Владата ќе дели ваучери за струја за најсиромашните

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па ние наместо фискална денес да даваме цијанид.Или да се вратиме во тој систем и така натаму сме тргнале-камшик систем.

Let 3 напиша:
Сите сме принудени повеќе или помалку да работиме за да заработиме. Ретко кој одвај чека сабајјле да стани и со насмевка да отрча на работа.
Македонија има доста земја која никој не ја обработува, земја која пред 100 или 200 300 години ранела 10 члена фамилија сигурно денес може да исхрани 4 члена. Али мил им е животот во градот и надеж дека државата ќе им ја плати струјата, ќе им купи некој кубик дрва, ќе им даде некој денар, пакет со храна... отколку со свој труд и пот да го спечалат лебот на село. Нека таткото социјалец му каже дома на жената и децата (тинејџери) дека ќе се селат в село и ќе живеат од земјоделие па ќе го ифрлат на улица.
Пред некое време нели се раздаваше земјата од страна на државата?Кој ја зема таа земја да ја обработува?Нели добитници беа луѓе кој имаат,а оние што немаат пак си останаа со прстот во уста.Мислам ако се правиме слепи,во ред е да тврдиме дека за секој има работа во земјава.
Кај нас тој што има пак има,тој што нема никогаш и нема да има.За крај,ситиот не му верува на гладниот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Па ние наместо фискална денес да даваме цијанид.Или да се вратиме во тој систем и така натаму сме тргнале-камшик систем.
Не знам во какво друштво се движиш но премногу си очајна и депресивна по муабетите.
Во мојот свет е ведро и светот наоколу има боји. И со СДСМ и со ВМРО на чело на државата мене ми е добро.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Па јас сум рекол дека Капитализмот е мртов и ми наликува на феудализам, а оваа ситуација е како во турско. Народот е прост и сиромашен, имаме комити и врховисти само ни фали да има хареми.

Нека таткото социјалец му каже дома на жената и децата (тинејџери) дека ќе се селат в село и ќе живеат од земјоделие па ќе го ифрлат на улица.
Богами да. Премногу гордост и мрзеливост има во овој народ.

П.С. не зборам за стечајци, хендикепирани и луѓе кои нивната функција веќе не постои во оваа држава (како бранителите на пр.)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сите сме принудени повеќе или помалку да работиме за да заработиме. Ретко кој одвај чека сабајјле да стани и со насмевка да отрча на работа.
Македонија има доста земја која никој не ја обработува, земја која пред 100 или 200 300 години ранела 10 члена фамилија сигурно денес може да исхрани 4 члена.
Можи ама место волови да те запнат тебе во Јарем да ораш :smir:
За таа земја треба механизација трактори, косачки, садачки, комбајни. Така е тоа земи орај со волови. Инаку за твоја информација луѓе што имаат земја по 100 декари и ја обработуваат со сопствена механизација се многу богати луѓе, ама како да се дојди до до тие 100 декари и до таа механизација :toe:.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Можи ама место волови да те запнат тебе во Јарем да ораш :smir:
За таа земја треба механизација трактори, косачки, садачки, комбајни. Така е тоа земи орај со волови. Инаку за твоја информација луѓе што имаат земја по 100 декари и ја обработуваат со сопствена мехљанизација се многу богати луѓе, ама како да се дојди до до тие 100 декари и до таа механизација :toe:.
Поголем дел од социјалци по градови се по потекло од селата каде им седат обраснати и запоставени ниви од татковци и дедовци, а тој кој на 40-50 години нема работа нема заштедено нема нива нема идеја што да прави освен да чека 3000 денари од државата ... па тој е тотално неспособен и не се исплаќа околу него ни да се размислува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.301
Богами да. Премногу гордост и мрзеливост има во овој народ.

П.С. не зборам за стечајци, хендикепирани и луѓе кои нивната функција веќе не постои во оваа држава (како бранителите на пр.)
Чудно е зошто би бил тогаш присутен тој македонски парадокс, овде сме генерално мрзеливи, а во другите земји генерално одлично работиме (гледајќи според имотот кој го стекнуваат за време за кое овде е потребно неколку животи :) ). Дали е до нашиот ген, на кој секогаш се самообвинуваме или е до...парите? Доколку е до генот, менталитетот...сигурно и таму би биле мрзеливи и одма би не експедирале назад во државава, а добар дел од народот наш заработува во странство и живее таму...не знам.
Инаку гордоста (не горделивост) е добра работа :) иако најсиромашни просечно во Европа, сепак не ја спуштаме така лесно главата. Сепак збориме од поширок аспект.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не знам во какво друштво се движиш но премногу си очајна и депресивна по муабетите.
Во мојот свет е ведро и светот наоколу има боји. И со СДСМ и со ВМРО на чело на државата мене ми е добро.
Па се гледа дека ти е добро чим делиш природни закони.Лесно е од тој видик да делиш закони за сиромашни,мрзливи и неснаодливи.Продолжи и понатаму да гледаш бои и да уживаш во ваквиот систем:smir:
А јас ќе продолжам очајно да зборувам дека треба праведност во државата,бидејќи мене не ми е убава глетката наоколу,се повеќе и повеќе гледам луѓе во контејнери.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Чудно е зошто би бил тогаш присутен тој македонски парадокс, овде сме генерално мрзеливи, а во другите земји генерално одлично работиме (гледајќи според имотот кој го стекнуваат за време за кое овде е потребно неколку животи :) ). Дали е до нашиот ген, на кој секогаш се самообвинуваме или е до...парите? Доколку е до генот, менталитетот...сигурно и таму би биле мрзеливи и одма би не експедирале назад во државава, а добар дел од народот наш заработува во странство и живее таму...не знам.
Инаку гордоста (не горделивост) е добра работа :) иако најсиромашни просечно во Европа, сепак не ја спуштаме така лесно главата. Сепак збориме од поширок аспект.
Не верувам дека е до генот... Децата се „распуштени“ поради недостаток на родителска грижа... Глобалниот тренд на запуштеност се должи на комплетна неспособност да се мотивира и насочи сопствениот народ.
Токму од овие причини, Балкан секогаш барал Лидер, каризматичен водач кој другите ќе го следат и слушаат. Можеби имаме „оставштина“ од Тито, но неспорно сме во моментов ништо повеќе до неорганизирана и изгубена маса на талкачи кои извесно знаат единствено дека нешто мора да се смени.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
бидејќи мене не ми е убава глетката наоколу,се повеќе и повеќе гледам луѓе во контејнери.
И мојата глетка е глетка на луѓе во метални предмети... во мерцедеси, бмв-иња, лексуси....
Но мене ми се допаѓа глетката
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И мојата глетка е глетка на луѓе во метални предмети... во мерцедеси, бмв-иња, лексуси....
Но мене ми се допаѓа глетката
Секоја чест кога можеш од ваква тема да правиш шега.Мене па не ми е смешна.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не верувам дека е до генот... Децата се „распуштени“ поради недостаток на родителска грижа... Глобалниот тренд на запуштеност се должи на комплетна неспособност да се мотивира и насочи сопствениот народ.
Токму од овие причини, Балкан секогаш барал Лидер, каризматичен водач кој другите ќе го следат и слушаат. Можеби имаме „оставштина“ од Тито, но неспорно сме во моментов ништо повеќе до неорганизирана и изгубена маса на талкачи кои извесно знаат единствено дека нешто мора да се смени.
Во државата наша има луѓе кои се способни да го мотивираат и насочат нашиот народ кон вистинскиот пат, но не можат да дојдат до израз тие луѓе поради нашиве две "благороднички" фамилии кои на секои четири години ја менуваат власта.
А што се однесува за овој дел од твојот коментар;
Децата се „распуштени“ поради недостаток на родителска грижа
има и такви деца, но не можеш да кажеш дека кај сите деца во Македонија е ваква ситуацијата.:wink:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.301
Не верувам дека е до генот... Децата се „распуштени“ поради недостаток на родителска грижа... Глобалниот тренд на запуштеност се должи на комплетна неспособност да се мотивира и насочи сопствениот народ.
Токму од овие причини, Балкан секогаш барал Лидер, каризматичен водач кој другите ќе го следат и слушаат. Можеби имаме „оставштина“ од Тито, но неспорно сме во моментов ништо повеќе до неорганизирана и изгубена маса на талкачи кои извесно знаат единствено дека нешто мора да се смени.
Јеп, нема што да додадам, ај агри, тотали :smir:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Чудно е зошто би бил тогаш присутен тој македонски парадокс, овде сме генерално мрзеливи, а во другите земји генерално одлично работиме (гледајќи според имотот кој го стекнуваат за време за кое овде е потребно неколку животи :) ). Дали е до нашиот ген, на кој секогаш се самообвинуваме или е до...парите? Доколку е до генот, менталитетот...сигурно и таму би биле мрзеливи и одма би не експедирале назад во државава, а добар дел од народот наш заработува во странство и живее таму...не знам.
Инаку гордоста (не горделивост) е добра работа :) иако најсиромашни просечно во Европа, сепак не ја спуштаме така лесно главата. Сепак збориме од поширок аспект.
Тој Македонски парадокс го прават парите. Таму јесте да зимаат и тоа како поголема плата но ако пресметаме не живеат во луксуз, сакпо е таму, но сепак платата се зима навреме, може да се земе и кредитче оно ово. Ове е друга ситуација. Оние кои не одат во странство и остануваат тука или работат само за да си ја прехранат фамилијата, некои чекаат плата со години, трети пак се под биро чекаат вработување, или си седат дома и се мрзи.

Гордост постои. Let3 убаво кажа за Таткото дека може да биде исфрлен ако каже да се оди на село.
На некои луѓе (мои познаници) не им се работи ама ич (паразити) и кога ќе и кажеш оди таму ваму дали за келнер,шанкер или билшто секогаш наоѓаат изговор као демек не ме бива, е нејќам тоа, тешка работа - е ајде која работа е лесна?

Бај д веј како јас како тинејџер сум работел се и сешто а други да неможат да најдат работа?
Чудно...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Според истражувања што се направени на европско ниво во 1983 (мислам) се дојдени до следните резултати за колку ефективно работникот ја врши својата работа за време на работно време од 8 часа.

Германец просек - 8 од 8
Французин - 7.30 од 8
Југословени - 6.30

Интересното е тоа што е правена анализа при народна припадност.
Слоценец просек - 6.45
Македонците и Црногорците - 3 часа активно работење

информациите ги имам во книга па кога ќе можам целосно ќе го постирам тоа истражување.

Заклучок : Мрзи сме.
Само мака ми е за оние кои што немаат што да работат а имаат завршено високо образование иако не значи дека не треба привремено да се работи друга работа.
Пореален зклучок:

Она што може Македонецот да го сработи за 6.30 часа,на Германецот му трбаат цели 8 часа,и така според списокот....
Парадоксално е што во оваа земја високото образование е најбитен елемент за стекнување со работа,иако никој не ни го признава во светот.Во земјите низ ЕУ дипломата е во втор или трет план,кога се зборува за класични и секојдневни работни места,таму се бара ефективност,резултати и пред се практично познавање на работата.На градилиште никого не го интересира дали си ти доктор по архитектура,ако не знаеш да го прочиташ планот и да го имплементираш во детаљи.

Тој Македонски парадокс го прават парите. Таму јесте да зимаат и тоа како поголема плата но ако пресметаме не живеат во луксуз, сакпо е таму, но сепак платата се зима навреме, може да се земе и кредитче оно ово. Ове е друга ситуација. Оние кои не одат во странство и остануваат тука или работат само за да си ја прехранат фамилијата, некои чекаат плата со години, трети пак се под биро чекаат вработување, или си седат дома и се мрзи.
Гордост постои. Let3 убаво кажа за Таткото дека може да биде исфрлен ако каже да се оди на село.
На некои луѓе (мои познаници) не им се работи ама ич (паразити) и кога ќе и кажеш оди таму ваму дали за келнер,шанкер или билшто секогаш наоѓаат изговор као демек не ме бива, е нејќам тоа, тешка работа - е ајде која работа е лесна?
Бај д веј како јас како тинејџер сум работел се и сешто а други да неможат да најдат работа?
Чудно...
Мислиш дека за сите е едноставно да излезат од ова ГЕТО?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Пореален зклучок:

Она што може Македонецот да го сработи за 6.30 часа,на Германецот му трбаат цели 8 часа,и така според списокот....
Парадоксално е што во оваа земја високото образование е најбитен елемент за стекнување со работа,иако никој не ни го признава во светот.Во земјите низ ЕУ дипломата е во втор или трет план,кога се зборува за класични и секојдневни работни места,таму се бара ефективност,резултати и пред се практично познавање на работата.На градилиште никого не го интересира дали си ти доктор по архитектура,ако не знаеш да го прочиташ планот и да го имплементираш во детаљи.



Мислиш дека за сите е едноставно да излезат од ова ГЕТО?
Не е за дали ние за 5 дена ќе направиме кули близначки а тие за 8 дена. Се однесува колку активно работи. Споредбата е правена за исти работи и во исти работни услови.

Како да излезат од гето? За овде зборувам.

за бај д веј сори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom