Која "пастрмајлија" е подобра?

  • Креатор на темата Креатор на темата Madonna77
  • Време на започнување Време на започнување

Која Пастрмајлија е подобра?

  • Велешката дефинитивно!

    Гласови: 103 32,4%
  • Штипската!

    Гласови: 157 49,4%
  • Не знам, немам пробано никогаш

    Гласови: 58 18,2%

  • Вкупно гласачи
    318
Велешката е потешка од оловото. Штипјани па се убија од фалење со пастрмајлииве. Нема штипјанец кој барем 10 пати не ми рекол „леле, мора да дојдеш на пастрМАЈлија во Штип“ или „нареден пат ќе ти донесам пастрМАЈлија..“. И што ако ме донесе? Цела стушена, исушена и бајата...

Незнам, мене повеќе ми се допаѓаат понапредните верзии на пастрмајлии од место како „Гризли“ во Лептокарија (Карпош), кај што ја прават со маринирано свинско месо и еден тон кашкавал одозгора. Дури и најголемите велешани кај мене на работа јадат и уживаат во таа пастрмајлија, па затоа ви ја препорачувам и на вас :)
 
Едно прашање за тие што пробале пастрмајлија, штипска, велешка (демек некој традиционален рецепт). Дали има пастрма во „пастрмајлиите„ или не? Оти ако нема, тогаш тоа не е пастрмајлија.

Има тоа е и оригиналниот рецепт ама само по порачка дека е поскапа така инаку со свинско ги плескат....
 
Нема логика реченицава.
Има логика,ама не го знаеш муабетот...Велес и Штип се оддалечени пол саат,а бидејки Велешката пита е подобра,Штипјани ја купуваат од Велес,и ти ја носат на маса во Штипски ресторан...Затоа се вели дека во Штип питата ќе ти ја донесат на маса дури по 30 минути :)

Напоменувам дека питата не ја носат од Велес и дека не касни пол саат,ова горепишаново е дрн-дрн-јариња...секако измислено од Велешани:)
 
Абе штипската е прочуена на секаде што се за џабе бунете кога е најубава...сум пробала и таква и таква и дефинитивно штипската е најубава.
 
Штипската е предобра со луто туршија пиперче по по по
 
Нема поубава од Велешката :)
Најразлични пити се прават,сите се убави и вкусни,ама како Велешката дефинитивно нема.Таа штипската мене ми е на последно место,после Специјал дефинитивно :)
 
Незнам, мене повеќе ми се допаѓаат понапредните верзии на пастрмајлии од место како „Гризли“ во Лептокарија (Карпош), кај што ја прават со маринирано свинско месо и еден тон кашкавал одозгора. Дури и најголемите велешани кај мене на работа јадат и уживаат во таа пастрмајлија, па затоа ви ја препорачувам и на вас :)

Ме тера на прдење таа од Гризли. :)
 
Во штипската има јајца или нема???
-Ако нема,тогаш нема конкуренција за Велешката...

После флаша две „Т'га за југ’’ сите ми се убави.:toe::helou:
Јас обично пита па вино,ама секој со свои навики нели?:helou:
 
Back
На врв Bottom