Дали ќе учествувате во оваа хуманитарна акција со дарување на крв?

Дали ќе учествувате во оваа хуманитарна акција со дарување на крв?


  • Вкупно гласачи
    81

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.221
Поени од реакции
34.504
НАДОПОЛНЕТО:

Крводарителската акција ќе се одвива во "Даре Џамбаз" (мапа) на 07.02.2009 (сабота) од 12:00 до 16:00 часот.

Користете ја темата околу договори за групно присуство и организација. Би ви биле благодарни доколку ја поддржите и промовирате акцијава преку вашите потписи на форумов, вашите блогови, фејсбук профили, месинџери, пријатели и тн...




ИНФО:
По успешната акција за собирање на облека и трајна храна за оние на кои им е потребна, во тек е реализација на уште една хуманитарна акција од страна на форумџиите на Кајгана и Црвениот Крст.

Отворена е и анкета, со цел да ги официјализираме резултатите.

Имајте на ум дека за да станете крводарител треба:

• Да бидете здрав и да сте на возраст од 18 до 65 години.

• Пред дарувањето потребно е да пополните прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат на Вашето здравје, прележани болести и животни навики. Неопходно е искрено да одговорите на поставените прашања, бидејќи на тој начин го штитите сопственото здравје, но и здравјето на тој што ја прима Вашата крв.

• По пополнувањето на прашалникот се пристапува кон боцкање на прст за да се земе крв и да се исконтролира нивото на хемоглобин во крвта.

• После следи разговор со лекарот, кој го разгледува прашалникот што сте го пополниле, Ви мери крвен притисок и ја слуша работата на Вашето срце. Со сето ова се проверува Вашето здравје, бидејќи крв може да даде само здрав човек. По извршениот преглед лекарот треба да даде согласност за да дарувате крв.

• Доколку е се во ред, се пристапува кон актот на дарување крв што се изведува во лежечка положба. За крводарување се користат тројни или четворни кеси, а се дарува само во едната кеса, додека во останатите две односно три се приготвуваат крвни продукти. Сетот за дарување е стерилен и за една употреба, што значи не постои начин да се заразите. Нашиот персонал е добро обучен така што убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв. При дарувањето нема да ја чувствувате иглата додека Ви е во вена. Најдобро би било додека трае дарувањето да разговарате со нашиот персонал или да размислувате за нешто за Вас пријатно, а ние ќе се потрудиме да Ви биде што поудобно. По дарувањето полежете 5-10 минути. Потоа следи освежување со кафе, сок и лесен оброк.

• После дарувањето на крв можете да се вратите на вашите секојдневни обврски и работи.

Но, сепак запаметете неколку совети:


- Не треба да пушите цигара 30 минути до 2 часа после дарувањето на крв, не треба да конзумирате алкохол најмалку 8 до 12 часа, особено не ако сте гладни.

- Завојот на местото на убодот не го вадете 2 часа.

- Во наредните 8 часа да не се излагате на тежок физички напор, а некои опасни или специфични професии (рудари, градежни работници, пилоти, лица кои ракуваат со огнено оружје и слично, бараат да се воздржите од истие во текот на 48 часа. Истото се однесува и на екстремните спортови или боречки вештини.

- Доколку почувствувате мачнина, седнете или легнете, тоа е минливо и нема да имате последици.

- Пијте повеќе течности во првите 4 часа, или до крајот на денот.

- Ако во тек на наредните 3 дена се разболете, јавете се во нашата служба. Тоа сигурно не ви е последица од дарувањето но може нам да ни користи во проценката на безбедноста на продуктите кои сме ги изработиле од Вашта крв односно може да се укаже дека истата не е погодна за трансфузија .

Според законот за работни односи на Република Македонија, член 150, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.


Акцијата е крајно хумана. Со секое дарување, спасувате живот.
Доколку имате желба да помогнете, дадете го вашиот глас на анкетата - а точниот датум и место за дарување ќе го објавиме откако ќе се координираме со Републичкиот завод за трансфузиологија и ЦК (надополнето: датумот е веќе официјализиран, читај горе!).

Кајганџии, вие што не знаете каде се наоѓа Даре Џамбаз. Ќе се чекаме во 12:30 (чекаме 15 мин. максимум) на Плоштад пред ФУФО, па заедно ќе тргнеме натаму.


Доколку имате прашања околу акцијата или дарувањето на крв, слободно.
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
нема проблем..само шо како каде кога....
 
Б

Бат Елохим

Гостин
хмммм не сакате јас да ви припаѓам таму (да се онесвестам) од крв, а и така ми е страв да ме бодат со игли....така да не дарувам крв.....:toe:
да ти кажам најискрено, еднаш во весник прочитав Се бара АБ+. и исто така ми беше страв и не се јавив. После жива се изедов... ретка крвна група... борба за живот... и онака изборно Може од тебе зависи, и не дај Боже може и ке ти треба....

така да овој пат давам крв дефинитивно...а за онесвестување, не се секирај, нема да си единствен... :)
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Jas ja imam edna od najretkite krvni grupi( A1B rh-) .. cest krvodaritel sum veke 4 godini .. just say the place !!
 

ЅОНЕ

сакам скопско
Член од
25 јануари 2007
Мислења
588
Поени од реакции
31
А+ не дека е нешто ретка крвна група но радо ке бидам дел од акцијата :smir:
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Имам едно прашање.. Јас имам давано крв до сега, и би сакал да дадам пак. Акцијата ќе биде само во Скопје или ќе се организира и во другите градови?
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
За жал немам 18 години. Ако акцијава се спроведе после 21ви Септември тогаш дефинитивно ќе дарувам. :)
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Слаб сум со крвта, така да подобро не. :nesum:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.221
Поени од реакции
34.504
Имам едно прашање.. Јас имам давано крв до сега, и би сакал да дадам пак. Акцијата ќе биде само во Скопје или ќе се организира и во другите градови?
Најверојатно само во Скопје. Но, ако има желба и доволно пријавени и од другите градови, може да се реализира акција и таму.
Исто како охриѓани што се приклучија во акцијата за донирање на облека :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Од мене имате 300-400 мл. , во зависност колку ќе сакаат да ме исцицаат :)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Потребите на македонското здравство ќе добијат дел од мојата крв, која патем од 0+ група.

Еднаш имам дарувано „илегално“, на 17 :) Не е страшно воопшто, ни болно.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ја поддржувам иницијативава, ама само вака, морално.

Имам потешкотии со ова поле од животов, т.е. мразам некој да ме боцка со цел да извлече крв од мене, поради тоа и ги мразев систематските прегледи и кога и да ми земат крв, па макар и од прст ми се лоши итн, итн, уште во несвест што не паѓам така да, со среќа со акцијава, жалам што не можам да помогнам.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Имам давано крв, пред 3 месеци, на колку време смеат женски да даваат? Ако е за месец дена разлика мање више бутурот не ќе ми е... А + сум и ќе дадам обавезно! Откако на дедо ми му го спасија животот благодарение на крв од трансфузија, речено ми е-цел живот ќе давам. (крв:vozbud:):back:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.221
Поени од реакции
34.504
Потребите на македонското здравство ќе добијат дел од мојата крв, која патем од 0+ група.

Еднаш имам дарувано „илегално“, на 17 :) Не е страшно воопшто, ни болно.
Јас 2 пати имам дарувано до сега. Еднаш во трета, а другпат во четврта година средно. Немав 18 години нормално. Никој лична карта не ни бараше, нормално. Доволна е проверката од докторот и тоа дали се чувствувате способни... Мислам дека ако сте неколку месеци до 18 нема да има никаков проблем. Ама како и да е, не е пожелно да се пријавувате ако не ги исполнувате останатите услови.

Башка, 2 дена не се иде у школо бе хеј! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom