Јовица Арсиќ ја напушти репрезентацијата!

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.623
Јовица Арсиќ од денеска повеќе не е селектор на македонската кошаркарска репрезентација.
basket.mkd.03.jpg

И покрај фактот што до истекот на договорот со МКФ има уште една година српскиот стратег смета дека токму сега е време да стави крај на соработката со македонската кошаркарска селекција. "Ми беше чест и задоволство да ја предводам кошаркарската репрезентација на Македонија. Сметам дека остваривме коректни резултати во изминатите три години. Откако заокруживме еден циклус на натпревари, а кога на сето тоа ќе ги додадам и личните причини, мислам дека ова е најдоборо време за промени." - изјави на денешната пресконференција Јовица Арсиќ и продолжи:
"Им се заблагодарувам на сите за коректната соработка, на луѓето во федерацијата, на играчите, медиумите и целата јавност. Големо задоволство ми беше да работам со играчи од калибарот на Врбица Стефанов. Им пожелувам среќа на сите кои ќе ја продолжат работата во репрезентацијата, а воедно им се ставам на располагање за било какви информации".

Арсиќ беше назначен за селектор на македонскиот национален тим на 26 јуни 2007 кога го наследи Јорданчо Давитков. Под негово водство на официјални натпревари забележавме биланс од 10 победи и 8 порази. Ги остваривме и првите две победи на едно ЕП. Арсиќ во моментов е без клупски ангажман, а во минатата сезона го водеше украинскиот Черкаски Мавпи.

Претседателот на Федерацијата, Даниел Димевски, рече дека е задоволен од соработка со Арсиќ кој ги исполнил барањата.
"Одработен е квалитетен тригодишен циклус. Селекторот имаше доблест да им даде шанса на неколку неафирмирани кошаркари, кои сега се стандардни репрезентативци. Кога станува збор за наследникот на Арсиќ можам да кажам дека сите опции се отворени. Ќе одржиме состанок на стручниот совет, при што ќе донесеме одлука дали новиот селектор ќе се избира веднаш или следната година во месец март или април. Ќе се трудиме да го одбереме најдобриот кој ќе ни биде на располагање и кој ќе можеме да си го дозволиме." - категоричен е Димевски.

Притоа не изостанаа ниту подароците. Капитенот на македонската репрезентација, Врбица Стефанов, во знак на благодарност до Арсиќ, што и покрај едногодишната пауза од активно играње кошарка му дал доверба за настап во репрезентацијата, му подари дрес од националната селекција со неговиот потпис, а МКФ на Србинот му подари старомакедонски симбол на вечноста.

На денешната пресконференција, во нов директор на машката сениорска кошаркарска репрезентација беше промовиран Врбица Стефанов, кој по ЕП се повлече од активното играње кошарка. Стефанов на оваа функција доаѓа на местото на Илија Мерџановски, кој таа функција ќе ја врши во женската репрезентација и младинските селекции.
"Со задоволство ја прифатив понудата од Федерацијата која ја добив буквално пред 15 минути" - истакна Стефанов.


Имало господ. :cuc:
 
Сепак ферски е да му се заблагодариме, со него го постигнавме најголемиот успех во историјата, иако можевме и повеќе од тоа.:wink:
 
Алелуја имало Господ и за нас. Сега ќе биде интересно да видиме кој ќе биде нов тренер:vozbud:
Море кој и да е бољи ќе биде од овој 102.3%:vozbud:

П.С. Како и да е фала за се. Сепак поради него дојдовме до 9то место на Европското
 
:vozbud::vozbud::vozbud:

Никогаш не го сакав Србинов, фала за ништо и have a nice coach life.

Сега нов македонски селектор и Антиќ ќе се врати во репрезентацијата.
 
па редно време беше.:tapp:
 
добра е сам се свести дека треба да си оди домче...сепак благодарност за тоа шо направи со репрезентацијата...барем не однесе на Европско и постигна каков таков резултат
 
Факт е дека постигна нешто од мртва точка тргнавме,но мислам дека му е доволно,сметам сега дека може убаво и со ладни глави да се избере нов селектор по можност од Македонија :vozbud:
 
Ајде фала курцу му текна на швркнатиов дека не го сака никој за селектор,подобро што сам си даде оставка,но кај и да беше ке му дадеа отказ и од КФМ.

Сепак,со него постигнавме успех,најголем за македонската кошарка и логично би било да му кажеме барем едно ФАЛА :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom