Владо Черноземски и атентатот во Марсеј

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Точно така не го рекал В.Михаилов. Од дека го измисли?
Citirav po pamet . Eto i tocnoto sto e kazal.
''....A Vlado se javi samo izpalnitel na nakazanieto,koeto crez iljdi kletvi, potoci solzi i krv beha proiznesli srestu nego celi narodi - kato makedoncite,hrvatite, albancite, kakto i mlogu drugi.........''
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Зад атентатот на кралот сигурно не седи михајлов и бугарите.Англиските и Француските интереси од една страна и Италија и Германија од друга страна
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Зад атентатот на кралот сигурно не седи михајлов и бугарите.Англиските и Француските интереси од една страна и Италија и Германија од друга страна
Dali nekade si sretnal brojka na ubieni, proterani i izbegani Makeonci od prostorot koj bil pod Srpska okupacija "nauchno" narechen: "periodot pomedju dvete vojni".
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Ako ne ti e golem problem bi bilo mnogu dobro da se vidi i toj podatok.
па има тема за Македонија под српска окупација побарај

Аман бе и ти на секоја тема си ко последна инстанциа.Се знаеш , се ти е јасно и со елементарни заклјучоци.Зашто да се убива кај нас.Нели целиа свет ке обвини за тоа Бугариа.При посештението му 1934 г царот се обршта по свои канали кон сите ВМРО дејци с кои држи вр'зка лично и чрез неговтите адјутанти дека не смее да се навреди на кралот оти тоа ке биде огромен срам и удар по престижот на Бугарија.
Да оставим на страна факта дека актуалната влада на Кимон Георгиев се залага за с'јуз со србиа ( за кое е и свален с преврат от Военната лига 1935 )
Tокмак, за вас сум доктор по историја, јас ви давам факти а вие рекла-казала.
Aјде сиктер.:pop:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Trn, so pocit kon kazhanoto od tebe, a posebno za tvoeto ukazuvanje na srpskiot teror vo Makedonija, ne mislam deka si vo pravo. Mnogu e pogolema igrata otkolku shto si ja prikazhal.

Iako Hitler e dobitnikot od atentatot, a postojat podatoci za ucestvo na germanskata ambasada vo negovoto planiranje, sepak izgleda deka Musolini e dvizeckata sila, pred se' zaradi apetitite da go osvoi Jadranskiot breg (Istra i Dalmacija).

Vprochem, Musolini maka machi da ne bide osuden kako so-uchesnik vo atentatot. A vo Italija vekje imalo navestuvanja za mozhen atentat nekolku meseci pred toj da se sluchi.

Vo toa vreme Italija gi drzhi na uzda Ustashite i Ante Pavelic, gi finansira i gradi kampovi za obuka, a istovremeno gi upotrebuva kako instrument vo svojata nadvoreshna politika. Italija e taa koja gi obucva i finansira, a istovremeno posreduva Ungarija da im dozvoli obuka i dlabochinsko dejstvuvanje od svojata teritorija. Site pasoshi i drugi materijali za atentatot se dostavuvaat od strana na italijanskata i ungarskata sluzhba.

Posetata na Aleksandar na Francija doagja po negoviot vospostaven dogovor so bugarskiot car Boris. Italija e edinstvena zemja so koja Jugoslavija nemala dogovor i e nejzin direkten protivnik.

VMRO, koe vo toa vreme e infiltrirano i celosno prevzemeno od Bugarija, e stranichen, no ne nevazhen igrach vo nastanov.

Shto se odnesuva na Lui Bartu, toj e stolbot na versajska Evropa i na Malata Antanta, a vo Francija ima ne mal broj politichki protivnici.

Lichno bi sakal da veruvam deka vo Makedonskata UDB-a imalo nacionalno svesni Makedonci koi sakale da optstapat od protokolot za da go ubijat Vancho Mihajlov, no od objektivni prichini ne uspeale. Vprochem, da nemashe takvi lugje malku podocna koga ja vozobnovivme MPC, kje ne tepaa Srbite.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Trn, so pocit kon kazhanoto od tebe, a posebno za tvoeto ukazuvanje na srpskiot teror vo Makedonija, ne mislam deka si vo pravo. Mnogu e pogolema igrata otkolku shto si ja prikazhal.

Iako Hitler e dobitnikot od atentatot, a postojat podatoci za ucestvo na germanskata ambasada vo negovoto planiranje, sepak izgleda deka Musolini e dvizeckata sila, pred se' zaradi apetitite da go osvoi Jadranskiot breg (Istra i Dalmacija).

Vprochem, Musolini maka machi da ne bide osuden kako so-uchesnik vo atentatot. A vo Italija vekje imalo navestuvanja za mozhen atentat nekolku meseci pred toj da se sluchi.

Vo toa vreme Italija gi drzhi na uzda Ustashite i Ante Pavelic, gi finansira i gradi kampovi za obuka, a istovremeno gi upotrebuva kako instrument vo svojata nadvoreshna politika. Italija e taa koja gi obucva i finansira, a istovremeno posreduva Ungarija da im dozvoli obuka i dlabochinsko dejstvuvanje od svojata teritorija. Site pasoshi i drugi materijali za atentatot se dostavuvaat od strana na italijanskata i ungarskata sluzhba.

Posetata na Aleksandar na Francija doagja po negoviot vospostaven dogovor so bugarskiot car Boris. Italija e edinstvena zemja so koja Jugoslavija nemala dogovor i e nejzin direkten protivnik.

VMRO, koe vo toa vreme e infiltrirano i celosno prevzemeno od Bugarija, e stranichen, no ne nevazhen igrach vo nastanov.

Shto se odnesuva na Lui Bartu, toj e stolbot na versajska Evropa i na Malata Antanta, a vo Francija ima ne mal broj politichki protivnici.

Lichno bi sakal da veruvam deka vo Makedonskata UDB-a imalo nacionalno svesni Makedonci koi sakale da optstapat od protokolot za da go ubijat Vancho Mihajlov, no od objektivni prichini ne uspeale. Vprochem, da nemashe takvi lugje malku podocna koga ja vozobnovivme MPC, kje ne tepaa Srbite.
Мисирков, напишаното не е мое видување или претпоставка за да бидам во право или не, туку извадоци од книги и архивски списи, писмени разговори меѓу службени лица на тогашното кралство итн.

Site pasoshi i drugi materijali za atentatot se dostavuvaat od strana na italijanskata i ungarskata sluzhba.
Ова мора да било забележано во архивите на службите.

Од смртта на Александар многу поважни фактори во Европа имале добивка, па затоа и најлесно е да им се префрли вината на нив како организатори, но од досегашните увиди, секогаш тоа се заснова врз претпоставка или како што модерно ги нарекуваме „теории на заговор“ што би му дошло дека можеме по таков редослед на работите и одвивањата да стигнеме до поврзаност и дека самиот Барту имал удел во атентатот на Александар но како претпоставка, не можеме со ништо да го докажеме тоа. Некои од желбата тоа да е така, некои поради политички причини.

Несфатливо е и за мене зошто Михајлов останал жив, иако скоро сите негови соработници по 2св или за време, биле тивко елиминирани. Не е дека не можел да се пронајде, а дека мжност е да паднел некаков договор, и дека Ватикан е вмешан во сето тоа како чувар на Живковското злато, е смешно. За таа цел би требало некој да се позанимава со архивите на ОЗНА бидејќи пред да се трансформира во КОС, имала многу голем број агенти кои работеле во странство.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Черноземски го ликвидирал кралот по наредба на Павелиќ
ВМРО на Ванчо Михајлов се прослави низ цела Европа по тероризмот и атетнатите што ги вршеше на неговите противници и познати личности. Владо Черноземски бил главниот и најдоверлив негов терорист, извршител на сите валкани порачки, подготвен да стрела во секој кого со прст ќе го покаже неговиот наредбодавец. Во бугарската историска енциклопедија е забележано дека "исполнувал важни егзекутивни дејства на ВМРО".

На европската јавност и стана познат по атентатот што го изврши врз кралот на бивша Југославија Александар Караѓорѓевиќ во 1934 година. Како мошне добар стрелец бил користен и за време на познатите пресметки на ванчомихајловистите и протоѓеровистите, кога на улиците на Софија Македонците се убивале меѓу себе секој ден. Од тогаш ќе остане забележано грозоморното убиство на Наум Томалевски, кого Черноземски го прострелал во моментот кога засадувал дрвце во спомен на новородениот син. По наредба на Михајлов тој го убил и Димо Хаџи Димов.

Черноземски е Бугарин, роден во едно мало село во Разлошко. Некои тврдат дека има македонски корени и дека неговите родители потекнувале од битолско село. Неизмерно му се восхитувал на Михајлов за кого бил подготвен да направи се. Бил машина која убива, кај него никогаш не можеле да се забележат некакви чувства. Токму таа негова голема вештина да стрела и слепата послушност биле главните адути лидерот на терористичката ВМРО да му го стави на располагање на Анте Павелиќ за да го изврши атентатот на Александар Караѓорѓевиќ.

Атентатот бил долго време подготвуван и бил извршен во Марсеј на 9 октомври 1934 година за време на посетата на југословенскиот крал на Франција. По пристигнувањето со брод кралот бил пречекан од францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. Кога со автомобилите тргнале низ улиците на градот, Владо Черноземски скриен меѓу народот излегол и директно пукал со револвер во Караѓорѓевиќ и во Барту, кои починале на самото место. Притоа, бил убиен и Черноземски од француски полицаец. По убиството, полицијата не можела да го утврди идентитетот на атентаторот. По четирите букви ВМРО, што биле истетовирани на неговото тело им станало јасно дека е терорист на Михајлов. Подоцна дознале дека станува збор за неговиот најголем егзекутор Владо Черноземски.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Intersen tekst posebno boldiraniot del. Del koj doveduva vo prashane mnogu teorii.



Владо Черноземски



Во 1927 година, Владо Черноземски предлага на ЦК на ВМРО сам да се опаше со ремен од рачни бомби кои ќе експлодираат во главната заседувачка сала на друштвото на народите, како саможртва на овој потресен чин да го привлече вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеле со соодветна реакција од светската јавност.

http://www.mn.mk/aktuelno/582-Vlado-Cernozemski
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
Vanco Mihajlov i Vlado Cernozemski se makedonci po nacionalnost no so probugarski idei.Otsekogas vo VMRO postoelo konflikt pomegju onie koi bile so probugarski idei i onie koi bile za samostojna makedonija i Makedonija na Makedoncite,menuvaki se na rakovodnite funkcii nekogas ednite nekogas drugite.Za vreme na atentatot na kralot na rakovodna funkcija t.e pretsedatel bil Vanco Mhajlov koj zaedno so Ante Pavelic smetajki go kako zaednicki interes go isplanirale i izvrsile atentatot a ne e sporno deka pomognati so informaci i finansii bile i od Germanija i Italija.Bez razlika so kakvi idei bil Vlado Cernozemski toj znael deka ce bide ubien i sepak go izvrsil atentatot a dokolku bil samo platen ubiec lopgicki nemalo da se soglasi na samoubistven napad.Sakam da kazam deka Vlado Cernozemski e opean vo makedonskite narodni pesni kako ubiec na tiraninot koj vo makedonija napravil mnogu zlodela.Licno Vanco Mihajlov i Vlado Cernozemski gi smetam kako slugi na Bugarskiot dvor i mene kako licnost ne mi znacat nisto duri i imam loso mislenje zatoa sto tie ne se borele za samostojna Makedonoja tuku za Bugarskite interesi i propaganda i pri toa izvrsile mnogu ubistva na steta na Makedonskata kauza so sto se crna damaka vo istorijata na Makedonija.
No sepak bez razlika na se sekoja cest za hrabrosta.

Vanco Mihajlov i Vlado Cernozemski se Bugarski heroi i nie Makedoncite ne gi sakame neka si bidat nivni no neka ni gi ostavat site onie koi so cisto srce se borele i zaginale za Makedonija i Makedonskata kauza t.e se custvuvale kako makedonci.Ne stanuva zbor samo za borcite od VMRO tuku i za pisatelite poetite i sobiracite na narodni umotvorbi i site onie koi rabotele na idejata za samostojna i slobodna Makedonija koi se custvuvale kako Makedonci razlicni od ostanatite Balkanski narodi i za koi so sigurnost se znae deka ne se custvuvale ni kako Bugari ni kako Srbi ni kako Grci a gi ima mnogu.
Krazbata na tuga istorija e najgolemoto zlodelo koe mozi da mu go napravi eden na drug narod bez razlika za koi narodi stanuva zbor.Nie vistinskite Makedonci sme stvarno zasegnati od krazbata na Grcite na antickata i Bugarite na ponovata istorija na Makedonija no nasata cel e ostvarena zatoa sto veke cel svet znae.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.145
Поени од реакции
16.291
темата пак се актуелизира.... ме иритират написите за правокација пред празникот ??? па годишнина е, 76години е од атентатот, нема врска со празникот 11 октомври, има во многу медиуми во поранешните ЈУ простори. Туку да им порачам на комуњарите од СДСМ и нивните сателитски медиуми дека Черноземски е само извршител, слично како и Гаврило Принцип кој дури предизвика Светска Војна !!!, па србите си го величаат и слават. Ги признавам фактите од книгите од СФРЈ, убаво си пишува дека по атентатот почнува распадот на неправедната СХС. А ако не беше овој атентат, истиот можеше подоцна да го нарача и изврши и КПЈ. Значи едно е да се дискутира за Александров и неговата негативност, неправедни ликвидацији на македонски дејци, друго е извршителот, војникот Черноземски. Па и грците си го слават не само Ахил и Одисеј, кој ја запалија Троја, туку и нарачателот Агамемнон.
Нека се изјаснат надрикомуњарите, а не се ни комуњари, дали кралот Александар бил негативен само за хрватите или и за другите народи ??
.. ајде прочитајте колку црногорци се убиени кога пред 75- 80години си бараа црква..

 
Член од
2 октомври 2010
Мислења
14
Поени од реакции
0
Vanco Mihajlov i Vlado Cernozemski se makedonci po nacionalnost no so probugarski idei..
Владо Черноземски е бугар от Велинград, а Велинград е далеку од Македонија.

Владо Черноземски
б'лгарски револјуционер

Роден:
19 октомври 1897
Каменица, Б'лгарија
Починал:
10 октомври 1934
Марсилија, Франција
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.865
Поени од реакции
2.741
Неговата кариера во Македонската историја можеме да ја следиме од 1922 година кога станува член на ВМРО под псевдонимот Владо Димитров Черноземски. Тој во Македонија влегува со чети и се истакнува како многу храбар борец и учествувал во борби повеќе од 15 пати. Неговата способност за прецизност во стрелањето, интелегенција за извршување на особено важни задачи и неговиот карактер на ладнокрвен и бестрашен човек, го води до многу одговорни задачи кои ќе му бидат доверени.

Една таква задача е ликвидирањето на Димо Хаџи Димов кој е еден од најактивните комунистички и прокоминтерновски функционери во Македонија. Ликвидацијата ја извршува на 12 септември 1924 година.

12 декември 1930 година е датумот кога во Софија од заседа е убиен Наум Томалевски, македонски деец и граѓанин. Установено е дека убиството го направиле Владимир Георгиев Черноземски и Андреј Манов, кој починал утрдента од раните здобиени во престрелката.

Истакнувајќи се со своите подвизи и карактер на дисциплиниран борец решен на саможртва за успешно исполнување на планот, брзо ја стекнува довербата и уважувањата на Тодор Александров, на раководителите на четите во Македонија, а подоцна и на Иван Михајлов.

Во 1927 година, Владо Черноземски предлага на ЦК на ВМРО сам да се опаше со ремен од рачни бомби кои ќе експлодираат во главната заседувачка сала на друштвото на народите, како саможртва на овој потресен чин да го привлече вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеле со соодветна реакција од светската јавност.

Од 15 јули 1932 година, трагите на Владо Черноземски се губат. Организацијата раширила глас дека тој е убиен по нејзина заповед.
Меѓутоа, Владо Черноземски под директива на ВМРО бил испратен во Јанка Пуста - Унгарија. Таму, под инструкторство на Анте Павелиќ е подготвуван за подоцна изведениот атентат врз кралот Александар.

На 09.10. 1934 година Черноземски бил во Марсеј, тој периодот пред атентатот го минал в меана, јадејќи и пиејќи црно вино, вработениот таму, дал изјава дека Черноземски не оддавал никави симптоми на нервоза, бил сталожен и само на неколку пати станувал и ја следел ситуацијата за пречек на Кралот. Кога го напуштил локалот на вработениот му дал и голема напојница.

Според кажувањата, иако Владо Черноземски обучил поголема група луѓе кои кои биле распределени во три-четири групи, за секој случај некој да не успее да го убие Кралот. Сепак неговите сомнежи се исполниле кога ги видел растреперените раце на првоименуваниот атентатор, па самиот Черноземски го презел случајот во свои раце, го земал букетот со цвеќето во кој бил пиштолот и со образложение дека сака да го подари на Кралот, испукал неколку куршуми и така му пресудил за сите неправди што ги направил кон македонскиот народ.

Марсејскиот атентат е многу важен настан спроти Втората Светска војна. Во него се преплетени дипломатски и политички сплетки и интереси на големите држави и постоечките проблем меѓу државите од југоисточна Европа.

Овој настан е вечно запаметен во сеќавањата на Македонците како дел од борбата за својата слобода, а Владо Черноземски како уште еден бисер од ѓерданот на македонските херои и бескомпромисни борци.

Умира на 9 октомври 1934 година во Марсеј, неколку часа после атентатот врз Југословенскиот крал Александар, од здобиените повреди по атентатот во болница. Погребан е на марсејските гробишта, но местото не се знае.

Текстот е превземен од

Жаклина Петровска

линк http://www.mn.mk/aktuelno/582-Vlado-Cernozemski

--- надополнето ---


Черноземски го уби кралот, но и многу Македонци

Превземено од Утрински Весник

Кој е, всушност, Владо Черноземски и со што тој толку многу заслужил да биде величен секоја година, повеќе и од многумина познати македонски револуционери, како што се Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и многу други кои ги дале животите за Македонија, чии годишнини приврзаниците на Михајлов не ги одбележуваат. Черноземски, всушност, е најважниот и најдоверливиот терорист на Ванчо Михајлов, извршител на сите негови валкани порачки, човекот кој бил подготвен да стрела во секој кого со прст ќе го покаже неговиот наредбодавец. Во бугарската кратка историска енциклопедија е забележано дека Владо Черноземски „исполнувал важни егзекутивни дејства на ВМРО“, што секако ја потврдува оваа теза.

Луѓето што се собираат во Скопје и му оддаваат почит, пред се', го слават поради атентатот што го извршил врз кралот на бивша Југославија Александар Караѓорѓевиќ во 1934 година. Меѓутоа, не ги спомнуваат сите други ликвидации што ги извршил Черноземски на познати македонски дејци кои му пречеле на Михајлов. Деновите кога се случи колежот во Горна Џумаја на највидните претставници на македонската левица во 1924 година, тој ќе го убие Димо Хаџи Димов, човекот кој ќе присуствува на последните мигови на животот на Гоце Делчев во Баница во мај 1903 година.

Ванчо Михајлов ќе го обвини Димо Хаџи Димов дека, наводно, бил интелектуален убиец на Тодор Александров. Измислената причина ќе биде повод да нареди да го ликвидираат. Тогаш Владо Черноземски бил задолжен да го убие Славчо Ковачев, но побарал да му пресуди на Хаџи Димов, а убиството на Ковачев му го препуштил на друг терорист. По ликвидацијата на претставниците на левите сили, бугарските власти се однесувале како ништо да не се случило. Владо Черноземски ќе биде формално испрашуван, но никогаш нема да биде обвинет за злосторството. И натаму се движел слободно и продолжил да убива Македонци на софиските улици и да извршува нови егзекуции по наредба на Ванчо Михајлов.

Како мошне добар стрелец бил користен и за време на познатите пресметки меѓу ванчомихајловистите и протоѓеровистите, кога на улиците на Софија се убиени многумина Македонци. Тој ќе остане забележан и по грозоморното убиство на Наум Томалевски, кого го прострелал во моментот кога засадувал младо дрвце во спомен на новородениот син. Томалевски до 1928 година ќе биде заедно со Ванчо Михајлов, но по убиството на Александар Протоѓеров ќе застане на страната на протоѓеровистите за што ќе плати со својот живот. Кирил Прличев во своите спомени што ќе бидат објавени пред шест-седум години во Софија и кои ќе го урнат митот во бугарската јавност за Ванчо Михајлов, ќе напише дека убиството на Томалевски за нив било голема загуба. Тој ден во 1930 година се чувствувале како врз нив да паднал како гром од ведро небо. Со тој страшен настан, случен сред бел ден, протоѓеровистите го загубиле последниот член на законското Задгранично претставништво.

Во своите спомени Ванчо Михајлов ќе запише дека со Владо Черноземски се запознале во текот на 1922 година и дека неговото вистинско име е Величко Георгиев Керин. „Владо беше многу тих човек и крајно исполнителен. Ги мразеше своите другари кои се пијанеа. Жените не ги сакаше. Ја сакаше самотијата и многу читаше. Ја знаеше до ситници историјата на Васил Левски и Христо Ботев. Беше националист. Во затвор постојано читаше, не учествуваше во штрајковите со глад“, ќе го пренесе Михајлов во своите спомени искажувањето на другари на Черноземски по атентатот што го извршил во Марсеј, кога тој загинал.

Михајлов вели дека најблизок другар на Владо Черноземски му бил Хипокрит Развигоров, еден од тројцата атентатори на генералот Ковачевиќ во Штип во 1927 година. Черноземски е Бугарин, роден во едно мало село во Разлошко, израснал во Каменица, населба во Велинград, Бугарија. Некои тврдат дека има македонски корени и дека неговите родители потекнувале од едно битолско село. Черноземски неизмерно му се восхитувал на Ванчо Михајлов за кого бил подготвен да направи се'. А лидерот на терористичката ВМРО, пак, во своите спомени ќе го претстави како голема поетска душа. Михајлов пишува дека Черноземски му испратил една картичка со негова слика од комитските денови на која пишувало: „Му го подарувам мојот лик за спомен на нашиот учител-воинИван Михајлов (Брзов), од еден од многуте ’бугараши’“. „Во картичката прочитав неколку доста смислени и силни поетски редови. Владо навистина имаше нешто поетско во себе“, ќе напише Михајлов за него.

Меѓутоа, Черноземски нема да биде толку поетски настроен кога ќе ги врши убиствата. Тој е ладнокрвен убиец. Кога Михајлов ќе му наредел да ликвидира некого, никогаш не прашувал кој е тој човек. Слепо му верувал на својот наредбодавец. Бил машина која убива, кај него никогаш не можеле да се забележат некакви чувства, „поетската душа“ на Черноземски никогаш не затреперувала по извршувањето на убиствата. Бил извонреден и брз стрелец. Се раскажува дека противниците на Ванчо Михајлов платиле специјалист за да го убие. Не стасал ни да го извади револверот, а веќе бил ликвидиран од Владо Черноземски.

Токму таа негова голема вештина да пука и убива, неговата слепа послушност биле главните адути Ванчо Михајлов да му го испрати на Анте Павелиќ за да го изврши атентатот во Марсеј. Павелиќ со неговите усташи во неколку наврати се обидел да го убие Александар Караѓорѓевиќ, меѓутоа никогаш не успеал во тоа, затоа што немал погоден човек. Побарал помош од својот пријател, лидерот на терористичката ВМРО, со кого имале потпишано спогодба во 1929 година за заедничка борба против тогашниот режим на Кралска Југославија.

А терористите на Ванчо Михајлов во тоа време биле најпознати во Европа и претставувале страв и трепет. Негови инструктори подготвуваат хрватски и други терористи за да го ликвидираат српскиот крал во Унгарија во логорот Јанка Пуста. Пред атентатот на Александар Караѓорѓевиќ, Владо Черноземски и уште тројца Хрвати се подготвувале во едно мало италијанско село. Според Михајлов, Италијанската телевизија во 1969 година емитувала получасовна документарна емисија за нивниот престој. Новинарите разговарале со тамошните луѓе кои ги познавале атентаторите и кои за нив кажале убави зборови.

Атентатот бил извршен на 9 октомври, а кралот Александар Караѓорѓевиќ пред да замине во Франција бил во посета на Бугарија, од каде што со брод пристигнал во пристаништето во Марсеј, а потоа требало да го продолжи патувањето во Париз. А кралицата, која со него била во Бугарија, како да претчувствувала нешто, се вратила во Белград. Кралот во Марсеј го пречекал францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. Кога со автомобил тргнале од пристаништето, Владо Черноземски скриен меѓу народот излегол и директно пукал со револвер во Караѓорѓевиќ и во францускиот министер Барту, кои починале на самото место. Притоа, бил убиен и Черноземски од француски полицаец качен на коњ, кој го исекол со сабја. По убиството, француската полиција долго не можела да го утврди идентитетот на атентаторот. Подоцна, по черепот и четирите букви ВМРО, што биле истетовирани на неговото тело, било јасно дека тоа е еден од терористите на Ванчо Михалов. Подоцна дознале дека станува збор за Владо Черноземски.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Mожеби има човеков македонско потекло (30 милиона денес низ светов се со македонско потекло). Hо ако не се осеќа како таков, џабе е се.

Колку што знам работел за бугарите па сега некоj ќе каже се борел за нашите интереси, некоj ќе каже се борел за бугарските интереси, ама вистината е таа што е, бил саможивник и работел од лични интереси т.е. работел за тоj што ќе му дал намногу кеш :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom