Моме мило, ако добро ми те разбрав... те откачил за некоја шо му личела поубава од тебе, па после она него го откачила, и сеа никој не е со никого. И сеа ти (бидејќи викаш дека „сеуште не ти се десило тоа“) чекаш да ти дојде и да те замоли да се смирите. И бараш совет од други како би постапила во тој момент?
Така?
Во прва година средно, колку што претпоставувам дека си, хемијата е тешка за сфаќање... родителите, уште потешки. Али да се сметаш за доволно паметен да сфатиш (а со тоа и да играш) љубовни игри... е богами, ова е револуционерно. Ако воопшто можам да ги наречам „љубовни“
Нејсе, една работа од целово ова треба да заклучиш. Прво, не си доволно зрела за сама да оформиш мислење за некој твој проблем (кој реално не постои, ама сакаш да го има. Донекаде те сфаќам). Второ, треба да си поставиш граница на доверба - ако веќе бараш совет, барај од блиски другари, или прај си муабет со твоите (добро, ова знам дека тешко ќе ти иде
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
), али не се надевај дека со интернет гласање ќе ја добиеш правилната одлука.
И на крај - почекај веќе еднаш тој да ти побара да се смирите, па после отварај си го ова прашање во главчето, пред другарки, на интернет... Не е така попаметно?
Со постов не се обидувам да се прам старудија, нити да настапам како некој учител. Само сакав малку да подвсадам разумно размислување.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)