Koга веќе зборуваме за намалување на сиромаштијата,меѓу која спаѓа и оваа енергетската сиромаштија,покрај заложбите што треба да ги направи владата во создавање услови за вработување на населението,чија невработеност достигна фрапантни 40%,владата треба и да работи постојано врз изнаоќање инвеститори во енергетскиот сектор,преку изградба на енергетски потенцијали по пат на финансирање,кофинансирање,па и делумно учество на поединци и фирми преку акции во проекти што ќе ги финансира самата влада,односно државава.На тој начин би се создале подобри услови за изградба на енергетски објекти,а Македонија би дошла до повеќе и поефтина електрична енергија.
Уривањето на Шенгенските бариери,го елабориравме веќе поодамна и на други теми,па затоа мислам дека е беспредметно да се повторуваме и овде.Значи би повторил само тоа дека ова што досега го прават сите влади за да ја намалат сиромаштијата во земјава,практично е недоволно и сосема ретроградно барем кога се погледне реалноста окулу нас.Неколку битни сегменти мораат да се воспостават како “Мојсиеви закони“ доколку навистина се сака битен напредок на оваа држава и овој народ,без видливи шанси за зачленување во ЕУ во блиска иднина,што донекаде би довело до малку порелаксирана состојба на тоа “поле“.Во оваа прилика би ги навел тие мерки,а доколку вие имате некој предлог,слободно би можеле да додадете и сопствени предлози:
1.Создавање ефтини или бесплатни урбанизирани индустријски парцели во секоја општина на нашата држава,со пристапен пат,снабденост со вода,струја а по можност други извори на енергија.
2.Олеснување на фирмите кој ќе сакаат да градат објекти на таквите индустриски парцели,во вид на даночни,енергетски и комунални минимализирања.
3.Ослободување од придонеси(2 години),кон вработените за сите фирми,кој изградиле нов индустриски капацитет на тие зони и вработиле без разлика колку вработени.
4.Давање во владеење или во приватна сопственост на земјиштето каде потенцијалните инвеститори ќе изградат индустриски капацитет со лични средства,без можност за пренамена,но со можност за препродажба или отстапување на изградените објекти.
5.Нови пресметки и однапред одредени цени на енергетските трошоци кој треба да ги плаќаат фирмите за потрошена струја,вода,комуналии и слични други давачки,без при тоа да им се дуплираат или мултиплицираат цените во енормно небулозни,како што моментално е на теренот.(ова да важи за сите фирми,макар и со еден вработен)
6.Брзо и итно укинување на давачката означена како “фирмарина“,која е беспредметна и непотребна.
7.Враќање на можноста фирмата да се стави во мирување,но со предходно исчистени сите давачки кон доверителите,вработените,вклучително и фондовите за здравствено и пензиско осигурување.
8.Ослободување од плаќање придонеси за сите нововработени,во период од најмалку 2 години,но под услов истите да биле прописно пријавени во заводот со најмалку 12 месечна невработеност,а и скратување на можноста газдите да манипулираат со отпуштања,со тоа што за секој отпуштен работник ќе мораат да плаќаат придонеси најмалку 12 месеци по престанок на нивната работа.
П.С.:-Треба ли уште “УМ“,само кажете или предложете.:smir: