така зборувате..Библијата е збир на списи со преку 25.000 преписи..потврдени..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom