Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Овие и се два различни збора. Може си мислел на насока и смер.


Балтија - секира во струмички исто има.

Тупуресах/тупуресам (паднам, ако те удрам),
Џитнах - се фрлив, фрлив
Струмичко-Бежански
 
Бичкија - пила!
Бичкиџија - дрвосечач со пила!

А кој е коренот на зборот - мусака!??
- колку што знам мусаката потекнува од блискиот исток т.е. арапскиот свет. таму таа се служи како ладно јадење и коренот е најверојатно од нивниот збор " sagga'a"- разладување.но ме става во размислување што "mu" понекогаш во арапскиот значи исто што и "lja " што би се превело со не. така да би се добило неладна т.е. топла , сепак тука би помогнал некој познавач на арапскиот јазик.
 
А кој е коренот на зборот - мусака!??

Кај нас пренесено од Турскиот -musakka, а кај нив од арапски збор musaqqaʿa што означува изладено, од глаголот saqqaʿa -лади.
 
А сполај ти/сполаи ти , место фала,благодарам.

Уште еден збор шо го користиме во Битола,покрај во Битола се користи и во голем дел од Егејска Македонија.
 
пирустија-столче со 3 ногалки
офчана- нешто како летна кујна ( преспански збор )
ќумк-солинар негде се употребува
карпуз- љубеница
пепун-диња
фтаса-стигна
ести(мала преспа ,пустец)- тоа е, тој е, таа е
 
А сполај ти/сполаи ти , место фала,благодарам.

Уште еден збор шо го користиме во Битола,покрај во Битола се користи и во голем дел од Егејска Македонија.



Сполај ти мислам е запазено от стара црковна молитва и мислам не сум сигурен дека е грцизам.Во Бугариа се ползва наместо благодара
 
А сполај ти/сполаи ти , место фала,благодарам.

Уште еден збор шо го користиме во Битола,покрај во Битола се користи и во голем дел од Егејска Македонија.
пирустија-столче со 3 ногалки
офчана- нешто како летна кујна ( преспански збор )
ќумк-солинар негде се употребува
карпуз- љубеница
пепун-диња
фтаса-стигна
ести(мала преспа ,пустец)- тоа е, тој е, таа е

Грцизам - с полла ети. И пирустија исто мислам.
Ести остаток од старословенската форма за помошниот глагол сум. Таа е многу слична со латинските форми за глаголот (sum, es, est, sumus, estis, sunt) кое се должи на тоа што двата јазици се од истото индоевропско семејство. Во крајните источни дијалекти се среќава формата иште со потврдно значење - е, така е, и најслична е со формата од албанскиот јазик (ai) është.
Карпуз е турцизам.

се фт(е)ирил-се загледал
 
дејгиди...нешто во фазон ајде де, нешто поминато...гиди е од турски збор што значи оди
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom