По американската судска пресуда за дебарските Албанци, како дел од радикална исламистичка група за планирање терористички напади на воени бази во САД, се појави уште еден скандал со Албанци во САД т.е. сомнение за помагање терористички акции на радикални исламистички групи во САД и странство.
Радикалниот исламизам кај некои Албанци резултира со нетрпеливост кон христијаните, без разлика дали се во САД или Македонија, се распламтува. Премногу нападно се бунат
некои Албанци што МАНУ напишале дека се новодојденци во Македонија и дека некои народи ги нарекувале нив арнаути, но кога турците како муслимани ги нарекуваат арнаути, не им пречи.
Она што најмногу загрижува е дека некои Албанци, кои се радикални исламисти се свртија и против САД, 90% христијанска држава, која најмногу и безрезервно ги поддржуваше во последниве две декади.
Од вестите на СИТЕЛ...
КОСОВСКИ АЛБАНЦИ ПОМАГАЛЕ ТЕРОРИЗАМ ВО САД
Даниел Патрик Бојд и Хисен Шерифи се наоѓаат меѓу седуммината уапсени во август во Северна Каролина под сомнение дека планирале напади во странство, како и за давање материјална поддршка на терористи. Според најновото обвинение, тие двајца исто така планирале и напади врз американскиот воен персонал во база во Вирџинија.
Американското обвинителство нагласи дека Бојд бил инструктор за обука во терористички кампови во пакистан и Авганистан од 1989 до 1992 година, додека Шерифи е роден на Косово со постојан престој во САД.
Извор: СИТЕЛ ТВ, 28.09.2009, 09:19
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=D17AEFB79FC12E4FABF336C185090FD8