Кој е вашиот господ?

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
И пред Исус имало богви кои правеле чуда кои умрели и воскреснале кои велеле “јадете од моето тело и пијте од мојата крв да станете како мене“ кои крштевале, и кои ветувале награда за праведните и казна за непослушните.
И Исус не е прв кој тоа го рекол и пред него некој го изодувал тој пат.
Сите “божанства“ на незнабошците – пред и после отелотворувањето Христово во Исус - што имаат барем рунка мудрост или вистина, сите нивни пророци, мудреци, јоги, лами, шамани, ритуали ... упатуваат на Сèопфатната Суштина, Совршената Мудрост, Вечната Вистина , Која БОГ од Љубов кон сите луѓе и за нивно спасение, ја отелотвори во Исус!

Лет 3, ти самиот се пофали пред некој месец дека си знаел многу култури, писма, култови, ритуали, митови ...
Зарем е можно најважното да си го пропуштил?

Знај едно. Покрај тоа што се противиш на Совршената Вистина, јас те сакам и ти простувам во името Исусово!

„Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!


Го прочитав тоа твое "доживување"...
Единствениот БОГ му се смилувал и му дарил на своет сакано чедо “Cool Hand Luke“ да вкуси од Неговата Вечна Благодат (Христос), но наместо благодарност и послушност (за жал) Cool Hand Luke баш поради тој прекрасен дар, тоа прекрасно искуство, наместо со најголем респект да ги следи стапките на својот совршен брат, тој почнува (како и најголемиот дел од останатите што незаслужно ја вкусиле Благодатта БОЖЈА) да се занесува и воздигнува!

Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе. Таа нè учи да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век, да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, (во) нашиот (Господ) Исус Христос Кој се даде самиот Себе за (сите) нас, за да нè избави од секакво беззаконие и да нè очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Сите “божанства“ на незнабошците – пред и после отелотворувањето Христово во Исус - што имаат барем рунка мудрост или вистина, сите нивни пророци, мудреци, јоги, лами, шамани, ритуали ... упатуваат на Сèопфатната Суштина, Совршената Мудрост, Вечната Вистина , Која БОГ од Љубов кон сите луѓе и за нивно спасение, ја отелотвори во Исус!

Лет 3, ти самиот се пофали пред некој месец дека си знаел многу култури, писма, култови, ритуали, митови ...
Зарем е можно најважното да си го пропуштил?

Знај едно. Покрај тоа што се противиш на Совршената Вистина, јас те сакам и ти простувам во името Исусово!
Ајо некој ПРЕД Исус проповедал се родил од девица умрел и воскреснал, ако некој ПРЕД Исус велел да се сака ближниот свој, ако некој ПРЕД Исус велел “Кој јаде од моето тело и пие од мојата крв тој ќе биде спасен“ значи дека Исус само повторувал некои ВЕЌЕ КАЖАНИ, НАПРАВЕНИ СТОРЕНИ РАБОТИ.

Тој е понављач.
Не е оригинален.
Римејк.

А немаш ти овластување да проштаваш во нечие име.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Го прочитав тоа твое "доживување".
Целта не е важна каква е тоа си зависи од човековата свест(дали е развиена или не е),резултатот ти е разочарувачки.Ти си доживеал нешто што на индиски се вика унмани аваста.Каде што си се ослободил од мислите и размислувањата на мозокот.Тоа е само почеток на разбудувањето,ти не си требал да се распрашуваш што е тоа туку константно тоа чуство што си го имал(дека си едно со Господ) да го зачуваш во твоето срце.Но ти си се сомневал и си баталил све.Господ не се разочарал и не завршил со тебе,тој не ни почнал со тебе,ти сам си почнал но не си завршил.:mist::)
Тоа што го постигнав беше единствено, одвреме навреме ми се враќа тоа чувство на свесност но за многу кратко. Може не требаше да барам ништо или веднаш на лице место да барам некое натприродно чудо. Но тогаш имав и мотив зошто го направив тоа до крај, бев заљубен. Се за жена!


На каде и да тргне човекот по духовниот пат, треба да знае, дека некој пред него веќе го “идол“ тој пат!

Сакајќи или несакајќи, свестно или несвестно, човекот следи некого но егото не му дозволува да го види и признае тоа!

Јас пак сум потполно уверен дека никој не го идол патот и не го жртвувал својот индивидуален и колективен егоизам така совршено искрено и чисто како што тоа го стори Вечната Милост, Вечната Мудрост БОЖЈА, Кој БОГ - за спасение на сите - ја отелотвори во Исус. Поради тоа и тврдам дека Таа/Тој е СОВРШЕНИОТ ИДОЛ - поставен и оставен од БОГА - кој треба да се следи!

Кој не Го следи Него, следи други идоли кои не се вистински совршени!

Простими што вака директно ... :smir:
Ма уживај де, доста се женираме овака. Само ти реков, треба да си помогнеме самите за да може Бог да ни помогне. А да го копирам Исус буквално не можам. Имам проблеми какви што претпоставувам дека него не го мачеле исти такви.

Единствениот БОГ му се смилувал и му дарил на своет сакано чедо “Cool Hand Luke“ да вкуси од Неговата Вечна Благодат (Христос), но наместо благодарност и послушност (за жал) Cool Hand Luke баш поради тој прекрасен дар, тоа прекрасно искуство, наместо со најголем респект да ги следи стапките на својот совршен брат, тој почнува (како и најголемиот дел од останатите што незаслужно ја вкусиле Благодатта БОЖЈА) да се занесува и воздигнува!
Можно е Спирос. После тоа искуство станав многу подобар човек, но и многу понемирен. Од една страна станав многу посочувствителен со сите, а од друга како многу да ми се разбудија и животинските сетила. Што би рекол во стил на Еди Марфи, - човече, ми се дига и на ветар, а камоли на жена. :) Ѓаволот ќе да е, гледа од кај иде опасноста па напаѓа. А може и Господ го праќа како кај Јов од Библијата. Сега ми кажува да побарам од Господ не лото туку телекинетичка моќ на лице место кога пак ќе ја достигнам таа состојба на свест. Тоа и ќе го направам. :)
Само после моите лични искуства би рекол дека Бог не е баш свесен за себеси онака како што ние мислиме. Дали воопшто е свесен е прашањето? А може да е и многу надсвесен па едвај ме приметил. :)
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Ајо некој ПРЕД Исус проповедал се родил од девица ....
Како што ти пишав погоре, сите пророци, знаци, чуда, “богови“ “божанства“, ... само укажуваат на СОВРШЕНОСТА, а Он (Исус Христос) е отелотворението на Сёдржателната Суштина! Он е чистата ВИСТИНА!

Секој камен - што бил пред Неговото отелотворување и е после Вознесението - секое дрво, секој цвет ... сиот видлив и невидлив свет, сведочи и упатува на Мудроста БОЖЈА, Која БОГ ја отелотвори во Исус!

Секој атом, атомска информација и атомска енергија, сведочи за ВИСТНАТА!

Набрзо секој ќе ја види ВИСТИНАТА - дури и тие што Ја прободеа на крст - и никој повеќе нема да му падне на памет да се сомнева или да прави глупости или на пример ова ти што правиш!


Просто да тие во Името Исусово!

Можно е ...А може да е и многу надсвесен па едвај ме приметил. :)
Не само да те приметил Отецот Небесен, туку и зеницата на Неговото око е вперена во секое Негово Чедо, што искрено ја бара Слободата преку Милоста!

Држи се за Неа во Христа и не бери гајле!

Поздрав

п.с. Сите ние паѓаме во искушенија од видот кој што го пиша ти или слични на ними, но за среќа има и еден ефикасен лек против ними.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
каде е вашата вера без вашите дела а јас ќе ви ја кажам мојата вера преку моите дела!
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
каде е вашата вера без вашите дела а јас ќе ви ја кажам мојата вера преку моите дела!

Има верници што многу помалку веруваат од што се праат
А неверници што повеќе одколку што самите знаат!

Како е прекрасна ВИСТИНАТА, а?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Како што ти пишав погоре, сите пророци, знаци, чуда, “богови“ “божанства“, ... само укажуваат на СОВРШЕНОСТА, а Он (Исус Христос) е отелотворението на Сёдржателната Суштина! Он е чистата ВИСТИНА!
ПРЕД Исус се раѓаа чудесно синови божји и богови исто како него, правеа чуда како Исус, зборуваа работи како Исус, воскреснуваа како Исус....

Исус само ПОВТОРУВАШЕ зборови и дела кои ПРЕД НЕГО ги кажаа и направија други.

Како сега да направиш група и ги свириш песните на Битлси.
Не е тоа тоа. Не е оригинално, единствено совршено......
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
ПРЕД Исус се ...
Во Исус, БОГ ја отелотвори Својата Совршена Мудрост, Која е ем пред сё, ем е вистинскиот текстописец, ем Headliner!

Сите други актери пред Него се само предиграчи за загреавање т.н. Supporting Acter или Opening Acter, кои се служат со Негов текст, Негова бина, Негова публика !

Размисли пред да напишеш реплика.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Во Исус, БОГ ја отелотвори Својата Совршена Мудрост, Која е ем пред сё, ем е вистинскиот текстописец, ем Headliner!

Сите други актери пред Него се само предиграчи за загреавање т.н. Supporting Acter или Opening Acter, кои се служат со Негов текст, Негова бина, Негова публика !

Размисли пред да напишеш реплика.
Кој предиграчи кога ги кажаа главните работи !

Се родија чудесно ПРЕД Исуса

Ги постиле како бебиња пастири (кракллеви) ПРЕД Исуса

Правел чуда ПРЕД Исуса

Проповедале ПРЕД Исуса (и за доброчинство и за телото и крвта и за божијот суд иказнување на неправедните)

Умреле и воскреснале ПРЕД Исуса

Ај сега со што тоа Исус заслужи да биди посебен или “совршен“?
Оти се родил чудесно ? пих го видовме веќ тоа, оти правел чуда ? И тоа го видовме, Оти проповедал веќе проповедани работи??? оти воскреснал ? и то се имаше случено пред него.
Значи исус е само еден во низата на огови кои ги карактеризира чуд во раѓање, чуда ви живот проповеди смрт и воскреснување.
Ништо посебно
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Зошто никој не е како оригиналот, како Мудроста на Царот Кој доброволно се роди и појави на местото на злосторот, за секој да ја дознае Совршената Љубов за Господарот над времето и просторот!

Денот доаѓа лет 3, никој повеќе нема да се сомнева во Вистината!

Стрпление - Спасение!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.079
Поени од реакции
80.991
ПРЕД Исус се раѓаа чудесно синови божји и богови исто како него, правеа чуда како Исус, зборуваа работи како Исус, воскреснуваа како Исус....

Исус само ПОВТОРУВАШЕ зборови и дела кои ПРЕД НЕГО ги кажаа и направија други.

Како сега да направиш група и ги свириш песните на Битлси.
Не е тоа тоа. Не е оригинално, единствено совршено......
Не.

Сите тие настани биле патоказ, најава за отелотворувањето на Бог.
Отелотворувањето се случува еднаш.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Сите тие настани биле патоказ, најава за отелотворувањето на Бог.
Отелотворувањето се случува еднаш.
Најава за Вечната Спасителна Милост БОЖЈА, Мудрост БОЖЈА, Волја БОЖЈА, Која БОГ - еднаш за секогаш - ја отелотвори во Господ Исус Христос!

Оној Прачист Исус Христос Кој себеси се даде за најголемите грешници, браколомци, убијци, ... и се друго што заслужува смрт бидејќи води во безкрајниот ѓаволски затворен круг, од кого само Вечната Милоста БОЖЈА (Христос) може да спаси!

АМИН
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Совршената божја милост се излеа во вид на дожд од небото и се разлеа по земјата. Примивши ја таа милост Мајката на Заратутра зачна и го роди Заратустра далеку пред Исус кој се обиде да го имитира но не успеа. Три дена пред да се породи куќата а и целото село блескаше со таков сјај што луѓето мислеа дека е пожар. Совршениот и единственио милозлив Заратустра се роди со осмех на лицето и блескаше со сјај како знак на неговата боженственост, тој веднаш помина низ искушенијата кои сите ги победи со својата СОВРШЕНА ВИСТИНА И МИЛОСТ со ЗНАЕЊА и МОЌ БОЖЕНСТВЕНА тој ги победи четрите искушенија и смртта (беше фрлен во оган, беше фрлен на волците...)
Ахура Мазда првиот и последниот добриот и свет, објавува дека човекот е слободен да направи избор меѓу доброто и злото, многу пред Мојсеје Заратустра бара од верниците да не се обожава бикот и 1000 години пред Исуса најавува конечен страшен божји суд на кој ќе бидат наградени праведните а казнети злите,

Заратустра светеше што е сигурен знак дека е бог. 1000 години по Заратустра Исус се обиде да го имитира но тој беше само пророк на кој Ахура Мазда му ги кажуваше зборовите кој тој ги проповедаше но немаше боженствени одлики.
Само Заратустра СОВРШЕНАТА ВИСТИНА ВО КОЈА СЕ ОТЕЛОТВОРИ БОЖЕНСТВЕНАТА МИСЛА е оригинален. Се после него се копии и имитатори зато што ни еден од нив не светеше.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
и Лет3 кој е твојот Господ?!
Заратустра..дуализмот на доброто и злото?Зевс,Алах,Јехова..Тито...Бидиков..Мики1..
Членот на Раководството...аман изјасни се?!
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Совршената божја милост ...
Дали сите тие “божанства“ се предадоја себеси за целиот свет (дури и за оние кои тврдоглаво се противат на Совршената Вистина) и во потполна понизност Му дадоја на Невидливиот повеќе Слава одколку на Совршената Инкарнација? :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom