Последниов твој пост ке го сфатам како немање одговор на јасно поставените прашања во мојот претходен пост,на кој побарав објаснување кое судејќи по префрлањето на топката на мојата сексуална ориентација,очигледно ги немаш.Ке се концентрирам на единственото нешто кое има допирна точка со темава.
Како и обично кога веќе ќе сфатиш дека си напишал нешто без да изброиш два и два,се фаќаш за одреден збор и си го толкуваш,без притоа да ја земеш целата реченица во предвид.Значи по моето образложување во текстот во постот бр.56 топката ја префрли дека всушност тврдам како Б61 11 не е пенетратор.Притоа занемарувајќи комплетна реченица наменета стриктно да го појасни токму моментот зошто б-61 нема да успее да пенетрира.
т.е овие
Во кој морам да се поправам заради ненамерна грешка(сепак текстот го штракав на мобилен телефон) место 100(која не е нереална но е сигурно неточна според сите достапни информации) треба да стои 10 м армиран бетон,но што воопшто не менува ништо во однос на употребата на бомбава.
Во прилог на моето тврдење ке поставам уште некој материјал.
Или преведено
http://www.fas.org/programs/ssp/nukes/new_nuclear_weapons/loyieldearthpenwpnrpt.html#note3
Значи се задржуваме на фактот дека успеала да пробие 6м обична земја.Сега се префрламе на делот кој го спомнав потоа а тоа се целите кои ке треба да се гаѓаат.За илустрација една од клучните цели,постројката во Natanz
http://www.globalsecurity.org/wmd/world/iran/natanz-imagery2.htm
Комплексот е комплетно под земја,изграден намерно во предел со цврста карпа,на простор од 100000 метри квадратни,на длабочина од 8 метри,заштитен со дополнителен зид од армиран бетон дебел 3 метри допполнително засилен со еколку метри бетон, и згора на тоа покриен специјално со дополнителни 22 метри земја.
Или во превод пенетраторов ке треба да пробие 22 метри земја,неколку метри бетон,3 метри специјално армиран бетон и на крај 8 метри карпа.Да потсетам Б-61 11 има пенетрациска моќ од 6 м.
Приказната со сите други објекти е слична освен со реакторот Busherk,но од друга страна кога би го бомбардирале него на површината би си ги потруле војниците во Ирак меѓудругото.
Понатаму Смарт Ес рече имала бомбата неколку модови .Од причина што веќе станува и премногу предвидлив,предупредив уште во почетокот на постот бр 56
Значи оригиналниот план кој е предмет на дискусијава спомнат точно од Смарт Ес,планира употреба на модот 11.Другите модови т.е модот 3(со јачини од 0.3кт 1.5 кт 60 кт и 170 кт),модот 4(0.3кт 1.5кт 10кт 45 кт) модот 7(10-340 кт) модот 10 (0.3 5 10 и 80 кт) се отфрлени заради несоодветните јачини,но и да бидат земени предвид го користат истиот кејсинг т.е пенетратор што повторно не враќа на погоре кажаното за Натанз.
Понатаму спомнавме пресметките.
Кејсингот или пенетраторот кој се употребува за овие нуклеарни бомби,е направен од осиромашен ураниум.Но моќта на пенетрација во специфичниов случај е ограничена од причина што кејсингот мора да издржи и да ја заштити електрониката и сложениот состав на нукеларната бомба.Секоја брзина поголема од неколку километри во секунда ке го уништи материјалот внатре.Затоа и бомбата е опремена со падобран кој служи за корекција во случај на потреба.Така да слободно Смарт Ес можат да ја фрлат и од најгорниот слој на атмосферата и да ја дуплираат нејзината тежина.Брзината и е ограничена.
Натаму Смарт Ес оспори дека Б61 -11 носи термонуклеарна боева глава.Спомна фисија фусија но немаше време да го сподели знаењето со нас,па еве јас ке бидам попрецизен.
Да расчистиме постојат два вида на боеви глави
- Нуклеарни бомби кои експлозијата ја создаваат преку реакции на нукеларна фисија.Кај нив масата на гориво е коцентрирана во т.н суперкритична маса кај која се предизвикува експоненцијално растечка ланчена реакција употребувајќи или друга суб-критична маса или експлозиви.
- Термонуклеарни или хидрогенски бомби кои експлозијата ја создаваат преку процес на нукеларна фусија,користејќи го процесот на фусија на изотопи на водород т.е деутериум и тритиум за активирање на нукеларниот материјал.
Е сега одкога расчистивме дека за споменатиот план за кого дискутираме планирано е да се користи Б61 11 ке се осврнам на неа.
Б61-11 е всушност боевата глава W-80.Истава глава е
http://nuclearweaponarchive.org/Usa/Weapons/B61.html
Или ако погледнеме погоре ке дојде во категоријата на вторите т.е термонукеларни глави.
Значи фактите се тие и нормално се подложни на секаков вид корекции,критики и негации секако аргументирани на истиот начин.
Да спомнам само.Многумина исто како и јас ке си помислат на можноста на повеќекратно гаѓање на истата мета со повеќе пенетрациони бомби,но постои едно непишано војничко правило во пракса докажано дека бомбата ретко удира двапати во исто место.Понатаму Американец може да рече дека они тоа го можат(нели како рече еден нивни генерал за време на НАТО агресијата можеле чинија низ прозор да погодат,докажана во пракса со кинеската амбасада) арно ама за една од нивните перјаници во пенетрациооните бомби за време на Ирачката војна ГБУ 28 ке се рече
а да не спомнеме дека за такво нешто ке биде потребен ангажман на огромен број авиони кои од друга страна ке бидат подлежни на Иранската ПВО.
Се надевам сега сум појасен,морав да бидам вака подолг оти очигледно имам проблем во комуникацијата.Со надеж дека темава ке продолжи во вистински правец.