Ќе ве замолам, дур не има нешто ново од „актерите“ во „сапуницата“, или лично од Капело, мир и тишина.
знае ли некој дали кобам, тренинг центарот е во челзи, во населбата значи, или е некаде надвор? и дали може да се посетуваат тренинзите на челзи од фановите на тимот?
Мислам дека Cobham, Surrey не е в Лондон, не знам колку е блиску/далеку од областа Fulham. Го чекам Google Earth да тргни, ќе најдам слики...
ЕДИТ: Нецели 25 километри е оддалеченост, а и зошто некој да посетува тренинг секој ден, има отворени тренинзи на Стемфорд Бриџ, мислам два имаше сезонава.
Прво глава ме заболе кој ќе биде капитен на Англија. Ме интересира само Челзи. Друго залудно се надеваат овие од Манчестрер дека Руни ќе биде новиот капитен. Сигурно забораваат дека нивнот играч Дејвид Бекам кога играше во Манчестер беше фатен во афера (повторно од News of the World) со бебиситерката Ребека Лос кога беше капитен на Англија и остана да биде капитен се до 2006 година.
Тие од Манчестер моментално се молат Челзи да кикса, прво против Хул; а мислам и сер-ло лично го замолил Арсене The Magican да победат в недела. Поентата е, „сега Челзи е под притисок, готови се“ (секако, со нивни уникатни зборови, несвојствени за секого, напротив, само за нив), зборови кои за мене се, најслабо речено, без да се навредуваме, дбилно дебилни. Не се навраќам пак на тоа кој е под притисок, дали тој што дава 150% од себе и се моли друг да му заврши работа; или тој што има способност да заврши работа и да не моли никого? По мојата перцепција, тоа сфаќање (за појќе информации, прочепкајте наназад за мојот подетален пост околу ова) е лузерско, колку и тоа моментално да ти е единствена можност. Како по ѓаволите си под притисок ако знајш дека зависиш сам од себе, а како по ѓаволите вршиш притисок ако кога и натприродните напори може да ти се залудни?
Чудни суштества по светов....
И заврши преодниот рок!
Ништо не купивме,Анчелоти остана доследен на зборот.
Можеби и не ни требаше засилување,но ако не заебат на лето,тогаш го ебавме ежот.
Да се молиме да не ни дадат забрана за трансфери,зошто и не сме некоја млада екипа..
Иначе,дали ќе играат Просечко и Дрогба утре против Хул?
Ма ми се плачи оти не сме дали 6 милиони фунти за просечно (речиси) 23-годишно крило чиј најголем „квалитет“ е тоа што е Англичанец од втората лига чиј договор истекувал на лето.
Дрогба стартува, Деко веројатно, исто и Карваљо. Ешли е двојба, не е страшно ништо, ама мож да не игра за да не се ризикува посериозна повреда.
Клифорд засега само со пречка од удар од далечина против резервите на Астон Вила. Читам само коментари, нема видео.
Има коментар дека на моменти се оди со побрзи додавања, како првиот тим. Играат Тејлор, Матич, Какута, Мелис и Борини од поинтересните за нас; со солидна активност (особено Борини и Какута), но треба многу подобро според мене.