- Член од
- 22 август 2009
- Мислења
- 615
- Поени од реакции
- 221
Полека драги скокачи.
Дали ако кажеа дека истите пари (а не се малку) место да дадат ваучери, ќе ги инвестираат во средување на студентските домови или во инвестирање во книжниот фонд на библиотеките на факултетите (кој е срамно мизерен), вие немаше да се буните?
Тикви! Пак ќе барате ваучери и тогаш на скопјаните ич нема да им биде гајле за "колеги генијалци со 4 деца во фамилија што мора да одат во интернет кафе"! Не изигравајте хумантираци, доволни се а1 и сител!
Пак значи на крај не се работи за вашиот личен интерес, а не за општото добро како што некои пробувате да го претставите тоа.
И како успевате бе луѓе да се сплотите и да делувате како едно кога треба да добиете нешто материјално? Како ниеднаш не се собраа повеќе од 20тина луѓе кога треба да се протестира за нешто што би било за општото добро на сите студенти? За промени кои можеби вас ќе ве мавнат по нос, но од кои идните генерации ќе имаат бенефит? Каков ќар ќе имаат идните генерации од вашите компјутери? Ќе ви ги читаат вечните постови на форумов? Што не направите протест за да се открие каде одат тие пари што се уплаќаат за студентски сојуз? Што не се буните кога уплаќате за книжен фонд, ги земате книгите од библиотека, ги враќате партал направени, ама цела година сте ги користеле? Или тогаш ви чини?
Партиципацијата е за да учите на факултет, да добиете знаење од факултетот! Со кој дел од таа партиципација вие сте задолжиле било кого да ви даде компјутер?
А ти студент си?