Владата ќе дели ваучери за струја за најсиромашните

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Просечна плата во МК е плата која покрива трошоци на живот.
И половина просечна плата да му дадеш на социјално семејство (10.000) нема да стигни за се, и пак секој 2-3 месеци ќе им ја исклучуваат струјата не ќе имаат за лекарства за дрва за вода и пак ќе треба владата да им додава и подава.
Треба државата да започни огромни проекти, градење брани, патишта тунели, канали за наводнувања, пошумувања, расчистувања на смет и отпад, големи ... и тука да ангажира социјала. Да им се дава по 10.000 плата и еден оброк и да работаат. Кој не сака или неќе, да изгуби право на секаква помош.
За 10 години Македонија ќе биде испресецена со патишта до секое селце, ќе има вештачки акумулации ќе биди пошумена, земјата обработена чисто секаде и сите ќе работаат.
Дури и би му дал земјоделски земјишта на семејства социјалци да го обработуваат и да живеат од тоа. Па како живееше и опстојуваше народот кога не постоеше социјална помош???? Со векови и тоа поголеми семејства од денешните опстанаа и преживееа а сега не се миожело никако така?!?!?
Значи на крај пак доаѓаме до истото.Условите треба да ги создаде оној кој ги троши парите.Дали ќе гради патишта,дали ќе создава економска клима,дали ќе оформи правна држава,нивен проблем.А не да ги плаќаме да не крадат.Ни у од услови нема.Епа целото наброено население,ја создаде оваа држава,со сопствени раце градеше патишта и фабрики,за на крај да ги испуцаат на улица без ништо.
Социјалниот елемент е најважен во сиромашни држави како нашава.Како ќе најде пари да им помогне,нивен проблем,да ги остави без леб несмее,бидејќи она им го земаа лебот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Епа целото наброено население,ја создаде оваа држава,со сопствени раце градеше патишта и фабрики,за на крај да ги испуцаат на улица без ништо.
И целото тоа население свесно и јасно рече дека тој систем на колективна сопственост “самоуправување“, СОЦИЈАЛизам не чини, и дека треба да се менува под итно со денешниот систем, систем на капитализам приватна сопственост и борба за живот.
Изборот беше на народот.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Значи на крај пак доаѓаме до истото.Условите треба да ги создаде оној кој ги троши парите.Дали ќе гради патишта,дали ќе создава економска клима,дали ќе оформи правна држава,нивен проблем.А не да ги плаќаме да не крадат.Ни у од услови нема.Епа целото наброено население,ја создаде оваа држава,со сопствени раце градеше патишта и фабрики,за на крај да ги испуцаат на улица без ништо.
Социјалниот елемент е најважен во сиромашни држави како нашава.Како ќе најде пари да им помогне,нивен проблем,да ги остави без леб несмее,бидејќи она им го земаа лебот.
Хммм..џабе муабет...сето тоа што се направи, се прави и ќе се прави, нема никаква логика со умот на здрав нормален човек..., но во овој момент светот го владеат болни ....., исчашени умови , нивните локални вазали се избираат по тој критериум...
Нашиот мал проблем е што сеуште еден голем дел од популацијата ЗНАЕ каков е вкусот на лебот и раскажува......,но како што шеќер преку стакло не се лиже, така раскажаното не е реално искуство и новите луѓе појма немаат што е тоа, така да можат да продолжат понатака како обична марва....за каква се третирани...
Приказните за лична иницијатива, претпиемаштво и слично се лук и вода, кога треба да се практицираат на опљачкана ледина , со образование во кое еден Бојо и слични се декани на "универзитетите" плус тоа ледината третирана како гето, каде банките се лични перални на пари на вазалите и нивната свита , каде всушност ништо не функционира....заради апсолутно метастазираниот непотизам, при што единствената идеологија која се труби на сите можни и неможни начини е: животот е континуирана журка, ти само зграби ладана кока кола и прај кретенско БРРРР..вртејќи мобилен за кобајаги 2 денари...:)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Ако сакаш некому навистина да му помогнеш,тогаш вработи го!
(само не во државната МЕГА администрација,како во Македонија)

Тоа е единственото,реално и оптимално решение за справување со сиромаштијата и намалување на социјалниот слој на граѓани,сето друго се само времени “ад-хок“ решенија,кој не носат речиси никакви резултати,а многупати се и парадоксални.Е сега некој ќе рече,па каде би ги вработила владата тие “армија“ од невработени луѓе?Не,владата не треба буквално да ги вработува луѓето,туку таа треба да им овозможи што повеќе услови за тоа.Сите власти досега имаа погрешен пристап кон оваа проблематика и затоа стигнавме до ова дереџе,скоро на секое семејство да треба да му се доделуваат средства за да се справат со енергетските суштински потреби,итоа во срцето на Европа.Наместо ова требаше владата да изнајде модалитет со кој ЕВН ќе им ја препродава струјата на граѓаните и на фирмите по реална светска цена,а не да ја злоупотребува својата монополска позиција и да им ја цица крвта на потрошувачите.Во услови кога ноќната произведена енергија на светските пазари се движи помеѓу 1-2 евроценти,ние треба кон ЕВН и државава да издвојуваме по 6-12 евроценти за истата таа електрична енергија.Нели мислите дека тоа е многу?
За справување со ваквите проблеми и за намалување на енергетската сиромаштија,владата на оваа земја треба да создава услови за инвестирање,за отварање на нови капацитети кој ќе бараат се повеќе вработени па така ќе ја намалуваат и социјалата,односно потребите на луѓето од социјална помош,да си ги платат сметките за струја и други суштествени потреби.Ова се постигнува со создавање услови,економски зони кој нема да бидат од типот на “ниви“ без вода,струја и пристапни патишта,градежно индустриско земјиште кое ќе биде ефтино или бесплатно за потенцијалните инвеститори да се стекнат со сопственост врз истото,да им се овозможи на сите фирми да ја плаќаат енергијата и водата по реални цени,а не по 10 до 30 пати повисоки,одколку што моноплските фирми ја набавуваат,да ги намали суштествените давачки за фирмарини,царините за машини и репроматеријали да ги сведе на нула и уште многу други работи.Само дали за тоа има навистина желби или само скриени потреби од лично профитирање на партијски поединци кој се менуваат на позиции што носат огромни лични профити,ако ова што го кажувам не го спроведат баш така како што го кажувам,итоа многупати и на овој форум????:toe:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
со 19000 ден. социјална помош ќе нема вработен во Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Ако сакаш некому навистина да му помогнеш,тогаш вработи го!
Интенција на владите е да помогнат со вработување, но вон државата. Заради тоа е главно борбата (покрај намалување на давачките при извоз, транспорт...) за визно ослободување и понатаму зачленување. Отвори вратите...нека крши глава народот надвор-нек се рани од други, пошто овде не се создаваат услови за вработување, односно намалување на невработеноста.

Дури и фирми кои се со капитал над 50% на државата (како Охис) отпуштаат работници, никако да примат, прошират, развијат...зошто барем тие фирми не застанат на нозе не знам.

Инаку...на темата...
Ако некој смета дека овие луѓе (кои полнеле буџет, полнеле фондови, помагале при тендери...) не се способни само затоа што немаат работа...:toe: Од 10-15 души еден двајца и ќе се снајдат...што мангупи, што со занает...а другите? :nenene: Никој не сака да јаде само маргарин и леб, секој сака пари, работа...ни тие не се исклучок. Кој осетил впрочем, знае. Кој не осетил...нека проба да се стави на нивно место и да бара работа (без врски, без, пријатели, партии, без пари да отвори нешто, така...со голи раце...тешко) и со тие пари да издржува семејство.
А со сопствен бизнис тие отпуштени работници...кој бизнис, што може допрва работник (од било која таква фирма) да отвори, трафика со весници и цигари, ...колкава е маржата,тешко на нив. Или со картонска кутија пред пазарче...гадно време мајката, го*арско гадно.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Од 10-15 души еден двајца и ќе се снајдат...што мангупи, што со занает...а другите?
Добро како опстојувал и преживеал народот иљадници години кога немаше ни социјално ни пензиско ни здравствено?!??
Одеднаш не се можело да се живее ако државата не ти даде пари???
Се е тоа изговор.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Добро како опстојувал и преживеал народот иљадници години кога немаше ни социјално ни пензиско ни здравствено?!??
Одеднаш не се можело да се живее ако државата не ти даде пари???
Се е тоа изговор.
Ваљда имало социјални и пензиски фондови за време на турско? :pos2:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Добро како опстојувал и преживеал народот иљадници години кога немаше ни социјално ни пензиско ни здравствено?!??
Лов, риболов и земјоделие, трговија во натура. Ама тие се други векови и други времиња денес е друг век и друго време.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Ваљда имало социјални и пензиски фондови за време на турско? :pos2:
Да а агите признавале и боловање од матичен, а рајата имала и годишен одмор од чифлиците на спахиите.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Да а агите признавале и боловање од матичен, а рајата имала и годишен одмор од чифлиците на спахиите.
Имало дури и gap year на секои 7 години за оние кои биле вработени како кодоши. Значи една година слободни, примајќи ја платата со цел да се запознаат себеси, да се дообразоваат и да се издигнат на поголемо културно ниво а бога ми и да се прошетат низ светот. Благодарение на тоа нашите револуционери се инспирирани.:pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Добро како опстојувал и преживеал народот иљадници години кога немаше ни социјално ни пензиско ни здравствено?!??
Одеднаш не се можело да се живее ако државата не ти даде пари???
Се е тоа изговор.
Различни системи, различен начин на живот и исхрана, морталитет...
Башка турчинот оставал нешто да преживее селанецот оти му треба и за утре да му сработи.
Меселе, носеле земјоделски производи...дрва на пазар, враќале храна, облека...сега не може со вреќа ориз или пипер да се оди во СП да се побара леб и млеко. Башка од ситното занаетчиство се живеело како така, нормално. Сега занаетчиите во старата чаршија се далеку од живуркање. Со сите оние модерни ташни, чевли па и секири, скари...кој купува од нив.

Сосем различни општествени услови. Како и сосем различни бројки за морталитет...од 7-8, 11 деца, преживувале 4-5, а од нив честопати млади оделе...пребрзо. Не еспорно дека оној кој е без работа може делумно да амортизира сиромаштијата ако има извесна површина за обработка, но тоа е сосем мал дел и не е возможно само со тоа да преживее без да се инволвира и стокова размена во овој процес.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
A бе и денес се бара пченка пченица млеко спанаќ сливи круши јаболка јајца телиња прасиња овци волна мед......
Едно семејство ваљда може за свои потреби да се исхрани со земјоделие. Малку компир, пченка, пченица, пиперки домати кромид, неколку кокошки една крава...

Али полесно е да се протестира пред влада отколку да се вратат на имотите на дедовци и прадедовци и живеат како што живееле нивните претци иљадници години
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
A бе и денес се бара пченка пченица млеко спанаќ сливи круши јаболка јајца телиња прасиња овци волна мед......
Едно семејство ваљда може за свои потреби да се исхрани со земјоделие. Малку компир, пченка, пченица, пиперки домати кромид, неколку кокошки една крава...

Али полесно е да се протестира пред влада отколку да се вратат на имотите на дедовци и прадедовци и живеат како што живееле нивните претци иљадници години
Let 3..ме изненадуваш...се заебаваш со сиромаштија или???? Ај погледај календар годината е 2009, не 1409..... :)
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Меркава е од шупливо во празно.
И да не звучам сурово, ама стварно морам се сложам со Летка околу дефинирањето на „социјално загрозениот“ слој во државичево. Не велам дека во последниве 18 години сме се искосиле да создадеме услови за вработување, не велам дека има многу грди судбини и тажни приказни, ама сепак тврдам дека сме мрзливи и пребирливи.
Кога барав женички (три комада пута просечна плата) за чување на болна мајка, попив милион корпи од социјално загрозени кои сметаа дека работата е тешка и напорна. Тоа не можам да го разберам. Не можам да ги разберам ни моите колеги од факултет кои 20 години чекаат вработување „во струката“.
По се’ изгледа дека многу малку од тие на кои ќе им се плаќа струја се навистина гладни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom