Едно вредно парче гардароба или повеќе парчиња за истите тие пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Кога имате одредена сума на пари што одлучувате да купите?!?
Едно парче гардароба квалитетно, а со тоа и брендирано кое знаете дека има одличен квалитет и дека ќе го носите неколку сезони. Или за истите тие пари наместо да купите едно парче вие си купувате повеќе парчиња гардароба и си имате за промена во различни бои и со тоа имате поголем избор на гардароба кој ве прави позадоволни отколку квалитетот на некое парче. Но знаете и дека тоа е понеквалитетно и нема да го носите долг период.

Пример имате 5000 денари и се одлучувате да купите 1 пар патики адидас/најк или ќе купите 2/3 пара патики бели, црни, сиви и ќе си ги менувате и ќе сте задоволни, но знаете и дека ќе ги носите само 1 сезона но битно имате поголем избор на гардароба.

Што ви е поважно квалитет или поголемиот избор на било каква гардароба во орманот?
 
jas licno bi odbrala poevtino i ne brendirano i poveke parcinja bi kupila otkolku da gi dadam site pari za edno parce
 
ок тема за дебата, ја искрено кога шетам гледам како ми стои ако нешто и е скапо а убаво ми стои ко купувам бидејќи знам дека ке го носам и ке ме прави срекна, дома имам и скапи парчиња и купени од пазар, али сакам сегад орманот да ми е полн, така да повеќе би сакала да имам 10 фустани и секој ден да бидм облечена во ново отколку да сетам цел месец со еден од 35.ооо денари:pipi:
 
За патики никогаш не штедам,односно ова правило ми важи само кај патиките. За блузи, маици бла бла.. купувам појќе за истите пари. Тука не ми е важна марката, битно маицата да е памучна(95% од блузите ми се памучни).
 
Што ви е поважно квалитет или поголемиот избор на било каква гардароба во орманот?

Па и двете.Не мора да значи дека ако не е брендирано и со цена до небото,автоматски е и неквалитетно.И дефинитивно НЕ било каква гардероба во орманот.Јас лично не и давам предност на цената кога купувам.Прво гледам да ми се допадне нешто, па потоа ако сметам дека и цената е соодветна на производот - купувам.Е сеа имало случаи кога сум купувала нешто што знам дека не вреди за цената...ама пусти мерак:wub:
 
Пред некој ден со мајка ми праев муабет на темава и коа јас би се прашувала би купила едно ама вредно одколку поише а поневредни :)
 
Релативно е за мене генерално земено. Можам да купам блуза и две маици за иста цена што би ја дал за маица Destroyer албум на пример. Исто така, за патики ако прајме муабет, поарно да купам старки за два бона и да им ја извадам маста од носење, отколку да купам некои си патики за шес богоројци и да ги облечам три пати.
 
Мене квалитетот ми е пред се најбитен. Кога купувам нешто, покрај основниот услов убаво да ми стои, гледам и квалитетот да е добар. Не мора да значи дека тоа што ќе го купам е марка, напротив, не патам за марки, но сакам да биде нешто кое ќе го изнаносам и кое ќе биде квалитетно. Подобро едно, ама солидно, отколку неколку парчиња кои ќе се искинат по месец дена.
 
Како близнак, патам од хронична ненаситност по разновидност. Дефинитивно би одбрала за истите пари да купам неколку пара патики или гардероба. И онака и овака, патиките ги носам една или половина сезона, од што барам новитети. Колку и да се квалитетни патиките, не верувам да го задржат моето внимание повеќе од една сезона.
 
Како близнак, патам од хронична ненаситност по разновидност. Дефинитивно би одбрала за истите пари да купам неколку пара патики или гардероба. И онака и овака, патиките ги носам една или половина сезона, од што барам новитети. Колку и да се квалитетни патиките, не верувам да го задржат моето внимание повеќе од една сезона.
Не само близнаците и вагите страдаат од од оваа хронична ненаситност:tv:
Купував многу парчиња што ми се допаѓаат,без разлика што се поефтини,битно е секогаш да се има нешто ново.
Сега веќе гледам дека така не бива,многу се разликуваат по квалитет од поскапите...затоа престанав да си купувам се и сешто,подобро нешто убаво и квалитетно отколку повеке што не чинат.
 
Сакам да имам голем избор на гардероба, но по цена на квалитетот на истата-не!
Значи, во секој случај ќе одберам едно, наместо повеќе не толку вредни парчиња.:salut:
 
Сакам да имам повеке гардероба и скоро ич не ми е важна марката и дали ке биде од некој познат бренд или не.Никогаш досега немам лупнено повеке од 2000 денари било за облека било за чевли.
 
Дефинитивно повеке парчиња за истите пари..
 
Јас сакам пред се квалитетни патики, тоа ми е многу битно. Затоа секогаш со сестрами купуваме квалитетни патики и скапи и ги носиме со години. Имаме едно 10тина видови па има и за менување и во различни бои а некои се стари и 7-8 години и пак ги носиме. Стојам на тоа скапа брендирана патика е квалитетна патика.

Но за останатата гардароба нема правило. Има чизми низ продавнициве по 10 000 а се кинески, само лупнале цена.
Така да пред се зависи колку пари имам и колку нешто ми се допаѓа. Може да купам 3 ташни за 3000 денари, а може ако некоја ми се допаѓа толку многу а знам дека со тие пари 3 ќе купам ама не можам да спијам додека не е моја :pos: па ќе си ја купам и тоа автоматски значи следните месеци да не помислам на нова ташна :)
Чевли имам од прилично скапи италијански, до кинески по 1000 денари.
Али за блузи не ми се даваат пари многу. Тоа гледам да е поевтино, за да се има за менување.

Но сакам да имам орман со доволно гардароба која ми е убава и сакам комплети од чевли и чанти и бижутерија со блузи од иста боја. Патам од добри комбинации со акцесорис, а не од преполн виножито орман. Иако среќа со сестра ми освен фармерки се друго менуваме па имаме широк спектар на гардароба. Некоја квалитетна, некоја кинеска рулз.
 
How about both :pipi: Комбинација од марка, квалитетно парче и некои парчиња облека за поголем избор во гардеробата.
Искрено, кога би бирала, попрво би купила едно вредно парче кое има иста тежина колку сите останати за истите пари :)


(Но, подоцна и други поситни парчиња :icon_lol: jokin :wink:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom