Рекорден трансфер во англискиот фудбал е на повидок летово и тоа ако Ливерпул ја прифати понудата на лондонски Челси за шпанскиот напаѓач Фернандо Торес, најавува весникот „Дејли Мејл“
Според „
Дејли мејл“, 26-годишниот напаѓач на Ливерпул би требало да го засили составот на „сините“ за огромни 70 милиони фунти. Весникот додава дека веќе се започнати преговорите за трансфер помеѓу двата клуба. - Роман Абрамович е неверојатно тивок во односот на стандардите што ги постави на трансфер пазарите додека беше Жозе Мурињо. Но, успесите и стабилноста кои ги донесе Карло Анчелоти, напаѓачкиот фудбал кој сопствениокот го цени го увериле дека е дојдено време да се ангажира голема ѕвезда - пишува „Дејли мејл“.
Заминувањето на Торес е актуелно поради финансиската криза и долговите на ливерпул, иако актуелниот договор му истекува летото 2013 година. Пред два месеци од таборот на Ливерпул излегоа информации дека клубор се подготвува да продаде една од своите две големи ѕвезди, Торес или капитенот Стивен Џерард, а поблиску до заминување е Шпанецот.
Торес е боље од Ибра бе што ти е...