Мамење на тестови?

Дали сте мамеле на тестови?

  • Секогаш!

    Гласови: 295 31,1%
  • Се случувало...

    Гласови: 584 61,6%
  • Никогаш!

    Гласови: 69 7,3%

  • Вкупно гласачи
    948

●Mαrια...«3*

♥ 3 ♥
Член од
3 април 2009
Мислења
692
Поени од реакции
68
Да сосема си у право.Гадно ме заеба таа.Праев у средата тест најдов перфектно место кај да го скријам ливчето вежбав цел ден секундаро да го вадам и враќам доаѓа оваа на час и ми вели ај позади седни и ме здупи пошто беше различна клупата и не ми успеа нишо.И ај план б стапи на сцена у џеб ставање ливчето али у на дуксерот не панталоните.И доѓа оваа вика ај ранецот дај го и додека го зема вика дај џебчињата да провериме и тап ме фати.Среќа беше почеток па не јадеше бурек.




За оваа погоре што пишувам ако те види така со ранец ти го префрла на 10 метри од тебе и така на сите им праи.Едноставно нема шанси да препишеш.
Нема врска зависи кај кој.
Кај мојата класна немаш ни ранец на маса, кај математика тој само седи препишуваш колку ти душа сака, бизнис знае така така да види ама не ме фати предходниот пат, македонски ранецот под клупа ама може во комплет да имаш ливче.. а кај другите не сме праеле тест уште.
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Вие во училниците правите тестови, а ние во балетска сала
Секоја клупа една од една е на најмалку 2 метра растојание, по еден ученик на клупа :vozbud: професорот ако е напред не гледа шо прави тој во последна и обратно :smir: ама не е тешко за препишување, а за таа нада по физика лек е кондоми сите у џебот, па дали ќе и текне да ти проверува друг пат :smir:

јас лекцијата или па поважните работи си ги пишам во текст документ и го ставам на телефонот (САМО ЗА СОНИ ЕРИКСОН Е ВОА, ЗА ДРУГИТЕ НЕ ВАЛЈА) во other ili internet и го пуштам и си вртам, ама телефонот меѓу нозе ми стое кај препоните, на столчето ставен, кога не те гледа шириш нозе читаш, а истовремено се правиш дека пишиш и така. кога ќе дојде накај тебе професорот ќе ги споеш нозете.. и така.. ефикасно, и лесно изведливо, без замарање со лифчиња, тетратки книги
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
153
Поени од реакции
13
Препишување обавезно. Фората беше еднаш кога препишував и тоа со пенкало, знаете оние пенкала кои имаат календар завиткан во нив? Епа на другата страна мене ми стоеше материјалот за препишување, само што така пенкалото беше за една употреба. А за ова со ранците што спомнавте, тешко дека некој ќе ти дозволи така ( некои професори дури и бараат ранците пред табла да стојат ) освен кај нас беше дозволено тоа кај информатика на час.
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Ако повторувањето е мајка на знаењето, тогаш дефинитивно препишувањето е мајка на успехот и пат кон усовршување на снаодливоста. [\QUOTE]


Точно така!
Тоа го почувствував на кожа пред некој ден, и можам да кажам дека тоа е една голема вистина!
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.383
Поени од реакции
5.016
Мамите ли на тестови?
Јас во основно и средно секогаш препишував на предметите „историја“ и „математика“ и досега никогаш не ме фатиле! :baeh:

Имав 2 начина на препишување:

- Кога беше потопло, ќе облечев куси панталони и ќе го залепев ливчето од внатрешната страна на ногавицата. Кога ќе дојдеше „прилика“, само ја вртиш ногавицата нанадвор и си припишуваш;
- Кога беше ладно и неможев да носам кратки, едноставно го ставав ливчето под нога (бутот) на столчето, и си препишував.

Вие?

Јас кога препишував во основно и средно (заради предмети што ми беа глупи и досадни како музичко и право) ги пишував лекциите на мали ливчиња со сосем мали букви и кога ќе дојдеше време за препишување само ги ставав на внатрешноста на раката (дланката) и никогаш не ме фатиле. Успех 100%. Ама тоа го имам сторено 5-6 пати...

:pipi:
Ако повторувањето е мајка на знаењето, тогаш дефинитивно препишувањето е мајка на успехот и пат кон усовршување на снаодливоста. [\QUOTE]


Точно така!
Тоа го почувствував на кожа пред некој ден, и можам да кажам дека тоа е една голема вистина!

Треба да се снаоѓаш во секаква ситуација...
 

Бомбаш

Бомбаш Самоубиец
Член од
21 ноември 2009
Мислења
305
Поени од реакции
11
Сум препишувал и во средно и во основно...со лифчиња, дигитрони, кибритчиња што уште не...и за среќа ме немаа ниту еднаш фатено. Но многу е потешко на испрашување да се обидиш да мамиш. Еднаш се обидов на биологија со слушалки да и отидам, носеше наочари-диоптер 5. Седев од нејзина лева страна и никогаш не ја погледнував во очи бидејќи ќе ми ги забележеше слушалките, но за беља, пуштија музика од надвор, а звукот од слушалките беше многу тивок и ми избега, прераскажаното.
И многу е важно да знаеш на што да препишуваш, значи нешто што неможеш да го научиш, а не едно две ај ќе препишувам, па така сигурно еднаш ќе те фатат
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Препишував иако ништо не ми значеше оценката. Во основно бев супер ученик по однос на оценки и ме ставаа мене домашна да прегледувам по историја, и по евиденција сите имаа домашна а во реалност 90 проценти немаа, и ме издудла една бубалица женска, тоа е секогаш од предавници сме го кркале.
 
Член од
1 декември 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Јас во основно препишував така со ливчиња од дома спремени ептен мали и ситно пишувано...потоа ги згужвував ( ми се чинеше дека ако не е згужвано ке шушне кога ке го отворам и наставникот ке ме види:pos2:) и така си ги ставав ливчињата во несесер па малку го подотворам и и препишувам
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
1. Ќе си ги напишеш лекциите во Word, ќе си наместиш 3-4 колони, ќе си ставиш фонт 6, ќе си ги испринташ ливчињата, ќе ги скриеш негде и спремен си за препишување.. а сеа ако имаш трема, или слабо искуство може да те фатат...

2. Препишување на кое НИКОГАШ НЕ МЕ ФАТИЛЕ било коа ќе си напишам (обично формули) на ногата... само ќе си ги прекрстиш нозете како господин, и ќе си ги дигнеш ногавиците и си препишуваш баш како господин :)

edit: доколку ливчињата неможеш никако да ги вратиш назад во џеб или да ги фрлиш, мене секогаш најлесно ми било да ги скријам во уста(па ќе се стрпиш 2 мин со мало ливче во уста, исто како мастика ти е)...

И ај со среќа во препишувањето и памет :)
 

OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
Во ворд си го напишам на компјутер ги правам на 5 фонт и во три колони и после си ги исечам ливчињата и мака си немам си препишувам
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
Во ворд си го напишам на компјутер ги правам на 5 фонт и во три колони и после си ги исечам ливчињата и мака си немам си препишувам
Да али кога немаш тонер како јас денес ...Све рачно морав да пишам...
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Ne gi kazuvajte fintite oti i profesori i asistenti ima na forum hahahahahaha
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Сега ми текна и на друга дешавка од основно.

Од 5то до 8мо писмената по математика секогаш се паѓаше од тестовите од работната, па по дифолт некој си ги фотокопираше на минијатурен формат, некој ги бубаше на памет... Јас така еднаш на одмор земав најтешките задачи од таму (пошто имаше некои прилично заебани) ги препишав на табла, и така си останаа за време на тестот. Среќа не ми се паднаа тие задачи, ама му се паднаа на другар ми што седеше до мене, кој цело време се думел за една од задачите, се додека не дошла наставничката до него и видела кај закочил, па му се изнасмеала и му рекла дека ја има задачата на табла. :)

Сега во средно, кај математика најлесно се препишува. Си правам ливчиња, си ги бутам во прибор, и пошто професорката по цел час си се замара на компјутерот, кога нема да знам нешто си го вадам ливчето на клупа и препишувам. На другите предмети ми е страв, особено за физика. :ija:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
На секој тест мора да препишам..навика ми стана:nesum:во основно на ливчиња или во мобилен а во средно овие две опции се отворени + уште една пишуивам лекции,формули на пц и после кога ќе отиде професорот пред мене упалувам мониторот и препишувам :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom