Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?


  • Вкупно гласачи
    585

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
До сега немам запознаено Македонец со просечна плата да има две коли.

И за каква сто процентност збориш ? отплаќање кола на +5 години...
А мислиш дека на запад ружи цветаат?Мислиш дека те чекаат само тебе за да те вработат?Или пак таму не ги земаат колите и куќите на кредит:tapp::tapp:
Па и таму ти е исти к*р .Или мислиш дека со платата што ќе ти ја дадат на запад ќе си дозволиш да купиш кола во готово?Си се заебал ако така мислиш.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
А мислиш дека на запад ружи цветаат?Мислиш дека те чекаат само тебе за да те вработат?Или пак таму не ги земаат колите и куќите на кредит:tapp::tapp:
Па и таму ти е исти к*р .Или мислиш дека со платата што ќе ти ја дадат на запад ќе си дозволиш да купиш кола во готово?Си се заебал ако така мислиш.
Не мислам така, но дадов контра-аргумент на пар фрајери што се појавија со филм "ние сме топ другите немаат појма."
Ете Делфлајбаба ти даде пример за роднини а јас ко мал експеримент искочив да видам по паркинзите што има. Од околу 50 коли, речиси пола се Југо, Стокец, Пегла, Фиќо... поголемиот дел од останатите се коли не поскапи од 10-15 000 евра преку сила а има само 3-4 што се класа.
Работава со Македонецот испадна држ ме се испосрав.

Џабе ми сите пари ако не можам во дворот ќумбе да си запалам и пиперки да лупам, ако не можам казан да си наложам и ракииче да си праам, ако не можам у мојот двор свиња да заколам и да соберам 100 души околу скара.
Ја ако не се степам со комшијата барем еднаш у месецот и ако не пукам со нелегален пиштол за роденден, не ја сметам државава за нормална.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
Стокец и точак ?

До сега немам запознаено Македонец со просечна плата да има две коли.

И за каква сто процентност збориш ? отплаќање кола на +5 години...
Да дополнам. Не постои македонец со просечна плата со две коли..... и со своја куќа, стан (за сопствен бизнис уште потешко), доколку не му оставил родител, а врз повеќе основи (од минатото). Во сегашни услови на 49 ниту своја куќа човек ќе нема со просечна плата.

Доволна е обична пресметка на просек, колку останува, колку се големи каматите...и дали воопшто може да се земе кредит и за колку животи ќе го исплати...со просечна плата се разбира.
Неспоредливо е здобивање со недвижен имот или возило овде и во другите држави. Ако споредуваме тоа треба да е со исти стартни позиции. Во Америка почнува од нула, овде почнува од веќе наследен имот (куќа, ниви...). Не цветаат рози во другите земји, но според невработеност, ниво на сиромаштија...сме лидери, па според тоа апсурдно е да кажуваме дека таму се шансите послаби него овде. Уосталом колкав е бројот на наши во странство? Не се сигурно луди да седат оти таму им е полошо од овде?
Па и таму ти е исти к*р .Или мислиш дека со платата што ќе ти ја дадат на запад ќе си дозволиш да купиш кола во готово?Си се заебал ако така мислиш.
На кредит таму и овде...разликата е евидентна, во нивна корист секако.
 
U

UniqueGirl

Гостин
Ќе ги зеам за пример Швајцарците..Како е можно самохрана мајка со просечна плата да и обезбеди удобен живот на својата ќерка, марка облечена од глава до пети, ..? Чудно, кај нас сеуште нема такво нешто..
Ќе ги зеам за пример и Чесите,..келнер со месечна заработка од илјада евра може да си обезбеди сосема удобен живот фенси коли и да се расшетува сегдека,
Ондак,..во нашава ни најмила држава со просечна македонска плата може само да се прехрани едно семејство,..да не збориме за нешо више..станбен кредит?
мало сутра. Продавање на тие демагогии дека иаме поише од комфорен живот и треба да бидеме задоволни со тегли ајвари не ви држи уопште ..
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Во Македонија ќе се живее убаво со просечна пратеничка плата која ја добиваш по макотрпно работење во собрание? - Се оди на седница еднаш во една година.
Така да ќе имаш 4 коли. Куќа, 2 стана, вила, јадеш и пиеш на сметка на државата или партијата, не плаќаш казни, имаш пари а твоето дете во најдобар студентски дом нема добар успех а е на државна квота и зима стипендија, одење на одмор во Грција и многу други бенефиции во општеството.

Значи тука е најдобро од било каде на светот само да имаш просечна пратеничка плата.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Не чекаат веднаш мене да ме вработат у странство ама кој отишол секој се вработил, а овде никад по струка едино нешо шо се бара ко занаетчија или услуги, за што не треба некое школо ниту некоја интелигенција. Овде не чини ништо, ни државата, ни луѓето, ни ништо, малограѓанштина тешка!!!!!
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Ништо на светов не вреди да се напушти нашата земја , ама државата?????? кој може по итно да фати магла од таму , секој ден..... во секој поглед... све повеќе ти влегува ........
Се иселив , и ме влече вистина е :toe:, и кога ке дојдам на одмор и кога ке видам што се случува со мојот народ , кога ке ги видам издрогираните копиљаци во бесни коли ,кои им ги купиле нивните родители лопови , како праваат што сакаат ,кога ке ги видам сите оние поштени луѓе кои знам дека цел живот рмбаат како коњи немајки пари да се прехранат и да си ги платат сметките , ми се превртува желудникот и ме фаќа носталгија за овде , за туѓа земја..........да пукнеш од мака.......
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Прашањето е дали вреди да се остане.
Не ми е амбиција да крпам крај со крај со плата од 12.000 цел живот. Во оваа земја работите уште долго нема да се променат, барем не во мојот животен век.
Од патриотизам и печење пиперки на ќумбе (погоре спомнато) не се живее асален живот. Ја сакам оваа земја и знам дека би ми недостигала кога би била далеку од неа. Ама тоа е прашање на навика, и љубов кон своината и приврзаност кон „нашето“, ама не и причина за да останам овде.
Прва прилика фаќам магла.
Не дека низ светот е сјајно, ама на многу места е подобро од овде. Многу, многу места.
Сакам иднина за себеси, а тешко дека ќе ја добијам истата ако се мавам у груди дека сум горда македонка и дека нема да се „продадам“ за подобар живот таму негде надвор.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Хм има луѓе коишто тука успеале така да не мислам да се откажам дека не можеам и јас да успеам,ако си доволно добар ќе те биде,ако не не треба некого да обвинуваш :toe: секаде е тешко нема нигде мед и млеко,ама незнам овие што ќе отидат како ќе се снајдат,зашто ние сме познати по мрзливост,дреми во канцеларија ама 12 000,во светот се работи за тие пари :toe: да не се повторувам,не одам никаде,останувам тука и работам за ебе,моите најблиски и за мојата држава :salut:
 
N

navivacka

Гостин
Ниту роднини ниту пријатели нема да ти дадат парче леб, простор за живеење (не привремен), значи се насе нема да ти дадат живот.
Ако овде немаш услови (работа, можност за основање фамилија, сигурност...) секако дека среќата ќе ја бараш надвор. Тешко е надвор, но овде е уште потешко со 100-200 евра да подигнеш фамилија (ако имаш приходи, некои се и без приходи). Поубаво да, се додека родителите овозможуваат и додека си млад човек, а после? Ако не се снајдеш на место каде би заработил регуларно за живот? Ќе пцуеш во подфорум економија дека е тежок животот, дека мизерија од плата, дека се краде... :)
Спомнав дека да, дека би одел, но тоа порано, во помлади години.
И да, пробавме, кога бевме двајцата без работа, кога системот се распаѓаше и немаше никаква работа освен утовар на шлепери преку задруга. Е сега...со дете сопруга, без плата...убавините на Македонија се тука, но како да имаш перде на очи, никако да ги видиш, ради празниот стомак. Побаравме иселеничка (ваљда таква беше) виза за Австралија, не не примија ради тогашните услови при распадот на сфрј, инаку бев спремен да заборавам на факултет и ја и сопругата само за да обезбедиме иднина на децата.
Значи не е се до љубовта кон роднини, пријатели, маало и родна грутка, нешто е и до средства за пелени и млеко за децата :wink:
но оние кои овде добро ќе се снајдат не гледам потреба да излегуваат од земјата-тешко е надвор за првите генерации нашинци, но сепак зависи и од убеденоста и личните желби :)
Aбе може да е така,дека нема да ми дадат ни парче леб ни ова ни она зашто денес секој си гледа за себе...ама туку така да ја напуштиш земјата овде и да отидеш во странство не е лесно...секој не е успеал надвор од државата и затоа се врака назад...Ако мисли некој дека би можел да се снајде надвор од Македонија слободно нека замине,ама таму нема легачење пред телевизор и да чека нешто да му падне од небото како што правил овде,таму постојано работиш на сонце на студ ако сакаш да заработиш,имаш само еден слободен ден во Неделата.Сега ако не може да се вработи овде нека си ја проба среката на друго место:toe:

Ете ке кажам еден мој пример:Не ја бев напуштила државата туку градот кој што живеам да отидам на двонеделен одмор кај тетка ми во Охрид...верувај знаеш ли колку ми беше тедшко што не бев покрај моите пријателки покрај брат ми и сестра ми...ги броев деновите кога ке се вратев,а бидејки имаме бутик и сум навикната да ги гледам продавачките секој ден како "оговараат" во собата каде што спиев еден ден седнав и си размислував и погледнав кон прозорот и се мислев дека ке ги слушнам нив или ке повикаа за кафе...замисли како сум се осекала надвор од градот а камоли од државата ако ја напуштам како ке ми е...(кажав чист пример)не би ја напуштила државата ако немам некоја убава причина за тоа.

И стварно се чудам на тие кои имаат на пример Бугарски пасош,ке се откажат од државјанството само за да најдат подобар живот...
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Би ја напуштила и јас во првата можна прилика што би ми се укажала.
Едноставно сметам дека овде нема да имам живот каков што сакам,далеку од тоа дека сакам да живеам во палати и незнам што,но таа удобност која што ја сакам,овде можам да ја стекнам само со занимавање со валкани работи,што во нитуеден случај не би го сакала.
Да,далеку од тоа дека надвор ќе ми биде совршено и наредено се`,но барем ќе знам дека сум осигурана на безбеден и удобен живот.Со текот на времето се` ќе се нареди,неможе одма.
Башка,сметам дека моите деца би имале многу полоша иднина од мојата тука и тоа е причина плус затоа што сакам да си одам..времињата тука не се менуваат на подобро,туку на полошо,за жал.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Зошто да не ја напуштам кога знаат одредени на лето да се сончаат во Грција а мене ми продаваат пувки за голема Македонија и ми праат филм од пред 2500 години додека тие си ги живеат снобовски нивните животи не би седела тука да молам за работа од 150евра. Мене не ми треба занимавање со историја не ми треба ни некој што изумрел пред толку години па да се навракам на него за да знам што сум . Жити капитализмот жално си канстатирам дека нема ништо да се смени ниту големиот дел од затупената нација која во секоја работа меша национални чуства нити оние кои на тоа собираат поени. Извинете критиката кон определени политички проблеми или ситуации не ме прави помала македонка од било кој од вас ниту аку се обидам да си ја барам среката надвор зошто има луге кои живеат на ова тло т. е одредени кои имаат мок но не сакаат ништо да сторат за благосостојбата на обичниот народ. Тие не се патриоти не се националисти тие се лажови особено политичарите , на што се восхитувате јас не знам земаат милиони од ммф и светска банка за бизарни идеи и после наредни генерации со крв ке ги плакаат аку аку малку е.

А мислиш дека на запад ружи цветаат?Мислиш дека те чекаат само тебе за да те вработат?Или пак таму не ги земаат колите и куќите на кредит:tapp::tapp:
Па и таму ти е исти к*р .Или мислиш дека со платата што ќе ти ја дадат на запад ќе си дозволиш да купиш кола во готово?Си се заебал ако така мислиш.
Никој не рече дека цветаат само знам дека странците кога ке дојдат во Охрид со свои очи гледам колкави можности имаат . Кажи ми еден македонски граганин со плата од 10000 ден кога ке си дозволи да шета цели два три месеца по европа и во светот? Кога ке си дозволи да заштеди за просечна кола? Дали има можност на кредит...да не тупам претходно некои многу добро пред мене се изјаснија...
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Никој не рече дека цветаат само знам дека странците кога ке дојдат во Охрид со свои очи гледам колкави можности имаат .
Колкави можности имаат?
И ти да работиш секој ден по 16 саата ќе имаш прекрасни можности за луксуз....само што тогаш нема да имаш време да ги трошиш парите:helou:

Кажи ми еден македонски граганин со плата од 10000 ден кога ке си дозволи да шета цели два три месеца по европа и во светот?
Абе зошто си праите таков филм дека странецот го шета светот 2-3 месеца?Зашо да се лажете сами себе.Странците знаеш кога шетаат 2-3 месеца?Кога ќе отидат у пензија,затоа што ЦЕЛ ЖИВОТ РАБОТЕЛЕ.

Кога ке си дозволи да заштеди за просечна кола? Дали има можност на кредит...да не тупам претходно некои многу добро пред мене се изјаснија...
Пишав и претходно,да не се повторувам.....
Крај краева што мајка барате у Македонија ако не ви одговара?Ако имате имот продајте го и трк у СТРАНСТВО по "мед и млеко".На некои им е понижување да работат како чистачи/ки или келнери/ки во Македонија,ама затоа у СТРАНСТВО нема да им биде.....ама затоа кога ќе се јават у киселенички џубокс за да ги поздрават македонците ќе кажат дека се јавуваат од странство и ќе ни препорачат да не го менуваме името МАКЕДОНИЈА:tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom