Johnny B
Misogynist, racist, anti woke
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 11.599
- Поени од реакции
- 11.577
Тука дете мое си во голема заблуда.....моментално имаме 6 крила и уште толку напаѓачи(тука ги сметам крилата кои можат да играат како напаѓачи) средината е добро покриена....а одбраната исто...сега со трансферот на Вилсон многу се зајакна одбраната и имаме 5-6 добри момци...Кара,Агер,Шкртел,Кели,Вилсон,Ајала.......проблемот е во левата бековска позиција...таму сме најслаби ама ке видиме....Ливерпул ќе се заебани, ќе имаат добар напад (торес, жерард, кол, кајт, јованович и толку), ама клупа слаба...што говори дека ако се повреди еден до двајца, не дај боже тројца, отидоа јабана, со што искрено не верувам дека ќе се борат за титула, но ќе забрљаат многу работи, тоа сигурно.
Давам пример само...кога во Манчестер се повредија еден тон луѓе, пак победуваа, епа овие го немаат тоа : )
Сега малку и јас за ривалите.....моментално според мене Јунајтед го има најсилниот состав во ПЛ...........играчите се тие...воиграни....стариот е добар како и секогаш....
Арсенал имаат супер тим....само да не ги мачат повредите и тука се...многу блиску до титула.....
Челзи.....хм...испуштија многу играчи ама имаат млади перспективни момци така да ќе бидат опасни....сепак ќе треба еден во средина да се купи....
Сити.....многу го потценивте овој тим....можеби индивидуално најсилниот состав во ПЛ ама немаат тимски дух...но и тоа може да се среди...не е лош Манчини така да ќе бидат премногу опасни.....јас гарантирам влез во топ 4.....
Тотенхем ќе бидат презафатени со ЛШ така да мислам дека нема да прават проблеми ама тука се Вила и Евертон да ни ги замрсат сметките...како и да е сезоната ќе биде топ