Како ги обележувате книгите по читањето?

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Баш ме интересира како ги обележувате книгите јас лично си имам направено картонче на кое што испечатив некој слики на едното животни на другото некој пејсажи порано ставав парче од тетратка ама некако глупаво ми изгледаше
 
Ставам кученце ако ептен ми е верна за читање книгата, после ставам мачка ако сум се разочарала од друга книга итн. Обично и знам да ги бојам картончињата зависно од расположение и каква книга е нели?:pos::pos::pos::pos::pos:

Сепак преферирам едноставност и немалтретирање кога се во прашање книгите кои се прочитани. Си знам кои ги имам прочитано, а кои не, обично убавиот текст внатре го обележувам со молив и толку :helou:
 
Не “сквернам“ книги со праење било шо у нив, а после читањето си се враќаат на полица.
Некои од нив заборавам дека сум ги поминал, па некако чудно познати ми стануваат ако налетам пак на нив. Ама не е страшно, добра книга се чита два пати и онака, а ако не била добра, најверојатно и првиот пат сум се откажал после десетина страни.
:toe:
Шо да праам, некултурен читач сум. :kesa:
 
Ги обележувам во глава со доооообра книга, добра книга и ебати книгата
 
Страшна педантерија сум за такви работи, какво лепење страни нешта на нив, Боже сачувај. Дури и додека ги читам пазам да не ги свиткам некаде, да не ги извалкам некако несакајќи. Кога ќе ја прочитам, како што кажа Викторгг, си се враќа на полица книгата и тоа е тоа.
Ретко читам книги повеќе од еднаш, досега само „Злосторство и казна“ ја имам поминато два пати, маестрално дело од Достоевски.
 
Мене не ми е јасно како може кога ќе земам книга од библиотека ги гледам сите извиткани на краевите и написано до каде има застанато како само тој да ја чита книгата јас досега не се сеќавам да имам било каков белег оставено на некоја книга ги земам и ги враќам онакви како што ги имам најдено и многу често и дури ги лепам по неколку сати или ги бришам доколку се исшарени
 
Не ги обележувам никако, на пример си памтам"вчера прочитав до 60та страна",најчесто ги читам по поглавја,за да памтам до каде сум отприлика и така ми е многу полесно.А,инаку на сред читање да престанам наеднаш,а после тоа следува и расплетот на тоа подглавје,не ми се случило. И да ми се случи наредниот ден ќе читам две три страни назад пак, колку да се вклопам во целата ситуација.
 
Не ги обележувам никако, паметам до кај сум стигнала со читање и кога ќе ја прочитам книгата ја враќам на место. Мразам било какви чкртања или виткање страници на книги. Сакам да има естетика.
А ако читам нешто што ми треба за факултет фаќам прибелешки од страна или го поцртувам тоа што сметам дека е најзначајно.
 
Не ги обележувам никако, паметам до кај сум стигнала со читање и кога ќе ја прочитам книгата ја враќам на место. Мразам било какви чкртања или виткање страници на книги. Сакам да има естетика.
А ако читам нешто што ми треба за факултет фаќам прибелешки од страна или го поцртувам тоа што сметам дека е најзначајно.



хехехехеехе дали само јас користам потсетник ( картонче) за да не заборавам до каде бев. Малку ми е нелогички да памтам до каде сум особено на книги каде што имаат 3,4 глави и каде што не можеш да знаеш до каде беше
 
Шо е сигурно, сигурно е , а прочитам страна ја кинам, така секогаш знам до кај сум и не се бунам
 
Шо е сигурно, сигурно е , а прочитам страна ја кинам, така секогаш знам до кај сум и не се бунам


A ако сфатиш дека беше интересна и дека сакаш пак да ја прочиташ :nesvest:
 
A ако сфатиш дека беше интересна и дека сакаш пак да ја прочиташ :nesvest:

Досега не сум нашол таква книга. А ако е навистина така интересна тогаш веројатно има и филм снимен по неа па ќе си ја земам на ДВД
 
Најверојатно ќе знам која книга сум ја прочитала?
Затоа што долго време размислувам пред да почнам со читање на некоја книга, гледам да запамтам што всушност сум прочитала, немам потреба од обележување или нешто слично, плус, тоа е крајно глупаво, обезличување на книгите, мислам, јас не ја ни отварам книгата до крај, да нема траги од читање, да не биде превиткана.
А додека читам некоја книга, користам пазелки. Манијак сум по такви, имам во сите форми и големини, и изработени од секакви материјали. Во „Икона“ во Рамстор одам само за тоа, има многу таму, со дела од најголемите сликари на историјата. -њуб
 
хехехехеехе дали само јас користам потсетник ( картонче) за да не заборавам до каде бев. Малку ми е нелогички да памтам до каде сум особено на книги каде што имаат 3,4 глави и каде што не можеш да знаеш до каде беше

Сите користат, само никој не те сфати што сакаш да прашаш. Потсетникот, разделникот за страни е неизбежен дел од секоја книга. Речиси во секоја нормална книжарница со купена книга ќе ви дадат разделник. Ширум светот се популарни и луѓе ги колекционираат, како поштенски марки.
GroupBookmarkers.JPG

card%20806%20bookmarker.gif

bkmark_lg.jpg

bookmark3_back.jpg
 
Ваљда знам која книга сум ја прочитал до сеа, а која не.. -_-
Иначе страници коа одбележувам, може да стаам некое ливче или фискална сметка :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom