Франк Лампард се повлече од составот на Англија поради повреда
Медиумите од Англија пренесуваат дека играчот од средниот ред на Челзи и Англија, Франк Лампард ќе го пропушти пријателскиот дуел со Бразил откако заработил повреда на денешниот тренинг
Иако Фудбалската Асоцијација на Англија сеуште нема издадено соопштение околу повредата на Лампард, медиумите од Островото објавија дека тој ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Бразил кој ќе се одигра во сабота во Доха.
Според извештаите на медиумите, Лампард заработил повреда на бутниот мускул и се очекува уште вечерва да замине за Лондон и да започне соодветен процес на рехабилитација.
Фабио Капело, селекторот на Англија, веќе е без голем број на естаблирани првотимци, откако Рио Фердинанд, Стивен Џерард и Ешли Кол не отпатуваа за Катар.
Иако типот на повредата на Лампард сеуште не е познат, ваквите вести сигурно ќе го загрижат менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти, кој сега ќе се надева дека повредата на Лампард не е сериозна и дека играчот од средниот ред ќе биде подготвен за дербито со Арсенал како и за дуелот од Лигата на Шампионите против Порто.
извор
п.с. Нешто ни тргна на лошо со повредите...:nesum: