Некому му е криво што Македонија беше во Југославија? Или му е криво што во рамките на таа Југославија ја оствари каква - таква својата државност?
Уште отпочеток забележав накаде води дискусијата. Некој се обидува да ја оцрни таа Југославија и Тито, да прикаже дека во Југославија на Македонците им било се црно и дека не биле слободни, дека биле поробени и дека единствено ќе просперирале со својот народ одн. со Бугарите.
Не велам дека Југославија беше нешто прекрасно. Во Југославија имаше многу грди работи, убаво се живееше се на се 10-тина години (1970-1980). Тогаш се градеа куќи и станови и се купуваа странски возила и странска роба, се шеташе низ Европа и т.н. Пред тоа и после тоа беше сиромашко или со ограничена купувачка.
Тито не го интересираше да ја поробува Македонија (културно и национално да ја обезличи). Тој повеќе сакаше да има “ограничена слобода“ и да има мир во куќата, да си ја помини власта додека е жив, а не да создава револт кај народот, востанија и борба за слобода. Поентата ми е дека Тито не дека беше добар или лош, туку дека тој владееше во склад со приликите, онолку колку што можеше и како што можеше, давајќи му на народот онолку слобода колку за да биде мирен и да си ја гледа работичката и да не поставува многу прашања...
Тито и даде на Македонија национална слобода не дека ја сакаше многу (којзнае колку и ја познаваше или се интересираше за неа) туку за да ги задоволи националните стремежи на Македонците и да ги смири за да не се бунат многу.
Сите останати слабости на таа Југославија (недостатокот на политичка слобода и право на свое мислење, економскиот идиотизам) се последица на комунистичкиот режим и тие се исти секаде каде што имаше комунистички режим, дури во другите комунистички земји слободата беше минимална во споредба со онаа на Југославија.
Факт е дека стопански цела Југославија се разви најмногу во тој период, единствено, наместо да се уништува тоа стопанство, требаше да се промени сопственичката структура. За разлика од соседите (Албанци, Бугари) каде нивните мафијашки организации крадеа од Европа и им продаваа дрога, а тие пари ги вложуваа во своите држави (и сеуште ги вложуваат), нашите мафијаши (обични селски арамии, кокошкари, мафијаши е прејак израз) користејќи ја нашата наивност, крадеа од Македонија а парите ги изнесуваа надвор. Затоа сме на ова “дереџе“.
Југославија се распадна (ја растурија) токму поради тоа нејзино развиено стопанство кое што беше на ниво на поразвиените во Европа и беше закана за нивните стопанства доколку се променеше сопственичката структура. Вака од Советскиот Сојуз, Југославија, и целиот Источен Блок си направија еден огромен пазар на кого му се шитка роба вредна со милијарди, а им се извлекуваат само суровини кои преработени како готов производ повторно им се продаваат на Источните земји... А за “лекциите“ по демократија од разно-разни медијатори, преваранти и хохштаплери избркани од дома (кои, впрочем, пак ние ги плаќаме) да не зборувам. Пред да дојдат тие медијатори ние си живеевме убаво со Албанците, Ромите и сите други, а откако тие дојдоа само кавги и расправии си имаме.
Да не рече некој пак дека жалам по Југославија. Ич не ми е жал. Мило ми е што таа се распадна и конечно Македонија да ја видам независна држава. Поради тоа бев зачленет во ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток, за да после, кога видов некои работи кои не ми се допаѓаа, се пасивизирам и на крај кога го запознав убаво Лјубчо да им речам збогум. Дури, имав (со останатите регрутирани резервисти) малку улога врз повлекувањето на ЈНА од Македонија преку штрајкот на мобилизираните единици во Кумановската касарна околу 4-ти Јули 1991 г. После тоа Кљусев и Блаже Ристевски (кои се криеја по станови низ Скопје) склучија договор со ген. Аџиќ од ЈА за нејзино повлекување на Македонија и конечно прогласување на независност на 8-септември.
Како што гледате, џабе ме обвинувате за Југоносталгија. Само да ве предупредам дека сатанизирајќи ја таа Југославија и Тито им одите на рака на негаторите на Македонија (штом ја мразите толку многу Југославија значи вие сте Бугари кои што во таа Југославија не биле слободни да се декларираат како што сакаат, а Тито секој што ќе се декларирал како Бугарин го праќал на Голи Оток - ете таа мисла и намера се крие зад привидно “наивната“ тема што е отворена на форумов) Што мислите зошто на темава има толку многу Бугарски јазик?