Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634

ајмо пак табелава..со кратка анализа..ова е официјален амерички просек наспроти холивудските прикаски..

значи сума сумарум на 49 години

ке имаш две коли
половина кука
и ке работиш за 15 000 долари годишна заштеда преведена во наши вредности грубо околу 3 - 5000 евра (не премсметувам курс туку реална вредност во сооднос на трошоци)

ке жртвувам, пријатели семејство здрав разум и В Р Е М Е за тоа????? :drk:

јас и секој втор на половина од таа возраст со навистина многу труд имам повеке од две коли, 100% сопственост на мојот дом и заштедувам повеке од мочаните 15 000 долари годишно во наша против вредност....

дигитронот пред селидба тикви низаедни..како ке просперирате во тугина кога не знаете математика:vozbud:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Не. Освен ако имаш дупло државјанство. А граѓанин од втор ред, фала. И тука сум :smir:
 
J

Johnny Stulic

Гостин

ајмо пак табелава..со кратка анализа..ова е официјален амерички просек наспроти холивудските прикаски..

значи сума сумарум на 49 години

ке имаш две коли
половина кука
и ке работиш за 15 000 долари годишна заштеда преведена во наши вредности грубо околу 3 - 5000 евра (не премсметувам курс туку реална вредност во сооднос на трошоци)

ке жртвувам, пријатели семејство здрав разум и В Р Е М Е за тоа????? :drk:

јас и секој втор на половина од таа возраст со навистина многу труд имам повеке од две коли, 100% сопственост на мојот дом и заштедувам повеке од мочаните 15 000 долари годишно во наша против вредност....

дигитронот пред селидба тикви низаедни..како ке просперирате во тугина кога не знаете математика:vozbud:

Македонцки си живеел во САД?
Не можеш така да резонираш ова не е некоја аксиома па со некоја статистика ќе го дефинираме животот на некоја индивидуа.

Ајде напрај го шаблонот на Македонија со инкаминг годишно без такса од 5647 долари? 12 х 20000 = 240000/42,5 = 5647 зелени

Што ќе имаш на 49 години спечалено?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Mакедонија е таква каква што ја знаеме сите, јас си ја сакам и никогаш нема да ја напуштам. Ќе дојдат посветли денови за сите нас, денови кога сите ќе живееме заедно, ќе се радуваме на спортски успеси, нема секојдневните разговори да ни бидат за дупки на патиштата, невработеност, мали плати и никој повеќе нема да се замараме со политиката.

Сите ние заедно сме иднината на Македонија, ние сме тие кои ја градиме оваа држава. Без нас таа нема да опстои. Вечната земја да го прекине својот живот во 21 век, без никакви опасности.

Затоа ги повикувам сите млади активно да учествуваат во градењето на нашата државичка, а ова не е една од рекламите на МТВ туку повик од еден млад човек кој ја сака својата земја и во добро и во зло.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Македонцки си живеел во САД?
Не можеш така да резонираш ова не е некоја аксиома па со некоја статистика ќе го дефинираме животот на некоја индивидуа.

Ајде напрај го шаблонот на Македонија со инкаминг годишно без такса од 5647 долари? 12 х 20000 = 240000/42,5 = 5647 зелени

Што ќе имаш на 49 години спечалено?
статистиката во мк не ти е меродавна од причина што половина економска активност ти е црна...сад статистиките си се на место...

види што има 50 годишен човек во МК..има или не 2 коли и за разлика од Американецот 100% сопственост на имотот...

и разграничете помегу просечен РАБОТНИК...и административец, или недоквакант тијнеџер крлеж...

јас не познавам човек во МК кој е вреден и паметен да е лошо ситуиран...НЕМА ТАКОВ....
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89

Стокец и точак ?

До сега немам запознаено Македонец со просечна плата да има две коли.

И за каква сто процентност збориш ? отплаќање кола на +5 години...
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Стокец и точак ?

До сега немам запознаено Македонец со просечна плата да има две коли.

И за каква сто процентност збориш ? отплаќање кола на +5 години...

тогаш не си од тука, повели паркинзите во аеродром

ке те замолам да читаш, размислиш па одговориш..види погоре за каква сопственост зборам и која старосна граница
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
тогаш не си од тука, повели паркинзите во аеродром
Не бе дечко, ти си ја фураш тезата дека сме најјаки.

Повеќето Македонци со просечни плати немаат коли, а ако имаат е некоја од време на СФРЈ или пак од оние поефтинине што коштаат максимум 10 000 евра што ја отплаќат со години. Значи имотот 100% не си го поседуваат.

Проблемот на македонецот е тоа што во странство се ќе работи од молер, келнер, чистач а тука да му кажеш да работи нешто што не вклучува канцеларија и телефон будала ќе те направи. Си имаме комплекси дека тој што работи нива е сељак, тој што работи физичка работа е будала.

Ако се пресели некој во странство нормално ќе му биде тешко затоа што почнува од нула се да создава.
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93

ајмо пак табелава..со кратка анализа..ова е официјален амерички просек наспроти холивудските прикаски..

значи сума сумарум на 49 години

ке имаш две коли
половина кука
и ке работиш за 15 000 долари годишна заштеда преведена во наши вредности грубо околу 3 - 5000 евра (не премсметувам курс туку реална вредност во сооднос на трошоци)

ке жртвувам, пријатели семејство здрав разум и В Р Е М Е за тоа????? :drk:

јас и секој втор на половина од таа возраст со навистина многу труд имам повеке од две коли, 100% сопственост на мојот дом и заштедувам повеке од мочаните 15 000 долари годишно во наша против вредност....

дигитронот пред селидба тикви низаедни..како ке просперирате во тугина кога не знаете математика:vozbud:
Мојот свекор има 2коли,(две куќи и еден стан у Македонија)уште две години заминува во пензија,си оди во Македонија,изнашетан,најаден,напиен и ке си зима пензија од 600евра(можда и повеке) и плус на пола роднини секоја година пари им дава,секогаш кога си оди на одмор...ај математика сега...???
Дали ке го имаше сето ова доколку пред 27години не заминал од Мк...а нема образование и плус работи убава и пристојна работа???
 
J

Johnny Stulic

Гостин
статистиката во мк не ти е меродавна од причина што половина економска активност ти е црна...сад статистиките си се на место...

види што има 50 годишен човек во МК..има или не 2 коли и за разлика од Американецот 100% сопственост на имотот...

и разграничете помегу просечен РАБОТНИК...и административец, или недоквакант тијнеџер крлеж...

јас не познавам човек во МК кој е вреден и паметен да е лошо ситуиран...НЕМА ТАКОВ....
Уф Македонцки ќе те бацам :back: само што го добив тикетот за мајка Македонија по 3 недели перипетии изгледа ти ми си к'мет.

Колку сака нека има црна и сива економија споредбата со САД и Македонија не држи вода.

Овде ние разговараме за авериџ Џое и Блаже од Маџари ако гледаш така на работите кај мене на работа менаџерите се блиску до 200,000 годишно такс фри, а не се ни толку вредни ниту пак паметни.
Не е ништо страшно да признаеме дека можностите во останатите земји се далеку поооголеми.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Колку сака нека има црна и сива економија споредбата со САД и Македонија не држи вода.
не реков дека држи и НЕ ГИ ИЗЕДНАЧИВ...само кажувам дека разликата не е 10 према 1, сите не возат крајслери и не е се розово...

И во македонија, ако се трудиш и работиш ке живееш амерички
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Убаво е да се шмека низ целиот свет. И сакам да шмекам низ светот. Да го видам...да работам...стекнам искуство. Да ми се прошират хоризонти. Сакам да шмекам Нигеријки, Јапонки, Бразилки, Американки, Австралијки, Новозеланѓанки...и покрај шмекот сакам да учам за нивната култура и традиции. Убаво е се тоа. Но јас мислам....дека кај и да сум...шмекот во Македонија секогаш ќе ме влече назад! :smir:
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Не е ништо страшно да признаеме дека можностите во останатите земји се далеку поооголеми.
Воопшто не е страшно, и така е. Сепак не може да се спореди тој живот таму, со овој живот овде, затоа што овој живот овде е поубав. И јас сум на став дека таму у странцтво има пари кои чекаат на нас, но не би да живеел таму пошто се сероњи невидени тие таму у тоа западниот свет - сите. Па и дијаспорците кои се 15+ години таму.

Џабе ми сите пари ако не можам во дворот ќумбе да си запалам и пиперки да лупам, ако не можам казан да си наложам и ракииче да си праам, ако не можам у мојот двор свиња да заколам и да соберам 100 души околу скара.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Џабе ми сите пари ако не можам во дворот ќумбе да си запалам и пиперки да лупам, ако не можам казан да си наложам и ракииче да си праам, ако не можам у мојот двор свиња да заколам и да соберам 100 души околу скара.

Речиси за се ова што наброја веќе постојат казни од 50 евра.

Инаку, јас од мојата носталгија не би можела да успеам никаде надвор. И знам дека ќе ми бидат залудни обидите, па затоа се додека сум со ова размислување ќе барам било каков начин за да успеам овде.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Воопшто не е страшно, и така е. Сепак не може да се спореди тој живот таму, со овој живот овде, затоа што овој живот овде е поубав. И јас сум на став дека таму у странцтво има пари кои чекаат на нас, но не би да живеел таму пошто се сероњи невидени тие таму у тоа западниот свет - сите. Па и дијаспорците кои се 15+ години таму.

Џабе ми сите пари ако не можам во дворот ќумбе да си запалам и пиперки да лупам, ако не можам казан да си наложам и ракииче да си праам, ако не можам у мојот двор свиња да заколам и да соберам 100 души околу скара.
:pos2::pos2:
Трнче ко баба ми да ја слушам кога евоцира спомени од работна акција Шамац - Сараево кога тој далматинецо и свирел севдалинки на гитара и после печеле компирчиња на тивкиот оган во врелата ноќ и на крај се зацрнила во пуста Македонија далеку од рајот божји т.е скрките Херцеговачки.

Значи ако не пијаш ракија од 55 степени, не колиш свиња во двор и не лупиш пиперки за ајвар си сероња.:pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom