Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро напишал чоекот пошто ако донесеме како со донесе Арсенал се млади играчи нема да го биде Челзи веруј..мораш да имаш некој постар и поискусен играч во тимот..
Не само млади, реков најстариот во тимот да е околу 30год, ама да има и такви од 22-25, а не од 27 па нагоре

Видовте не бива во ЛШ па и вие ко Реал ќе почнете да правите дрим тим а? :pos2:
Кај го виде тој дрим тим жити све?

Доста слаби сме на некои позиции, и сакаме да се подобрат :toe:

Демек вие јаки сте во ЛШ а? :helou:
 
Момчета, шо не издуваа некна и тоа дома скастрија не скроз на скроз. Ваква лоша претстава од Челзи, одамна неам гледано. Сеа, ај да си земеме Премиер Лига, ако не и ФА куп ќе е добро :)
 
Видовте не бива во ЛШ па и вие ко Реал ќе почнете да правите дрим тим а? :pos2:
100% сум сигурен дека фазла од 3 играч на лето не земаме,новинарите си прават бајрам со умот и секој добар фудбалер го поврзуваат со челзи
а за реконструкција чисто сумњам дека ќе биде комплетно направена во рок од едно лето:toe:
 
Ako sakaat mozeme dres da im dademe od Frenki...

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, ќе му одобри 100 милиони фунти на Карло Анчелоти за обнова на тимот на крајот од оваа сезона. Рускиот милијардер во само два дена имал две средби со трофејниот стручњак во базата на клубот на кои е разговарано за тоа кои фудбалери би биле идеални засилувања за идната сезона. Сепак, на една од двете средби Абрамович на Анчелоти му кажал дека неговата менаџерска функција е безбедна само ако сезонава ја освои шампионската титула во Премиер-лигата, што ќе биде исклучително тешко ако се знае моменталната форма на Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Сепак, Анчелоти подготвен заминал на вториот состанок и како свои најголеми желби ги истакнал Фернандо Торес, Серхио Агуеро, Бастијан Швајнштајгер и нов голман. Неофицијално, биле спомнати и имињата на Франк Рибери, Давид Виља и Марек Хамшик, но прашање е колку Челзи има шанси да се вмеша во борбата за нив. Во исто време ќе биде извршена и "чистка" во актуелниот играчки кадар, како и обнова на стручниот штаб кој идната сезона ќе работи со Анчелоти.

"Карло засега ја има поддршката од Роман, но тоа ќе се смени ако на крајот од сезоната на Стемфорд Бриџ не дојдат трофеи. Како и да е, Абрамович планира да потроши многу пари, нешто што не е видено уште откако менаџер на тимот беше Жозе Мурињо. Овој состав е малку престарен и сигурно му треба освежување", изјавил за Дејли маил неименуван извор близок до Челзи.

Абрамович ја имал довербата во Анчелоти поради тоа што италијанскиот стручњак во последните седум години освои две титули во Лигата на шампионите и уште еднаш играше во финалето, сето тоа со Милан. Поради тоа големо разочарување е сегашната елиминација уште во осминафиналето ако се знае дека во претходните две сезони Челзи еднаш играше во големото финале, а еднаш испадна во полуфиналето.

Познати се дел од фудбалерите кои ќе бидат ослободени од обврските. Уште отсега е јасно дека на Џо Кол ќе му биде дозволено да си замине, а Николас Анелка ќе биде продаден ако не се согласи на продолжување на договорот за една сезона. Деко пред извесно време изјави дека сака да се врати во Бразил, а фудбалерите со мала минутажа како Енрике Хиларио, Пауло Фереира и Жулиано Белети ќе бидат пуштени да си бараат нов клуб. Анчелоти очекува да донесе барем две звучни имиња, но во исто време ќе се обиде да го подмлади тимот со фудбалери чие време допрва доаѓа. Петр Чех речиси сигурно ќе има конкуренција идната сезона за разлика од претходните пет бидејќи ќе биде ангажиран талентиран и перспективен голман како Серхио Аснехо од Атлетико Мадрид.

Што се однесува до стручниот штаб, ќе биде разгледана улогата на сегашните помошници на Анчелоти: Реј Вилкинс, Пол Клемент и Кристоф Лолишон. Дури, планирани се и промени во медицинскиот тим кој во моментов е предводен од докторот Брајан Инглиш. Сето тоа се прави со цел да се спречат долготрајни повреди на главните играчи како што сезонава беше случај со Микаел Есјен, Ешли Кол и Жозе Босингва, фудбалери кои до крајот на сезонава најверојатно нема повторно да се појават на теренот.
 
Јувентус може само да го посакуваат Лампард.

Касиљас добро би ни дошол , со оглед на тоа како игра Чех после повредата. На Реал му е лесно. Имаат играчи па можат да продадат некој па со парите да купат друг. А во Челзи нема играч што би можел да донесе пари.

Од најавуваниве играчи , највеќе ги сакам Торес , Рибери и Швајнштајгер (само да не испадне како Балак ). Виља е стар , Агуеро може и немора.
 
У четврток ги гледав накратко Атлетико М.
Малиов можеби е преценет, ама рака на срце во одлична форма игра.

Мислам дека таков играч ни фали, што може да игра на сите позиции во нападот, а има и плејмејкерски карактеристики (најмногу заради брзината и техниката)
 
У четврток ги гледав накратко Атлетико М.
Малиов можеби е преценет, ама рака на срце во одлична форма игра.

Мислам дека таков играч ни фали, што може да игра на сите позиции во нападот, а има и плејмејкерски карактеристики (најмногу заради брзината и техниката)


Абе , Агуеро е супер , ама мислам дека тешко би се вклопил во Челзи.
 
Прочитав негде дека на листата за засилувања се наоѓа и Bastian Schweistaiger баш го глеам денес ептен супер игра дечково и баш на позицијата на Лампард супер си ги извршува дефанзивните задачи а исто така и офанзивните, мислам дека чоеков би бил фантастично засилување и добра замена за Лампард.

Уф осеќам утре ќе биде тешко гостување кај Блакбурн.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom