Точно, арам да им е на оние „навивачи“ шо само чекаат лош резултат да плукаат по тимот.
Но да ги остајме таквите настрана, јас уште поголем проблем имам со овци кои ми кажуваат дека тимот бил добар, дека Анчелоти правел се шо можел, само сме немале среќа сега, или нешто слично. И таквите овци ги сметам за исти „навивачи“ ко тие шо се јавуваат само кога тимот губи.
Околу Анчелоти, мислам дека не е битно мое мислење, јас веќе го прежалувам од ден на ден. Сепак, сакам да искоментирам околу причините зошто тој не треба да си оди напишани на блогов или шо и да е ова.
* И ако потешко е да се одбрани титула отколку да се освој, Анчелоти треба да изиграва глуперда?
* Второво е глупо до немајкаде, Есиен ако бил тука ќе ги решел сите проблеми? Ехеј, Марс!? :raz:
* Годишен пад во ноември/декември? А да го продолжиме до фебруари ако не, цела зима барем?
* Карло освоил неколку трофеи минатата сезона, и секоја му чест. Ама сега не сме минатата сезона, туку ОВАА сезона, а тој е целосно изгубен.
* Ова исто ко претходново, жими рекордиве...
* Во добра позиција? Неверојатен старт(не знам буквален превод)? За шо зборуваме бре? За непотребното силење на првиот тим на Челзи против ВБА и Виган откако претрпевме дебакл во дуелот за прв трофеј сезонава? И се то е кривица на Анечлоти.
* Двајцата најдобри мидфелдери на светот? Ова е веќе заебавање. А да го остајме то настрана, дали отсуството на Есиен и Лампард треба да е причина за Челзи да губи од Сандерленд, Бирмингем и Њукасл?
* Ова е на место, Анчелоти е само тренер, не и менаџер. А и да беше менаџер, секако Челзи нема пари ко шо никогаш и немал.
* И следново е делумно на место, иако мора да се кажи дека за џабе ти е почитување на финансиските правила за добивање лиценца за ЛШ ако претходно воопшто не се пласираш на едно од првите четири места во лигата, нешто шо е реално да се очекува од Челзи во годините пред нас ко шо стојат работите.
* Доволен беше ЕДЕН од Варт, Озил и не знам кој се друг таму. Кој сигурно немаше да биди поштетен од Рамирес чиј прв допир на топка изгледа ко коњ да запира топка со копитата.
* Анечлоти сега игра почесто младинци?! :pos2: До кога бре ќе се лажиме дека седењето на клупа е од корист за нив? Кога бре заиграл некој младиниец? Против Жилина? Пошто во Премиер Лигава секој еден состав досега е полн со интернационалци. 4те порази се само лоша среќа де.
* Сега ни е крива и маларијата на Дрогба шо Анчелоти мисли дека Стуриџ не можи да изигра против еден Сандерленд дома или Бирмингам на гости?
* Карло не е Џозе. Ова го разглобивме одамна. Само сега гледаме и други работи од свињата шо се крајно неповолни.
* Кој е подобар од Карло моментално? Многумина. Стив Брус и Алекс Меклиш, на пример. А Хјутон е тука некаде.
* Сме го добиле натпреварот со Жилина благодарение на замените на Карло?!
Вао, ме возбуди. А да не се случи тоа пошто замените беа Калу и Анелка место Какута и Стуриџ? Факт, факт е дека Анчелоти нема свртено натпревар со негова реакција од клупа и нема ни да сврти.
* Ова е на место, јас би го преместил МекЕкран во младинци назад и му замерувам на Анчелоти шо воопшто го зема на клупа. А 8те минути по натпревар го сметам за краен безобразлук од негова страна.
* Сандерленд и Ливерпул ги имале натпреварите на сезоната против нас? А што имаше Челзи? Гомна на терен, е то имаше, со уште едно гомно од прочитана формација со исфорсирани играчи ај шо не му е местото од господинот на клупа. Ветар во магла Сандерленд и Ливепрул ги имале натпреварите на сезоната против нас...
* Ова не го коментирам нешто многу, иако морам да кажам дека подеднакво заслуги за титулата имаат Анчелоти и заминувањето на Тевез и Роналдо од Манчестер Јунајтед.
* „Да ги поддржиш твоите добри момци во лошо време“ - кои се добрите момци за Челзи? Како јас да знам дека Анчелоти е „добро момче“ на Челзи кога изгледа ко тотално пропаднат, безидеен идиот. Глетката е страшна, пошто не верувам дека е идиот. Па ни пропаднат. Ама безидеен? Целосно.
* Да го видам Ферги во Јунајтед? Ајде. .... Без пораз, прво место во ПЛ и ЛШ, еден трофеј, во игра за сите останати - сето тоа со лоша игра првите неколку месеци. Шо гледам кај Анчелоти?
* Ова е моето, глупердите преплатени. Ама ако кај тренерот нема ни грам вина шо тие се бескорисни идиоти, тогаш која е целта од имање тренер (менаџер, шо и да е)?
* Ова е то претходно шо викав, не ми е битно дали УЕФА ќе ми дај лиценца за ЛШ ако јас не сум пласиран воопшто. И ако Тери и Лампард ми се неопходни за освојување на трето/четврто место, тогаш со кое бре право како навивачи на Челзи воопшто мислиме на освојување на ЛШ, не па да зборуваме за освојување?
* Зошто ми е тешко да верувам во тим од Малуда, Есиен, Лампард, Тери, Дрогба, Иванович....? Па можеби затоа шо кога Малуда се смета за еден од најдобрите тука, работата е во многу лоша насока тргната? Па и Анелка му е спомнат, не ми се верува...
* Ние сме го имале нашиот пад, сега ред е другите да го имаат? Зар оваа реченица не е очајна? Дали авторот на текстот е свесен дека Манчестер Јунајтед воопшто не беше никаде кренат изминативе месеци, се помина сосила. Сосила, ама помина ко шо треба. Другиве и не ги коментирам, ко ќе дој ситуацијата да се бориме и за 4то место, тогаш за нив појќе внимание.
И ова крајново е страшно, се надевам дека е само отпимизам, пошто ако стварно мисли авторот дека „едноставно сме подобри и од Манчестер Јунајтед и од Тотенхем“ тогаш спаѓа во офците за кои погоре пишував.
Како тоа, да издржиме, до Нова Година? И не е битно близу врвот, туку НА врвот. Сезона во која шо Челзи не е на врвот ја прифаќам само ако млади играчи во истата доживеале значаен напредок преку играње натпревари. А дали сфаќаш дека Челзи и за да биди близу врвот, очајно му се потребни Тери и Лампард? Кој тоа тука се прај на будала, или е будала?
Поголем офенс од тоа шо Анелка се уште игра за Челзи нема.