F
fantomX
Гостин
Не е срање. Само нема доволно талент.Значи , што заклучивме : Цел тим е срање , а ПЛ и ФА куп а и Комјунити Шелд , земавме со чиста среќа. Арсенал и Манчестер Јунајтед ги победивме 2 пати , пошто цел тим е срање. На Лампард му недостасува талент , ама сепак беше најдобар асистент. Дрогба ги пројде добрите денови , и сега не го бива , само за златна копачка евентуално. Тери е за никаде , а Чех освои златна ракавица , зашто е најдобар голман на светот и се одбрани минатава сезона. Сите играчи се катастрофа , ама Анчелоти не извади. Во 103 наврати тајно влезе на терен и кога највеќе требаше постигнуваше гол.![]()
Лампард е најдобар асистент, Дрогба најдобар стрелец, Руни најдобар играч - јасни показатели зошто квалитетот ја одминува Премиер Лигата, иако англиските дебили упорно сакаат да докажат спротивно.
Дрогба „ги пројде најдобрите денови“ и сепак не успеа да го пробие Лусио. Иако за тоа животно никогаш не сум ништо сигурен, можеби и да грешам, пак да се разигра. Ама ако оди на операција сега, тешко, ќе биди изгледа моето.
Тери е за никаде, то е точно, барем во споредба со то шо самио се мисли.
Чех освои златна ракавица за Премиер Лигата, само една, втората е за Реина кој не прими гол на исто толку натпревари колку Чех. А одбраната на Челзи е за неколку гола полоша од таа на Манчестер Јунајтед минатава сезона, иако споменативе некој натпревар изиграа со Керик во дефанзива; нешто за шо тој Тери треба да си ја чукни главата од ѕид, секако ништо не му е, пред да се прај многу курназ.
Колку пати имам нагласено дека јас зборувам за ЛШ и само за ЛШ, иако треба и за натпреварите во Премиер Лига (само еден бод зад Манчестер Јунајтед, еј...), ајде еве пак, специјално за тебе. Откако го видов тоа дека Челзи е четврт најплатен спортски колектив просечно по играч во светот, пред Челзи се само Реал, Барселона и Њу Јорк Јенки мислам, едноставно сметам дека покрај тоа што маркетиншки нема употреблив играч (освен Дрогба можеби), трофеите МОРА да се освојуваат, пошто нема друг начин како да ги отплатат парите кои клубот им ги дава. Пошто беа импотентни во цела Лига на Шампиони (освен еднаш со Атлетико Мадрид, дома), ванаби-фудбалска НБА - лигата од Англија од која мене ми се гади помалку искрено, појќе и од италијнската, мораше да се освој. Ф.А. Купот е бонус, иако таму најсериозен противник ни беше килавата и преценета Астон Вила во полуфиналето. Единствен прволигаш настрана од нив со кој играше Челзи во Ф.А. беше Стоук на Стемфорд Бриџ (Портсмут не го рачунам).
Кога Челзи „размонтирал“ противник салам на Стемфорд Бриџ порано? Онака поштено, со мрежа наполнета толку шо претекува? Кога Челзи имал преку 90 гола прво во сезона, па не преку 100? Тој менталитет ваљда го внесе Анчелоти, сигурно не Стуриџ.... :raz:
И тоа со најслабиот состав на Челзи од 2004 година до ден денешен.
Му забележувам и него нешто, како не, шо нема мадина да се справи со гомнари ко Тери понекогаш, ама имајќи во предвид шо е нов воопшто во Англија и зошто е дојден во Челзи, разбирам зошто не прај такви работи.