Не ја гледав од почеток но дома мајка ми ја гледа и сакала не сакала и јас со неа загледав не е нешто посебно али ко веќе почнеш да ја гледаш ти станува интересна
Треба да побарам лекарска помош за да си ја добијам фамилијата назад, цело време Шехерезад. Аман. Па уште баба ми кога ќе седнам да јадам ми раскажува што се случило во минатата епизода и што ќе се случи вечерта -.-
Океј си е филмот, за тие што го гледаат. Ама, мајко му стара, уште албум со сликички од Панини да излезе и да зеам да се утепам...
Или не, ќе одам да се прекрстам во Господин Буркан... Бар во мода ќе бидам така
Да не знае некој од каде можам да најдам превод, македонски, српски или бугарски(не е баш пожелно) за серијава? Ме скапаа дома за превод. Ги имам од 40-55 епизода ама нема превод.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.