Дали си ги читал изјавите на Анчелоти дека би сакал да има овластувања ко Фергусон, дека неговите овластувања во Челзи и збор воопшто не се вреднуваат? Неможам да барам по нет али има, ќе најдеш.
Во Челзи е невозможно да се работи како тренер, посебно не успешно да се работи се додека е Абрамович газда. Тој вложил пари, но вложи и диктатура во Челзи, затоа и овој тим неможе да просперира и секоја година се повеќе и повеќе тоне од како замина Мурињо кој имаше далеку далеку поголеми овластувања. Но и тој замина зошто неможеше да ја трпи неговата диктатура, сите знаеме каков е Мурињо.
Роман ја направи чистката ова лето, не Анчелоти, читај ги изјавите на Балак. Роман нареди стил на игра ко Барселона, Роман е тој што диктира барсенолизација во структурата на Челзи и уште ред други работи. Сега ќе ме нападнете дека Роман е тој што го издигнал Челзи. Така е, сите сме свесни за тоа да сте ми живи и здрави али ретко кој е свесен дека Роман со неговата диктатура го води Челзи во колапс.
Анчелоти е добар менаџер, неговите успеси говорат сами по себе, проблемот е во тоа што Анчелоти нема доволно мадиња и подршка да подигнат бунт против Абрамович, да се избори за својот глас во тој клуб, да се спроведат неговите замисли во играта на тимот. Неговите должностите се од тоа што има да извади максимум, тоа тој и го прави, ама на лош начин, мора повеќе да ротира, да мења формација, можда ни фалат играчи за други формации али мислам дека имаме младинци кои за да се изборат за место во прв тим можат да ги покријат тие позиции.Оваа сезона Анчелоти е тотално изгубен пред се поради кондициската криза која не тресе и повредите, после поради немање на соодветни замени и немање доверба во младите(до негде и оправдано).
Оваа сезона отиде јабана, а со изјавиве дека нема да купуваме во Јануари е уште еден мизерен податок кој говори во каква финансиска криза е клубот..